verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Неодговорно ширење паника

на 7. 06. 2015 | |
   

[Рецензија: Жителите на Карпош во страв – Манијак напаѓа девојки (ФОТО)]

  Манијак, качен на велосипед, напаѓа и силува жени низ скопската населба Карпош. Никој не знае кој е и каде е, веста е преземена од портал со забавни содржини, за неговото постоење зборува соговорник наведен со иницијали, без фотографија или друг облик на верификација на извор на информации, нема исказ од надлежните – полицијата и, згора на

Неуверлив обид за спинерско манипулирање со „Фејсбук“

на 28. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Шекеринска разочарана од посетеноста на протестот, објавува фотографии кои не се од Скопје]

  Не докрај промислен и прилично неуверлив обид за спинерско манипулирање со фејсбук-профилот на потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска, би била куса дефиниција на писанието што го рецензираме. Објавените фотографии, поточно три меѓусебно контрадикторни скриншот-кадри од наводни фејсбук-статуси на Шекеринска поврзани со големиот антивладин протест што се одржа во Скопје на 17 мај, требаше да го уверат читателот дека таа манипулира со бројот на учесниците на митингот, но тоа е направено на така невешт начин, што крајниот ефект е спротивен – читателот не само што не е убеден дека Шекеринска ги мами своите фејсбук-пријатели, туку може да ги види и фотографиите и статусот

Сите медиуми терсене, овој текст наопаку

на 18. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Медиумите му спуштија камери на Заев и го напуштија пресот]

  На прв поглед, веста што ја рецензираме изгледа како нормален новинарски производ, информација од настан, поточно од прес-конференција на Социјалдемократскиот сојуз, при што темата е еден издвоен настан што се случил во рамките на таа прес-конференција. Меѓутоа, веќе првата реченица е проблематична: „Голем дел од медиумите пред почетокот на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во знак на протест на насилствата врз медиумите организирани од активисти СДСМ ги спуштија камерите и ја напуштија прес-конференцијата.“ Таа претставува неточно тврдење – дека сите медиуми го напуштиле пресот на СДСМ – што ќе се покаже и на самата снимка, односно од ТВ-прилогот, кој е вметнат во извештајот

ПР-материјал како средство за загрозување на слободата на медиумите

на 11. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ ја загрозува слободата на медиумите – новинарите на тапет]

  Како тоа еден обичен, банален производ на стратегија за односи со јавноста стана средство за загрозување на слободата на медиумите? Читателите ќе се обидат да дознаат читајќи го написов, кој е предмет на рецензијава. Но, залудно. Откако ќе го исчитаат и последниот ред, тие ќе останат покуси за „вистината“ која се обидуваат да им ја пласираат – како тоа една опозициска партија ја загрозува слободата на медиумите во една правно регулирана држава, со помош на „тајното оружје“ наречено – прес-клипинг. Прес-клипингот или медиа мониторинг сервисот им обезбедува на клиентите копии од медиумски содржини од конкретен интерес за нив, вклучително и коментари, уреднички анализи и слични материјали (извор:

Aнтиквизациски историски игранки: црвен картон за старите Словени

на 28. 04. 2015 | |
Заштитникот светец и авторот на „Чудата на Свети Димитрија“, хроника, која ги опишува опсадите на Словените на Солун (лево), денешниот изглед на црквата „Свети Димитрија“ во Солун, која потекнува од 4 век (долу лево), Кирил и Методиј (десно), Повелбата на Кулин бан, прв документ од овој вид на словенски јазик (долу десно). Фото: Википедија, колаж: СПФМ  

„Во реалниот свет, вистинските работи никогаш не се случуваат на вистинското

Поткревање меѓуетнички тензии, потпалување омраза и опасно играње со сериозни обвиненија

на 15. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Откако го одбија граѓаните, Заев поттикнува верски џихад на улица]

  Написов веќе на прв поглед, се чини, содржи сѐ, буквално сѐ: ковање заговори, џихад и исламски екстремисти, бомби, протести, државни тајни и антидржавни елементи, па и елементи на говор на омраза насочени кон конкретна личност и политички субјект. Има бомбастичен (добро, и малку нелогичен) наслов, кој го задржува вниманието, збунувачки наднаслов и провокативна монтажа како илустрација која би требало да биде духовита, со еден збор, гарантирана му е читаноста, што впрочем го покажува и бројката од 5.256 читања на веб-страницата на медиумот. Но, овие елементи не се доволни овој текст да биде сфатен сериозно, како што очигледно била интенцијата. Колку и да е богат со „возбудливи“ факти,

Школски пример на пропаганден памфлет маскиран во квазивест

на 7. 04. 2015 | |
 

[Рецензија: Заев сам се фати во лага и за аферата „Грчка хациенда“]

  Тргнувајќи од самиот наслов, па сè до последниот напишан ред, овој напис е школски пример за пропаганден памфлет маскиран во квазивест. Дека се работи за квазивест, ќе познае и лаик: таа не содржи никаква информација, нејзината содржина ја сочинуваат тврдења за кои не се понудени докази, но затоа има лични квалификации, а изјавата од засегнатата страна,

Македонија во рангирањето на „Репортери без граници“ за 2015 година: Живот на дното на листата на медиумските слободи

на 30. 03. 2015 | |
Картата на слободата на медиумите според „Репортери без граници“ – Македонија единствена црвена точка („тешка состојба“) во Европа, западно од Турција, Украина и со Белорусија. Карта: Репортери без граници, 2015  

Ситуацијата во медиумите во Македонија продолжува да биде лоша во текот на 2014 година, која беше во знакот на злоупотреби на законските одредби за клевета и на политички мотивираното пласирање рекламни кампањи финансирани од државниот буџет, се вели во

Рецензија: Каде е разговорот помеѓу Бобо Дајнерс и Сашо Мијалков

на 24. 03. 2015 | |
  Меѓу личностите од опозицијата, која е почесто на удар на медиумите од провладина провениенција, е и потпретседателката на Социјалдемократскиот сојуз, Радмила Шекеринска. Една бајата, па подгреана афера, што потекнува директно од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за наводна злоупотреба од местото на директорската позиција на сопругот на Шекеринска, послужи како вовед и мотив за изработка на овој текст. Неговите карактеристики укажуваат на тоа дека аферата „кирија од 5.000 евра“ е само шлагворт во политичко-пропаганден текст, чија единствена содржина и мотив за објавување е напад врз личноста на Шекеринска, нејзино оцрнување пред јавноста, атак базиран на приватниот живот на политичарката и на нејзиното семејство за да ѝ се наштети на нејзината репутација. Притоа, се игнорираат демантите за веродостојноста на аферата „кирија

Рецензија: Сексуално пренослива болест сее страв во Македонија

на 15. 03. 2015 | |
  Застрашувачка болест сее страв низ Македонија небаре епидемијата само што не е прогласена, веќе со насловот нè заплашува написот што го рецензираме. На прв поглед, информацијата е добро структурирана – имаме тема, извор, податоци, појаснување, заклучок. Но, кога внимателно ќе се прочита, ќе стане јасно дека се работи за број на лица кои на годишно ниво се регистрираат како инфицирани од бактеријата кламидија, лесно излечлива сексуално пренослива инфекција, на подрачјето на само една општина во Македонија. Всушност, кламидијата е една од многуте инфекции што вообичаено се присутни кај македонската и кај светската популација, не е смртоносна, туку излечива и тоа со лекови достапни во секоја аптека. Ако се позанимаваме малку со бројки, оние дадените во текстот, како и бројките

Претплатете се за најнови вести