verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Илјадници евра истресени од ракав!

на 9. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра]

  Ова е уште еден од низата текстови што неуморно се обидуваат да ја дискредитираат специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која е една од најважните алки во процесот за расчистување на најголемата криза во која се наоѓа Македонија по конфликтот во 2001 година. Линк до оригиналниот напис: Специјалната обвинителка со семеен буџет тежок илјадници евра Датум и време на објавување: 05.01.2016, 11:11 Датум на рецензирање: 08.01.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ПРОЦЕНКИ ОД ОКО

Најновиот напад е дека „семејниот буџет на обвинителката тежи илјадници евра“, а освен претпоставката за платата на Јанева, нема ниту еден друг податок дека буџетот на нејзиното семејство достигнува толква сума. Самиот збор „илјадници“, пак, не е конкретен

Фејсбук-статус и вест, не е исто

на 30. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Игор, јави се, чекам дете од тебе – статус на Facebook кој стана хит]

  Текстот е фејсбук-статус кој не содржи корисна информација за јавноста. Ниту информира, ниту едуцира. Во никој случај не станува збор за вест што може да биде објавена во еден медиум. Линк до оригиналниот напис: Игор, јави се, чекам дете од тебе – статус на Facebook кој стана хит Датум и време на објавување: 16.12.2015, 10:24 Датум на рецензирање: 30.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

ПРИКЗАНА ЗА ПОВЕЌЕ КЛИКНУВАЊА

Непознато е дали е побарана и добиена дозвола да се пренесе личен, приватен статус од социјална мрежа. Дури и ако целта била да ѝ се помогне на девојката да го пронајде момчето, текстот не одговара на едно

Објективноста и медиумите: Цела недела молк за „противничката“ партија

на 18. 12. 2015 | |
 

Колку е длабока политизацијата на медиумите во Македонија покажува и оваа наша мала анализа. Има медиуми кои се подготвени и по цела недела да не објават ни збор за активностите или да не пренесат ниедно сооопштение или изјава на претставници од партијата што не ја „мирисаат“.

  Пишува: Симона Атанасова   Медиумите треба да известуваат точно, јасно и непристрасно, да ги опфатат сите засегнати страни и да не бидат

Ширењето празноверие е спротивно на новинарската етика

на 16. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Полна месечина ќе се појави на Божиќ: Ако сакате пари, изговорете ја реченицава!]

  Текстот е полн со празноверие, суеверност, бабини деветини, а во него отсуствуваат факти, изјави и потврдени податоци. Напишаното не влегува во ниту еден новинарски жанр, не нуди новост ниту, пак, проверена информација, а најмалку од сè има едукативна содржина. Линк до оригиналниот напис: Полна месечина ќе се појави на Божиќ: Ако сакате пари, изговорете ја реченицава! Датум и време на објавување: 14.12.2015, 13:03 Датум на рецензирање: 15.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова  

БАБИНИ ДЕВЕТИНИ

Текстот му предлага на читателот да направи ритуал за привлекување пари, кој не е ништо друго туку чисто празноверие и нема никаква потврда дека тој фукнционира. Во текстот се вели и дека

Текстот мора прецизно да одговори каде се случил настанот

на 12. 12. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми]

  Уште во самиот наслов на текстот, новинарот се обидува да го изманипулира читателот да ја кликне веста и да го отвори текстот, наведувајќи го на мислење дека убиството се случило во Македонија. Тоа не е професионален пристап. Точно се знае дека новинарот мора да информира точно и прецизно да го лоцира местото и времето на настанот. Линк до оригиналниот напис: Детали за убиството во Центар: Убиецот испукал 15 куршуми Датум и време на објавување: 09.12.2015 Датум на рецензирање: 11.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова Насловот информира за некакво убиство што се случило во Центар, но не е прецизирано дека станува збор за центарот на Белград, што го наведува читателот да

Како од полувистина се добива невистинит текст

на 9. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: Предлозите на СДСМ за медиуми нема да донесат слободно новинарство]

  Текстот е манипулативен, коментаторски, без реални информации и без изјави од експертите, кои се спомнуваат дури и во наднасловот. Напишаното го наведува читателот да оформи мислење дека опозицијата е против медиумите и новинарите, без притоа да му даде аргуметни за тоа. Линк до оригиналниот напис: Предлозите на СДСМ за медиуми нема да донесат слободно новинарство Датум и време на објавување: 06.12.2015, 20:08 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова Текстот почнува со вовед во кој се вели дека со предлозите на СДСМ ќе се спроведе комплетна цензура во македонските медиуми, а дека за тоа експертите, новинарите и граѓанскиот сектор биле со единствен став. Оваа констатација е чисто

Претплатете се за најнови вести