verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сензационализам што го гази достоинството на загинатите

on 19 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Reporter za soobrakajkata kaj Gostivar

 

[Рецензија: Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата]

 

Текстот што е предмет на рецензија пишува за сообраќајната несреќа што во саботата приквечер се случи на патот Гостивар – Кичево, во која животот го загубија тројца патници, чиј идентитет во текстот е откриен. Станува збор за граѓани на Кичево, кои не се јавни личности и нивните имиња и презимиња не требало да бидат објавени.

Според членот 8 од Кодексот на новинарите на Македонија, „начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми“. Овој текст уште во самиот наслов, „Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата“, содржи елементи на сензационализам, кои произлегуваат од трагедијата на едно семејство.

 

KicevoЛинк до оригиналниот напис: Кичево во шок, две деца останаа без мајка – Сведоштва за трагедијата

Датум и време на објавување: 18.07.2016

Датум на рецензирање: 19.07.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

Во написот се споменуваат имињата и презимињата на починатите во несреќата, а според објаснувањата за погоре цитираниот член од Кодексот на новинарите кои се изнесени на 19. страница од прирачникот „Етиката во новинарството“, „кога се известува за несреќи, криминал или акција на полицијата, медиумите генерално треба да се воздржат од објавување имиња, фотографии или други податоци кои би овозможиле идентификување на жртвите и на извршителите. Децата и младите луѓе уживаат посебна заштита. Воопшто не е потребно да се идентификува жртвата за да ја разберат читателите подобро незгодата или криминалот. Исклучоци се можни само доколку лицето е славно или ако настанот го следат посебни околности.“

„28-годишната Александра Срезоска, мајка на две деца, кои за среќа во мигот на несреќата не биле во возилото почина во болница, додека сопружниците Ратка (56) и Ѓорге Срезоски (61), свекрва и свекор на загинатата Александра, за жал починале на лице место“.

До некаде е оправдано објавувањето на професијата на една од жртвите, бидејќи граѓаните ги користеле нејзините услуги, но она на што требало да се внимава е откривање на идентитетот. Магистерот по комуникации Елена Стојановска во својата анализа „Баланс помеѓу правото на приватност и правото на информираност“, во делот Основни принципи за правилно објавување на лични податоци и информации за приватниот живот, вели правилно е објавување на иницијали наместо име и презиме на лицата кои се жртви на несреќи или лица против кои се води судска или управна постапка.

„Педесет и шестгодишната Ратка држела и фризерница во градот, која била популарна меѓу кичевчанки“.

Текстот што е предмет на рецензија не ја штити приватноста на семејството кое доживеа несреќа и изгуби тројца членови. Истиот е проследен со коментари кои на материјалот исто така му даваат една „емотивна“ димензија, која повторно не е во прилог на задоволување на јавниот интерес, туку е своевиден сензационализам.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

нема извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести