verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Рецензија: Дали 92-те милиони евра од СОРОС завршиле во приватни џебови?!

на 26. 09. 2014 | |
Текстот кој е предмет на рецензијата има два големи проблеми – тој поставува прашање на кое не дава одговор, а како аргументација ја користи имотната состојба на одредени опозициски ориентирани личности, кои иако биле „најголеми критичари и постојано обвинуваат за недемократија и диктатура сосема солидно заработуваат и живеат натрпосечен живот во споредба со сите останати граѓани“. Во најмала рака зачудува загриженоста, која е лајт-мотив на целиот напис, каде и како се трошеле парите на фондацијата, чијшто основач и донатор е странско приватно лице – Џорџ Сорос, а тоа значи дека не се работи за државни, јавни, туку приватни парични средства. Посебно кога ниту основачот, ниту, пак, државата досега не нашле какви и да се неправилности во финансиското работење на фондацијата,

Рецензија: Сноуден ја откри најголемата тајна на НАСА

на 18. 09. 2014 | |
Чист кромид! И тоа бајат! Тоа би била кусата „дијагноза“ на текстот кој е предмет на оваа рецензија. Веста дека  Едвард Сноуден, поранешниот соработник на американската разузнавачка агенција НСА, обелоденил застрашувачка вистина дека нашата планета во текот на месец септември ќе биде изложена на уништувачки силни зраци на Сонцето и дека тоа ќе значи смрт за стотици милиони луѓе на Земјата, ја пренесоа неколку домашни портали, кои се повикуваа на еден ист тотално нерелевантен руски сајт специјализиран за езотерија (вонземјани, магии, пророштва, апокалипси). Но, фактот дека сајтот од каде веста потекнува е сѐ освен сериозен извор на информации, очигледно не ги поколебало оние кои ја пренеоа оваа „кромидна“ вест. Како што е познато, поимот „кромид-вест“ е феномен наречен по првиот

Рецензија: Случајно „уловена“ преубава „Скопјанка“

на 15. 09. 2014 | |
Кусата фото-вест е една од формите на новинарското изразување кои се популарни кај читателската публика, бидејќи најчесто се визуелно освежување од останатите, „посериозни“ содржини кои ги донесува медиумот. Било да се обработува полежерна или пак социјално ангажирана, но секогаш провокативна тема, акцентот е на добрата фотографија за чиешто појаснување не се неопходни многу зборови, а текстот кој ја следи фотографијата треба да е компримирана порака со поента. Фото-веста што ја рецензираме спаѓа во таканаречените „летни“ теми, создадени во тој дел од годината кога нема бројни актуелни случувања и кога, како непишано правило, деталите од урбаното живеење на градовите стануваат поинтересни за медиумите од вообичаеното. Притоа, како и во овој случај, еден од најомилените мотиви на објективот, па и на перата

Рецензија: Во Велес пронајдени јагленосани 150 мигранти

на 9. 09. 2014 | | sq
Основна функција на новинарството е да информира, точно, прецизно, навремено. Рецензираме информација која покажува како изгледа пропуштена шанса сопствената читателска публика да биде информирана точно, навремено, што е можно подетално и квалитетно. Веста за 150 сириски емигранти, скриени во железнички вагон со јаглен, пронајдени од полицијата во Велес, беше една од вестите на денот. Медиумите побрзаа да испратат свои екипи и да ја покријат сторијата за измачените бегалци од сириската војна, кои на ваков начин тргнале на пат кон подобар живот некаде во Европа. Во текот на тој ден, а посебно наредниот, пристигнуваа дополнети верзии на првичните информации за настанот, во кои имаше искази на дел од емигрантите, став на Министерството за внатрешни работи, детали за тоа колку Сиријците ги

Рецензија: Убиец-мочко: Убиецот на Лука се помочал во гаќи пред полицијата

на 3. 09. 2014 | |
Случајот со убиството на младиот Лука Јовановиќ од Белград, кого непознат возач го прегазил, а потоа избегал, веќе извесно време се следи како од српските, така и од останатите балкански медиуми, а за него се пишува и во македонските. Со оглед дека се работи за настан кој во континуитет генерира случувања, нови моменти од истрагата, потера по осомничениот и слично, следењето од страна на медиумите продуцира вести во низа. Логично е да се очекува дека медиумите ги познаваат правилата за пишување на вести во низа, но веста која е предмет на оваа рецензија тие правила слабо ги почитува, а тоа ни од далеку не е единствениот проблем. При пишувањето на веста во низа, правило е дека најновиот момент секогаш е

Рецензија: Финансискиот „гуру“ на СДСМ, на одмор во Грција?

на 19. 08. 2014 | |
Сѐ чини, сѐ потешко е да се биде конзумент на медиумски содржини на овие простори, бидејќи станува сѐ покомплицирано да се разграничи што од понуденото е вистинска новинарска информација, а што спин „спакуван“ во пропагандни кујни со строго определена намена, која нема врска со основната функција на медиумите – да информираат. Еден од серијалот текстови насочени кон дискредитирањето на личноста на директорот на Фондацијата отворено општество Македонија, Владимир Милчин, е и предметот на оваа рецензија. И, во склад со сезоната кога се појавува, актуелната епизода овојпат обработува „морска“, односно годишно-одморска тема, поточно се занимава со локацијата на која (можеби) летува Милчин. Освен тривијалноста и депласираноста на темата – Владимир Милчин не се вклопува во пошироката дефиниција на јавна личност, која

Рецензија: Што монструмот го чека во затвор? – ќе го проколне денот на раѓање!!!

на 13. 08. 2014 | |
Без сомневање, пред нас е текст за кој се потребни и јак желудник и силни нерви да се прочита до крај и да се свари неговата содржина. Текстот е поврзан со случајот на неодамнешното свирепо убиство на девојче во Србија и претставува вознемирувачки опис на малтретирањата и ужасите на кои вообичаено (според тврдењето во написот) по затворите се изложени осудените за убиства, силувања и малтретирања на деца, а на кои ги подложуваат останатите затвореници. Иако и порано во повеќе наврати медиумите се занимавале со оваа шокантна појава на садизам и своевидна сурова ретрибуција со која самите затвореници ја „преземале правдата во свои раце“ и спроведувале сексуално насилство врз силувачите и убијците на деца, текстот кој е предмет на рецензијава дава

Рецензија: По расправија со сопругата се самоубил газда на ресторанот „Буре“

на 8. 08. 2014 | |
Незабележливо, но континуирано, во домашните медиуми еродираат моралните принципи според кои тие треба да се водат кога известуваат за една така деликатна тема какво што е самоубиство на индивидуа. Еден типичен пример е смртта на сопственикот на скопската кафеана „Етно буре“ и начинот на кој се известуваше за тој случај. Ја рецензираме најрано објавената вест, на која потоа се повикуваа и други медиуми, воедно и една од оние во кои стојат најмногу детали од приватниот живот на починатиот, на кои никако не му е место во информација за настанот, а потоа тие детали беа објавени во поголемиот дел од извештаите и проширените вести на истата тема. Така, освен што се дозна за кого точно се работи (објавено е личното име

Рецензија: Први Мај: Сте знаеле ли дека тоа е всушност сатански обред?

на 4. 08. 2014 | |
Рецензираме текст кој нема големи амбиции – и со изборот на насловот, и со илустрацијата, но и со самата содржина, тој има задача да провоцира, да шокира, да предизвика сензација, но не и прецизно и точно да информира. Спаѓа во редот на текстовите кои преставуваат типични летни содржини, иако самата тематика – прославувањето на Први Мај, Денот на трудот, од аспект на актуелност има погрешен тајминг, бидејќи прашањето зошто токму сега Празникот на трудот е ставен на тапет, нема логично објаснување. Дека е згрешен тајмингот може да се види и од материјалите што можат да се најдат на интернет, а кои очигледно послужиле како извори на информаци, најчесто на сајтови и блогови на српски и хрватски јазик, од кои повеќето

Рецензија: Дипломатите не одговараат на непристојни прашања: „Заушка за Жижи“, американска шлаканица за СДСМ!

на 23. 07. 2014 | |
Предмет на рецензијава е напис кој ниту по еден основ не може да се набљудува како новинарски текст, иако е објавен во рубриката „Вести од Македонија“ и „камуфлиран“ во извештај од прес-конференција на Викторија Нуланд, американскиот помошник-државен секретар за европски и евроазиски работи, на Македонија. На прв поглед очигледно е зошто: веќе самата „опрема“ на текстот – насловот и илустрацијата упатуваат на вистинските мотиви зад пласирањето на вакво „писание“, а тоа е отворен напад и дискредитација, без никакви огради или призвук на објективност, на колега-новинар од друг медиум, а преку неговиот грб оцрнување и потсмев упатени на адреса на опозицијата. Написот, всушност, не содржи ниту една информација, па дури ни шпекулација поврзана со она што се случувало на прес-конференцијата на

Претплатете се за најнови вести