verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Чаршиски муабет!

on 20 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Доказ.Мк Ивонче милионче извисила- не_ - http___www.dokaz.mk_ivonche-milion

[Рецензија: Ивонче милионче извисила- непожелна за уредник на Дневник ?!]

 

Материјалот што го рецензираме е шпекулативен и коментаторски, не е поткрепен со никакви факти или изјави, поради што повеќе наликува на чаршиски муабет, отколку на новинарски производ.

Доказ.Мк Ивонче милионче извисила непожелна за уредник на ДневникЛинк до оригиналниот напис: Ивонче милионче извисила- непожелна за уредник на Дневник ?! 

Датум и време на објавување: 17.07. 2016

Датум на рецензирање: 19. 07. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ОЗБОРУВАЊЕ

Самиот наслов навестува дека текстот ќе биде етикетирачки и коментаторски. Во ниту еден дел од оваа објава не се наведува изворот на наводната информација, поради што се доведува во прашање нејзината вистинитост.

Написот повеќе наликува на озборување. Во него нема никаква потврда на изнесените тврдења, не се побарани изјави ниту од Ивона Талевска, ниту од МПМ и од „Дневник“, ниту пак, од газдите на „Вечер“ и на „Сител“ , кои, исто така, се споменуваат во текстот.

Според својата форма, веројатно би требало да биде класична вест, но во неа освен коментари и шпекулации, нема  факти со кои ќе се поткрепи паушалната информација што се пласира како стопроцентна вистина. Тоа може најдобро да се забележи од следните реченици:

„Владеачката партија чија ударна новнарска тупаница со години и се дуото Ивонче и Лаки, пред извесно време испланирала весникот Дневник да го “појача“ односно на челната позиција предизборно да ја смести Ивонче. Ваквата идеа наишла на нож на менаџментот и газдите на МПМ кој изричито несакале да чујат Ивона да биде на нивниот платен список па дури и главен уредник“.

 

БЕЗ ПРОФЕСИОНАЛНА ДИСТАНЦА

Написот е полн со печатни грешки и има несоодветна интерпункција. Исто така, во согласност со новинарските стандарди за пишување, личностите што се споменуваат во еден текст се наведуваат со име и презиме или само по презиме, дури и кога станува збор за личности кои ни се блиски во приватниот живот. На тој начин се прави професионална дистанца. Во конкретниот случај, користењето само на името има цел да омаловажи и да се подбива со споменатите личности.

Текстот е така напишан и пласиран што со него се прекршени повеќе членови од Кодексот на новинарите, меѓу кои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)

 

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити.(Член 4)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.  (Член 13)

 

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (Член 15)

 

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги.(Член 16)


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести