verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст за дијагноза!

on 6 - 07 - 2016       

infomax

[Рецензија: (Вознемирувачко видео) ЉУМИ СЕ МРДНА ОД УМОТ: Тешка шизофренија, длабока растроеност и психоза!]

 

Навредлива, дискриминирачка објава полна со неточни еднострани заклучоци кои се користат за да се омаловажи една личност.

Истурени се куп навредливи зборови, искажани на лична основа. Манирот во кој е конструиран и пласиран овој материјал остава впечаток дека постои лична нетрпеливост, па дури и омраза кон личноста што ја напаѓа со сета сила.

-Вознемирувачко видео ЉУМИ СЕ МРДНА ОД УМОТ Тешка шизофренија длабока растроеност и психоза iNFOMAX.mkЛинк до оригиналниот напис: (Вознемирувачко видео) ЉУМИ СЕ МРДНА ОД УМОТ: Тешка шизофренија, длабока растроеност и психоза!

Датум и време на објавување: 01.07.2016

Датум на рецензирање: 05.07.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

НАВРЕДЛИВА И ДИКРИМИНИРАЧКА ОБЈАВА

Освен навредите, во текстот се изнасуваат и тврдења за кои не е понудена никаква потврда. Се вели дека активистот Љуми Бекири е платеник на СДСМ, дека протестот на „Студентски пленум“ бил организирани од СДСМ, но на јавноста не ѝ е понуден ниту еден доказ за да биде убедена дека напишаното е вистина.

Иако целиот текст е конструиран од видеоснимка која е направена на протестот на „Студентски пленум“, нема ниту една единствена реченица што ќе објасни зошто студентите од „Студентски пленум“ протестираа пред Студентскиот парламент ниту, пак, за контроверзиите што го проследија изборот и гласањето на претседател на Студентскиот парламент.

„Изразуваме длабоко сочувство до семејството и пријателите, и го повикуваме министерот за здравство, како и министерот за труд и социјална политика, навремено да се потрудат да го згрижат ова растроено лице во соодветна институција, да му се обезбеди соодветна терапија, а до граѓанскиот сектор повикуваме да се организира хуманитарна акција за собирање на средства за негово лекување“.

Овој дел од текстот содржи нешто што ниту еден новинарски текст не смее да го содржи! Написот се става во улога на лекар, па си дозволува да дава медицинска дијагноза – растројство, апелира на згрижување на лицето во институција и советува терапија. Ова е напишано на навредлив начин и ваквите заклучоци се донесени без никаква консултација ниту потврда од медицинско лице, туку се напишани само и единствено за омаловажување.

И сите овие навредливи квалификации се дадени единствено врз основа на еден видеозапис од шест секунди, на кој се гледа само како Бекири повикува на протест.

На видеозаписот, кој е прекраток за каков било заклучок, не може да се види зошто Бекири вика, во кој контекст е снимен, ниту што се случувало пред и по тоа парче од шест секунди.

Покрај сите навреди и омаловажувања, нафрлен е и фактот дека Бекири бил чест гостин во Амбасадата на САД, иако тоа е целосно неповрзано со целиот текст. Како потврда дека тој навистина е чест гостин во американската амбасада, вметната е една фотографија за која нема потврда кога и каде била сликана.

Целосната едностраност на текстот се потврдува и со недостигот од побарано мислење на оној за кој се искажани сите навреди, шпекулации, претпоставки и погрешни заклучоци.

Вака конструираниот текст е во целосна спротивност со етичките и професионални принципи утврдени во Новинарскиот кодекс, каде се вели дека новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката, како и тоа дека непримерната комуникација со јавноста е неспојлива со новинарската професија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести