verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ПР-материјал како средство за загрозување на слободата на медиумите

on 11 - 05 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-090-kliping-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ ја загрозува слободата на медиумите – новинарите на тапет]

 

Како тоа еден обичен, банален производ на стратегија за односи со јавноста стана средство за загрозување на слободата на медиумите? Читателите ќе се обидат да дознаат читајќи го написов, кој е предмет на рецензијава. Но, залудно. Откако ќе го исчитаат и последниот ред, тие ќе останат покуси за „вистината“ која се обидуваат да им ја пласираат – како тоа една опозициска партија ја загрозува слободата на медиумите во една правно регулирана држава, со помош на „тајното оружје“ наречено – прес-клипинг.

Прес-клипингот или медиа мониторинг сервисот им обезбедува на клиентите копии од медиумски содржини од конкретен интерес за нив, вклучително и коментари, уреднички анализи и слични материјали (извор: „Википедија“). Тоа значи дека соодветна агенција или служба следи што сè се објавува во домашните и во странски медиуми за клиентот (компанија, институција, политичка партија, уметник, јавна личност и сл.) и собраниот материјал, за одреден надомест и со одредена договорена динамика, му го доставува на клиентот. Тие материјали потоа клиентот ги користи за свои потреби (анализи, стратегии, рејтинзи).

Каде е тука загрозена медиумската слобода, како прибирањето објавени вести и информации може да претставува напад врз новинарите, на тие дилеми што сами по себе се наметнуваат, овој напис не дава одговор. Се чини, најважно беше да се фрли обвинување на конкретна адреса, во случајов на адреса на СДСМ, а дали тоа ќе звучи небулозно или не, за тоа очигледно не е водено сметка.

Рецензија: СДСМ ја загрозува слободата на медиумите - новинарите на тапетЛинк до оригиналниот напис: СДСМ ја загрозува слободата на медиумите – новинарите на тапет

Датум и време на објавување: 28.04.2015, 15:27

Датум на рецензирање: 5.05.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Во написов се оперира, всушност, со еден единствен факт, а тоа е дека на електронската пошта на некои редакции на медиуми во земјава, веројатно по грешка, пристигнал дневен прес-клипинг што за потребите на Социјалдемократскиот сојуз ги прави соодветна служба во рамките на самата партија или некоја агенција, професионално ангажирана за таа намена од СДСМ. Притоа, што е и очекувано, текстовите, за кои ангажираниот сервис за прес-клипинг проценил дека заслужуваат внимание се наведени со наслов, медиум и со име на новинарот (а како поинаку, би се прашале). Сѐ друго во овој напис, вклучително и вакви нелогични тврдења, претставени како факти:

„Скандалозно е што СДСМ води евиденција за тоа кој новинар каков прилог изработил, ги селектира и евидентира истите“

не заслужува ниту преодна оценка во смисла на новинарски стандарди.

Ако како извор на информацијата можат да се сметаат недефинираните медиуми во кои, наводно, по грешка стасал (!!) извештајот прес-клипинг, наменет за интерните потреби на СДСМ, тогаш тие се, се разбира, неофицијални, но и анонимни, бидејќи не се поименично наведени, ниту, пак, постојат искази кои би ги поткрепиле тврдењата од текстот.

Ова е уште еден во низата примери на спинерска творба, која треба да освои симпатии на читателската публика набрзинка, со употреба на бомбастични фрази од типот „скандалозно загрозување на медиумските слободи“, пред таа читателска публика да се задлабочи во самиот текст и да види колку ова тврдење, всушност, нема врска со фактите и со здравата логика. Еве само едно од обвинувањата:

„Ваквиот однос на СДСМ со евиденции на новинари е само продолжение на традицијата која партијата ја има во однос на некоректно однесување при што врши притисоци и бележење на новинари.“

Се разбира, никаде во текстот не е објаснето ниту каде има загрозување на медиумските слободи, а уште помалку се аргументира „традицијата на некоректно однесување кон новинари“.

Како и во повеќе други случаи, и овојпат имаме текст кој, во речиси идентична форма или од збор до збор препишан, се наоѓа и на страниците на други медиуми со иста провиниенција, објавен со временска разлика од неколку часа, на повеќето портали или веб-страници на телевизии тој е непотпишан, додека, пак, некаде стои име на автор, иако не се работи за примарно објавен напис. Поради ова, не е можно со сигурност да се утврди дали написот што го рецензираме е оригинално дело или копија.

Како и целиот напис, и насловот е бомбастичен, претеран, дезинформирачки и тенденциозен. Едноставно, небулозното тврдење во насловот, дека СДСМ ја загрозувал слободата на медиумите, потоа се настојува да се оправда во самиот текст, но без видлив успех. Написот е илустриран со скриншотови на електронскиот прес-клипинг од Социјалдемократскиот сојуз, кој медиумите го добиле во електронска пошта. Тие не зборуваат ништо за некакво загрозување на слободата на медиумите туку, токму спротивно, ги покажуваат работите онакви какви што се, а тоа е дека, веројатно, прес-службата на опозиционата партија го испратила дневниот прес-клипинг извештај, покрај вообичаените адреси, и на самите медиуми. Прес-клипингот, како што и самото име зборува, содржел избор на новинарски написи и транскрипти на ТВ-прилози на поактуелни теми.

Целата поента на текстот и е да се дискредитира Социјалдемократскиот сојуз и тоа на планот на една така чувствителна област каква што се медиумските слободи.

Креирање скандал, самото по себе не е новинарска дисциплина, ако го изземеме таканаречениот жолт печат. Но, креирањето скандал и пласирањето обвинувања на конкретна политичка адреса, онаму каде што реално и објективно нема материјал за тоа, е неодговорно новинарство. За жал, написот што го рецензиравме не успеа дури ниту да искреира скандал, туку само сопствена бламажа.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести