verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Симона Атанасова

Новинарски текст или партиско соопштение?

на 20. 06. 2016 | | sq

[Рецензија:  Јанева води политичка хајка против Груевски]

  Додека го читате овој текст, во секој момент очекувате некаде да пишува дека е партиско соопштение. Но, иако личи како да е дело на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, сепак станува збор за нешто што глуми новинарско четиво. Написот е коментаторски, целосно едностран и со манипулативна цел. Се напаѓа работата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, при што се изнесуваат неаргументирани тези. Линк до оригиналниот напис: Јанева води политичка хајка против Груевски Датум и време на објавување: 12.06.2016, 12:18 Датум на рецензирање: 18.06.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ДВОЈНИ АРШИНИ

„Катица Јанева со театрални и партиски прес¬конференции, без да презентира ниту еден доказ, води политичка хајка против лидерот на ВМРО¬ДПМНЕ, Никола Груевски и

Напис темелен на графит, а графитот го нема!

на 15. 06. 2016 | | sq
  Текстот што е предмет на оваа анализа нема никаква потврда за констатациите што ги изнесува. Написот тврди дека студентите му напишале графит на професорот по казнено право Гордан Калајџиев, но сликата која е објавена и која „глуми“ графит тоа не го покажува ниту, пак, „офарбаното“ може на кој било начин да се поврзе со професорот. Линк до оригиналниот напис: Студентите му порачаа на Калајџиев: Не ме фарбај (ФОТО) Датум и време на објавување: 08.06.2016, 19:48 Датум на рецензирање: 14.06.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

А КАДЕ ПИШУВА „НЕ МЕ ФАРБАЈ“?

„’Не ме фарбај’ му порачаа студентите на професорот Гордан Калајџиев кој учествува во таканаречената Шарена револуција. Денес тие ова му го порачаа со графит на неговата канцеларија“. Иако се тврди

Луксузен „Инстаграм“ и малициозни манипулации

на 6. 06. 2016 | | sq

[Рецензија: „Журнал“: Луксузот на Заеви – базен во нивната дневна соба, прескапи автомобили (ФОТО)]

Непроверени манипулирачки информации се главната одлика на овој текст. Со неколку принтскринови од инстаграм-профил се прави извртување на фактите во обид да се направи дискредитација на одредена личност. Текстот е преземен од друг медиум, но не е соодветно линкуван. Дека написот не е оригинално дело, туку копија од друг медиум, пишува во насловот и во поднасловот.   Линк до оригиналниот напис: „Журнал“: Луксузот на Заеви – базен во нивната дневна соба, прескапи автомобили (ФОТО) Датум и време на објавување: 04.06.2016, 12:12 Датум на рецензирање: 06.06.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ДАЛИ НАВИСТИНА СЕМЕЈСТВОТО НА ЗАЕВ ЖИВЕЕ КАКО БЛАГОРОДНИШТВО?

Во текстот се изедначува поширокото семејство на лидерот на

Од принтскрин од СМС, вест не бидува

на 25. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ АЕРОДРОМ ГО ТЕРА ЧЛЕНСТВОТО ДА ГО БОДРИ МЗТ]

  Без аргументи и докази, политички пристрасен и едностран текст. Напишаното не е проверено од ниту еден извор, нема изјави од засегнатите страни, но има манипулативни коментаторски заклучоци. Линк до оригиналниот напис: ВМРО-ДПМНЕ АЕРОДРОМ ГО ТЕРА ЧЛЕНСТВОТО ДА ГО БОДРИ МЗТ Датум и време на објавување: 18.05.2016 Датум на рецензирање: 23.05.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

НЕПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊА

„УМС ВМРО-ДПМНЕ Аеродром се фатени на дело како од службени телефони праќани илјадници пораки до партиски активисти на Вмро Дпмне од кои се бара да го бодрат МЗТ-Скопје во вечерашниот кошаркарски натпревар со КК Куманово“. Единствени, наводни докази за ова се неколку принтскринови од СМС-пораки кои, наводно, биле испраќани од УМС. Во текстот

Манипулација со фејсбук-статус

на 23. 05. 2016 | |
[Рецензија: ФОТО: Член на СДСМ слави матура па неможе да протестира]   Овој текст, кој се темели  на најобичен принтскрин од нечиј фејсбук–статус, се обидува да ја омаловажи главната цел на протестите на „Шарената револуција“, кои веќе месец и половина се одржуваат низ цела Македонија. Написот е конструиран врз основа на  „фотографија испратена од читател“, но таа е не е проверена од ниту еден друг извор, па како таква остава простор за многу манипулации и шпекулации. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Член на СДСМ слави матура па неможе да протестира Датум и време на објавување: 19.05.2016, 21:55 Датум на рецензирање: 20.05.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

А ОД КАДЕ СЕ ЗНАЕ ДЕКА Е ЧЛЕН НА СДСМ?

„Прекини на протестите за

Навредлив коментар „обландиран“ како вест

на 19. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои закон!]

  Едностран, коментаторски и недоличен текст кој е објавен во категоријата „вести“ и кој се заснова само на непроверени шпекулации, кои имаат цел да oцрнат некои личности. Како поткрепа на искажаните обвинувања во материјалот има само една фотографија, која не докажува ама баш ништо конкретно. Написот е политички пристрасен, полн со коментари и со навредливи епитети (шериф, сељак, исфрустриран, искомплексиран), недозволиви за еден новинарски материјал. Текстот е преземен од друг медиум, но тоа е соопштено на крајот на текстот во последната реченица. Линк до оригиналниот напис: Шерифите на Заев и Спасовски се однесуваат како за нив да не постои закон! Датум и време

Бројки истресени од ракав

на 17. 05. 2016 | |

[Рецензија: Палење, кршење, фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос?]

  Двесте илјади евра! Толку, наводно, се проценува штетата направена со боењето на зградите и на спомениците во државна сопственост. Но, непознато е кој ја проценил штетата и како е добиена оваа огромна сума. Имено, од ниту една релевантна институција нема потврда дека навистина се работи за толку голем износ. Текстот не посочува конкретни извори што би ги потврдиле бројките што се споменуваат, а не се повикува ниту на некакави прецизни пресметки. Сите цифри се „истресени од ракав“, а се пласираат во јавноста како целосно точни информации. Линк до оригиналниот напис: Палење, кршење, фарбање – Колку ја чини државата вандализмот на СДСМ и Сорос? Датум и

Изедначувањето на ИД и на „Шарената револуција“ е надвор од здравиот ум

на 16. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна и од ИСИС]

  Текстот што е предмет на оваа анализа става знак на равенство помеѓу терористичката организација Исламска држава (ИД) и граѓанската иницијатива „Шарена револуција“. Иако, навидум, тој треба да биде сатиричен, сепак, воопшто не е ниту смешен ниту интересен. Фотографијата употребена во овој текст е монтирана, а написот  е објавен во категоријата „вести“ и никаде не е наведено дека е статирчен или невистинит материјал, што несомнено е направено со манипулативна цел. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Покрај од Бали, поддршка за „Протестирам“ стигна и од ИСИС Датум и време на објавување: 07.05.2016, 14:23 Датум на рецензирање: 13.05.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

 ИД  И „ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА“ НЕ СЕ ИСТО

На

Сексистички сензационализам

на 4. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: И се скинаа гаќите додека фрлаше кон канцеларијата на Иванов]

  Апсолутно сексистички, примитивен и вулгарен текст што нема никаква врска со настанот на кој е снимена фотографијата. Не е важен протестот, неговата масовност и проширувањето низ целата земја. Не е важно ниту зошто луѓето со денови протестираат, кои се нивните пораки и кому се упатени. Не е важно што ги натерало луѓето на студено, врнежливо време да излезат на улиците и да протестираат. Важно е дека на една од учесничките на протестот силниот ветар ѝ го кренал здолништето. И со една таква извитоперена прецепција на нештата, тоа се претставува како да е најважната работа на светот! Па, тоа  уште се кажува и со огромна доза потсмев и

Опозициски платеници или инфилтрирани провокатори?

на 18. 04. 2016 | | sq
Многу напади, малку информации и аргументи. Фото: колаж
 

Никој точно не знае или, барем, никој не излегол со податоци, кои се лицата што користеа насилство во текот на граѓанските протести. Но, затоа некои медиуми се преполни со обвинувања и со шпекулации, а без никакви валидни информации и аргументи

  Пишува: Симона Атанасова   Провладината пропаганда пишува, коментира и манипулира дека СДСМ и Сорос се виновниците за нередите и за

Претплатете се за најнови вести