verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулативна и навредлива објава

on 20 - 07 - 2016       

zurnal

[Тепачки, закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ]

 

Измислици, шпекулации, коментари и навреди се елементите што го сочинуват овој напис. Без ниту еден доказ и потврда од која било засегната страна, во текстот се набројуваат еден куп новинари кои, наводно, биле на список за главен уредник на јавниот радиодифузен сервис, а притоа им се лепат разни епитети за нивна дискредитација.

Тепачки закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ zurnal.netЛинк до оригиналниот напис: Тепачки, закани и кавги меѓу СДСМ и СОРОС – Ова е нивниот список за уредник на МРТВ

Датум и време на објавување: 14.07.2016, 07:34

Датум на рецензирање: 19.07.2015

Рецензент: Симона Атанасова

 

А ДОКАЗИ ЗА ОБВИНУВАЊАТА?

„Она што досега е договорено е одговорниот уредник во Јавниот сервис да доаѓа по предлог на опозицијата, што според информациите до кои ние дојдовме веќе почнало да предизвикува превирање во редовите на соросоидите и опозициските полтрони, кои слично на случајот при бирањето на специјален обвинител за малку ќе се испотепаа меѓусебно“.

Текстот е „посиромашен“ за каква било потврда за напишаното. Нема никаков податок од каде е добиена информацијата до која „волшебно“ дошла редакцијата, особено до сознанието дека имало преврирања во редот на новинарите кои во објавата навредливо и без докази се нарекуваат „соросоиди и полтрони“.

Од нигде-никаде, написот неосновано тврди дека истите новинари за малку ќе се испотепале меѓусебно при бирањето специјален обвинител, а тоа не го поткрепува со факти.

Потоа во текстот се набројуваат неколку новинари, кои, според напишаното, наводно, се наоѓаат на списокот на опозцијата. За секое од имињата има низа образложенија – непоткрепени со факти, зошто и по која основа тие биле предложени од опозцијата. Но, евидентен е недостигот од изјава од која било од личностите набројани во написот кои би можеле да го потврдат или демантираат напишаното. Не е побаран ни став од опозицискиот СДСМ, дали навистина го предложила овој список со новинари за главен уредник на јавниот сервис.

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Освен тоа, во текстот пишува дека еден од кандидатите за уредник на МРТВ била Катерина Блажевска, за која написот тврди дека била вработена како портпарол на Општина Центар, односно на градоначаникот Андреј Жерновски. Ова е целосно неточна информација затоа што портпарол на Жерновски е Катерина Цаневска-Арсовска, а не Катерина Блажевска.

„Како што дознаваме, откако Заев, односно Шеќеринска го доставиле списокот со предложени имиња на кандидати за Уредници на информативнот сервис во МРТВ, меѓу овие две групации, Соросоиди и СДСМ-овци се случил вистински судир, со силни навреди, расправии па дури и закани за физички пресметки“.

Без потврда од ниту еден од најбројаните новинари, написот на големо шпекулира, па дури можеби и измислува дека помеѓу двете групи имало „вистински судир, силни навреди, расправии па дури и закани за физички пресметки“.

Насловот, пак, пишуван во сензационалистички манир, намерно го става зборот „тепачки“ на прво место, измамувајќи ја јавноста дека во текстот навистина ќе прочита за некоја тепачка што реално се случила, иако таквата ситуација е далеку од вистината.

Оваа објава, која воопшто не може да се категоризира во професионални новинарски написи, прекршува низа членови од Кодексот на новинари,  вклучувајќи ја и преамбулата во која се сугерира дека:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести