verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Добро истражен и јасно визуелизиран прилог

на 21. 11. 2016 | |

[Рецензија: Колку „тежи“ заменик-министерот за наворешни работи?]

  Прилогот е изработен професионално, поткрепен е со изјави, релеавнтни бројки и со конкретни факти. Новинарот ги контактирал засегантите страни и се држел до сигурните факти без притоа да заземе коментаторски пристап. Изнесените податоци и дилемите што произлегуваат од нив, се визуелно реализирани, односно буквално нацртани на интересен начин кој истовремено е и јасен за публиката. Сторијата е направена максимално професионално и е поткрепена со документи што ѝ даваат поголема тежина и ја прават веродостојна. Линк до оригиналниот напис: Колку „тежи“ заменик министерот за наворешни работи? Датум и време на објавување: 14.11.2016 Датум на рецензирање: 18.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

УБАВО СРАБОТЕНА ВИДЕОСТОРИЈА

Новинарот извршил целосна и темелна анализа на анкетните листови

Извртување тези и манипулација со изјави

на 14. 11. 2016 | |

[Рецензија: Едно тресе Рада, друго лупа Црпко: Во СДСМ шокирани од поразот на Клинтон меѓусебно се демантираат]

  Недоличен  речник за комуникација со јавноста и извртување тези се главните одлики на овој текст. Написот свесно манипулира со изјавата на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, дадена по повод резултатите од претседателските избори во САД. Линк до оригиналниот напис: Едно тресе Рада, друго лупа Црпко: Во СДСМ шокирани од поразот на Клинтон меѓусебно се демантираат Датум и време на објавување: 09.11.2016, 20:45 Датум на рецензирање: 11.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

НЕТОЧНА КОНСТАТАЦИЈА

„Заменичката на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, со цел да го мотивира разлутеното членство, се служи со пример на изборите во САД и прави споредба со претстојните избори во Македонија.

Фотографија на „Фејсбук“ злоупотребена за оцрнување

на 10. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО)]

  Тенденциозен и коментаторски текст кој има цел да го дискредитира заменик-министерот за земјоделство од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски, и јавноста да оформи негативен став за него. Ова е еден од написите објавени во медиумите наклонети на владејачката партија, во кои се спроведува негативна кампања за кандидатските пратенички листи на СДСМ (предложени на партискиот конгрес на 6 ноември 2016 г.), особено за носителите на листите. Линк до оригиналниот напис: Наместо на терен, Николовски од СДСМ тера кампања по кафеани (ФОТО) Датум и време на објавување: 06.11.2016, 22:44 Датум на рецензирање: 10.11.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

„КРУНСКИ ДОКАЗ“

Како предмет на оваа анализа имаме материјал кој е

Удри по СДСМ макар и со тоалетна хартија!

на 7. 11. 2016 | | sq

[Рецензија: ЌЕ СЕ ПО**РАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ: СДСМ Кратово најспремни за избори – набавиле цел куп тоалетна хартија и салфети]

  Недоличен коментаторски текст, полн со шпекулации, кој еднострано напаѓа и дискредитира една политичка партија. Згора на сè, се става во улога на предвидувач на крајниот исход на изборите. Линк до оригиналниот напис: ЌЕ СЕ П**ЕРАТ И ЌЕ ПЛАЧАТ: СДСМ Кратово најспремни за избори – набавиле цел куп тоалетна хартија и салфети Датум и време на објавување: о2.11.2016, 20:13 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Симона Атанасова    

МАНИПУЛАТИВНА И НАВРЕДЛИВА ОБЈАВА

Манипулацијата, едностраноста и сензационализмот се главните одлики на овој текст, кој повеќепати ги прекршува принципите пропишани во Кодексот на новинари, особено членот 15, кој вели дека „новинарот мора

Катица Јанева направила грев и отишла на викенд во Грција!?

на 31. 10. 2016 | | sq

 

[Рецензија: КАТИЦА ВО ГРЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВМРО: Кате Јанева на прошетка во Грција си го разбиструва умот и размислува кој внук следен да го вработи!]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е конструиран врз шпекулации и во него се тврди дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за празникот, по повод 23 Октомври, била на прошетка во Грција. Станува збор за едностран, коментаторски и тенденциозен напис, кој ни малку не ги исполнува основните стандарди во новинарството.   Линк до оригиналниот напис: КАТИЦА ВО ГРЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВМРО: Кате Јанева на прошетка во Грција си го разбиструва умот и размислува кој внук следен да го вработи! Датум и време на објавување: 25.10.2016 Датум на рецензирање: 30.10.2016 Рецензент: Симона

„Трендови“ на коментаторски пофалби

на 21. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: Отчетноста, сидро на ВМРО ДПМНЕ]

  Пропагандистички текст објавен како директна поддршка на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, еден ден пред одржувањето на нивниот народен собир. Напис кој покажува целосна наклонетост кон еден политички субјект за мобилизација на гласачкото тело.   Линк до оригиналниот напис: ОТЧЕТНОСТА, СИДРО НА ВМРО ДПМНЕ
Датум и време на објавување: 15.10.2016, 07:29
Датум на рецензирање: 21.10.2016
Рецензент: Симона Атанасова   МАСКИРАН КОМЕНТАР Текстот е полн со коментаторски забелешки, непотврдени констатации и со неосновани пофалби. Напишаното ја манипулира јавноста затоа што не е соодветно визуелно одвоено од другите вести. Иако е коментаторски текст, не се наоѓа во категорија „Коментари“ или „Уреднички коментар“, туку е во категоријата за вести од Македонија. „ВМРО ДПМНЕ одново промовира трендови во водењето

Шекеринска е добра пријателка со секој со кој се слика!

на 17. 10. 2016 | |

[Рецензија: ФАТЕН ДРУГАРОТ-РАЗБОЈНИК НА ШЕЌЕРИНСКА: „Алфите“ во акција го уапсиле разбојникот и другар на Радмила Шеќеринска!]

  Текстот е полн со  шпекулации, коментари, лажни информации и намерно меша различни настани, при што ја манипулира јавноста да оформи негативно мислење за заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска. Написот категорично тврди, иако без докази, дека Шекеринска, наводно, е добра пријателка со разбојник кој извршил грабеж во скопски Хром. Линк до оригиналниот напис: ФАТЕН ДРУГАРОТ-РАЗБОЈНИК НА ШЕЌЕРИНСКА: „Алфите“ во акција го уапсиле разбојникот и другар на Радмила Шеќеринска! Датум и време на објавување: 11.10.2016 Датум на рецензирање: 17.10.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

И ПОЛИЦАЕЦ И СУДИЈА

„Сторителот бил Ѓорѓи Филиповски инаку познат на полицијата по голем број на кривични дела, наркозависник и член

Пиши „лековит крст во џамија“ и собирај кликнувања!

на 10. 10. 2016 | |

[Рецензија: Се појави крст во џамија: Силната светлина излекува болни луѓе]

  Збунувачки текст без релевантен извор, кој е само преземен и преведен од српски медиум, без притоа да се проверат информациите што ги нуди. Напис објавен само да собира кликнувања. Линк до оригиналниот напис: Се појави крст во џамија: Силната светлина излекува болни луѓе Датум и време на објавување: 06.10.2016, 11:23 Датум на рецензирање: 10.10.2016 Рецензент: Симона Атанасова    

ЛЕКОВИТ КРСТ!

„Во една од џамиите во Насарава се покажа крст што стотина од присутните верници останаа во шок, а многу од нив тоа го сметаа за чудо.
Главниот имам на џамијта потврдил дека е виден крст во џамијата и го нарече тоа „знак од Бога“.“ Написот не дава

Поддршка за Богоевски и притисок врз судот, не е исто!

на 7. 10. 2016 | | sq

 [Рецензија: СДСМ СО ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДОТ: Нивните платеници можат да демолираат каде сакаат, а да не одговараат]

  Во текстот што е предмет на оваа анализа се извртуваат фактите за да се манипулира јавното мислење во пропагандни цели. Написот тврди дека опозициските активисти вршеле притисок врз судските институции кога нивни лица треба да одговараат пред органите за сторените дела, што е апсолутно неточно. Линк до оригиналниот напис: СДСМ СО ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДОТ: Нивните платеници можат да демолираат каде сакаат, а да не одговараат Датум и време на објавување: 05.10.2016 Датум на рецензирање: 06.10.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕИЗДРЖАНИ ОБВИНУВАЊА

„Опозициските активисти и симпатизери очигледно може да палат и ограбуваат, а не смее да одговараат пред законите. При насилните протести на

Недоличен и омаловажувачки текст

на 3. 10. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Опозицискиот палјачо Шилегов ја брани неспособната Катица со хаику поезија]

  Текстот што е предмет на оваа анализа е чисто коментаторски, тенденциозен, навредлив и дава констатации кои никако не може да ги потврди со факти. Во овој материјал, пишуван во недоличен тон,   портпаролот на опозицискиот СДСМ, Петре Шилегов, се нарекува „палјачо“. Без разлика колку некој не се согласува со одредени постапки, однесувања, мислења и дела на Шилегов, во еден текст  никако не смее да се дозволи употреба на таков навредлив речник. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Опозицискиот палјачо Шилегов ја брани неспособната Катица со хаику поезија Датум и време на објавување: 29.09.2016, 18:28 Датум на рецензирање: 02.10.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ТЕНДЕНЦИОЗЕН И НАВРЕДЛИВ ТОН

Текстот

Претплатете се за најнови вести