verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Пропуштена шанса за објективна анализа

на 19. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: И пописот по кој плачеа сега им пречи]

  Сторија на една актуелна тема, во случајов тоа е најавата на премиерот за нов попис во Република Македонија и реакциите што таа најава ги предизвика, би требало да е интересно четиво за домашните консументи на политички теми. Да не беше евидентната потребата од вербално дисквалификување на опозицијата и на невладиниот „соросоиден“ сектор што провејува низ текстот, овој напис можеби и немаше да биде во така очајна состојба. На прв поглед, тој има барем дел од елементите што една новинарска тема треба да ги има – темата е актуелна, направен е обид за продлабочена анализа, има реакции од засегнати страни, има ставови на домашни и на странски експерти, има проблемски

Вулгарен атак врз угледот на опозиционер

на 14. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: И Шеќеринска со Драги Шпага или Карло Бос во реалното шоу „Големиот Брат“?!]

  Предмет на оваа рецензија е четиво кое нема ништо заедничко со новинарството и кое како кукавичко јајце им е подметнато на читателите помеѓу информативните материјали, вообичаено пласирани од медиумот што ова го објавил. Текстот претставува отворен атак врз моралниот лик и врз угледот на личност од редовите на најголемата опозициска партија. Содржината на написот е една низа од навредливи шпекулации и од инсинуации без основа, без извор, па дури и без обид  пласираното да се претстави како информација добиена од каде било, туку отворено се кажува дека тврдењата произлегуваат од она што „сосема реално може да се очекува“ иако, реално, никој не може да

Нема факти, нема извори, ама грешки – има

на 30. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Опсесивноста на СДСМ, доказ за кризата во која се наоѓаат и поради која ги губат изборите]

  Прво што паѓа во очи кога се чита овој текст е отсуството: отсуство на факти, отсуство на извори кои се користени, отсуство на вест, на дејство, отсуство на стил, на испочитувани основни новинарски правила за пишување вести и информации. Тоа и повеќе од скромниот речник и немуштиот начин на изразување, кои просто бодат очи. Само правописни, јазички и стилски грешки има во изобилство. Евидентен е обидот тоа силно отсуство да се надомести со нешто, па затоа написот е „накитен“ со, ни помалку, ни повеќе, туку шест видеоснимки од разни настапи на истакнати претставници на Социјалдемократскиот сојуз, кои немаат конкретна врска со

За гирото и за пропагандата

на 25. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Лоша вест за сите кои летуваат во Грција – Погледнете ја новата цена на гирото]

  Некако постојано во истиот период, среде лето, тренде да се објавуваат вести и информации што се однесуваат на туризмот во соседна Грција. Трендот се одликува со тоа што во тие написи речиси секогаш Грција и грчкиот туризам, како и тамошните услови, се претставени во негативно светло. Овие написи најчесто имаат и тон на обраќање кон читателите, односно гледачите, со кој подиректно или посуптилно ги насочуваат да размислат дали да летуваат кај нашиот јужен сосед. Пример за овој тренд е и веста што е предмет на оваа рецензија. Иако содржината на написот не носи отворена сугестија за тоа каква одлука да носат македонските

Ниски удари и отворени навреди за неистомислениците

на 21. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: СДСМ и денес се обиде да попречи настан на кој учествуваше премиерот Груевски]

  Драматичен глас, кој брзо и отсечно ѝ соопштува на јавноста ставови и навредливи квалификации за опозициска партија и за конкретни личности, презентирани како неприкосновени факти. Приказната е едноставна, но тоа едвај и да може да се насети од прилогот што би требало да ја информира јавноста за него: на свеченото отворање на една реконструирана сообраќајница во Скопје, во присуство на премиерот и на други претставници на власта, еден новинар и еден граѓанин близок до опозицијата се обидуваат да им постават прашања на присутните политичари, но се спречени во тоа. Меѓутоа, во целиот прилог, веста е загубена во морето спинувани искази со кои се оцрнува

Кукавичко јајце подметнато како вест

на 11. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: Курир: Заев повеќе го слуша квартетот Геровски-Ордановски-Фрчковски-Милчин од самиот себе]

  Маскирано во вест, пласирано во рубриката „Вести од Македонија“, ова писание како кукавичко јајце ѝ е подметнато на читателската публика, која очекува да прочита вистински вести и информации во спомнатата рубрика на медиумот, чиј напис рецензираме. Она што, меѓутоа, го добива, се неколку реченици во стилот рекла-кажала, всушност нечие субјективно согледување за тоа кој му „шепка“ на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, какви политички одлуки да носи. Освен што не донесува никаква информација, написот не е ниту шпекулација, туку целосно неоригинална и нерелевантна содржина, која не заслужува простор во информативен медиум. Линк до оригиналниот напис: Курир: Заев повеќе го слуша квартетот Геровски-Ордановски-Фрчковски-Милчин од самиот себе Датум

Евтина промоција на хомофобијата

на 6. 07. 2015 | |
 

[Рецензија: ПЕДОФИЛИЈА НА ГЕЈ ПАРАДА: Стравична снимка која ги покажува целите на хомосексуалната идеологија]

  Рецензираме квазиновинарска информација, всушност, коментар маскиран во проширена вест. Неговата функција не е да информира, туку да шокира, стигматизира, да промовира хомофобија, да создаде сензација. Дури и по цена да звучи неписмено, неинформирано, неедуцирано, како што звучи. Дека оцените не се претерани, сведочи веќе насловот, предолг и напишан во стилот на најавата на хорор-филм, со пренагласени емоции и со непознавање на значењето на зборот „идеологија“ или на„ трансвестит“. Написот нема наведени извори освен снимката на „Јутјуб“, не е структуриран според новинарски норми и правила, туку наликува на црковна проповед или, пак, памфлет на друштво за заштита на морални вредности. Нема да влегуваме во материјална

Тешко сварлив пропаганден памфлет

на 30. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Сорос повторно ја фалсификува вистината]

  Тешко е да се каже што попрво не е во ред со овој текст: тргнувајќи од насловот кој дезинформира, преку изнесените невистини во него, манипулирањето со оние факти кои се општо познати, навредите и квалификациите упатени на погрешна адреса, погрешната илустрација. Грешките се аматерски, текстот е неструктуриран, стилот неновинарски, а патем и нелекториран, па она што останува на крајот e тешко сварлив пропаганден памфлет со провладина политичка конотација, на кој не би требало да му се најде место помеѓу новинарски творби. Линк до оригиналниот напис: Сорос повторно ја фалсификува вистината Датум и време на објавување: 24.06.2015, 14:55 Датум на рецензирање: 27.06.2015 Рецензент: Југослава Дуковска Главата на написот веднаш го соочува читателот со

Тривијалности наместо информации

на 25. 06. 2015 | |
 

[Рецензија: Авганистанци и Пакистанци против Сирици – Македонија терен за пресметка меѓу групи мигранти]

  Сериозната состојба со приливот на мигрантите на македонска територија и заканата оваа состојба да прерасне во хуманитарна криза во земјава беше извор за изобилство теми и информации за домашните медиуми, но и добра можност да се покаже кој од медиумите колку знае и умее да следи, известува, истражува и да пласира содржини кои се однесуваат на една вака комплексна тема, со речиси секојдневен развој на настани и со промена на околности. Предмет на оваа рецензија е телевизиски прилог со текст пласиран на веб-страницата на една од националните телевизии, кој не успеа целосно да одговори на поставената задача – објективно, непристрасно, целосно и континуирано следење

Прикриен поттик на насилство за реална закана

на 17. 06. 2015 | |
   

Иако Неделковски не повикал децидно на физичка пресметка или ликвидација на Поповиќ, тој сепак отворено повикува на некаков облик негативна интеракција со него, а токму така бил разбран и од своите фејсбук-следбеници. Со оглед дека Неделковски, на чиј профил овие предлози „паднале“, не покажал никакво каење ниту, пак, осуда на навредливите и заканувачки написи на лицата што коментирале под неговата објава, може да се заклучи дека тој го

Претплатете се за најнови вести