verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Југослава Дуковска

Отворена сезоната за отстрел на олеснувачот Ванхaуте

на 5. 11. 2015 | |
Нападите врз Ванхауте. Колаж: СПФМ/скриншоти  

За својата популарност кај власта, Ванхауте нималку не помогна ниту со изјавата дека доколку политичките лидери не ги испочитуваат зацртаните рокови и не ги исполнат условите од Договорот од Пржино, Македонија од страна на Европската унија ќе била третирана како Белорусија. Како одеше серијата напади врз европскиот олеснувач, Питер Ванхаоуте, во македонските медиуми.

  Пишува: Југослава Дуковска   За Македонија одлучуваат Македонците, а дипломатите

Оцрнување на Ванхауте обоено со невкус

на 2. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Дали Ванхоуте прераснува во вистински идол во СДСМ?]

  До каде може да се оди во оддалечувањето од новинарските стандарди во насока на невкус и на политичка пропаганда, мошне добро илустрира овој текст. Негова тема на „обработка“ е приватниот лик на посредникот во преговорите помеѓу македонските политички партии за реализација на Договорот од Пржино, Питер Ванхауте, кој отворено укажуваше на проблемите со реализацијата на договореното помеѓу власта и опозицијата во Македонија, критикувајќи го однесувањето на владеjачката партија и на премиерот Никола Груевски. Ванхауте е отворено обвинет дека соработува и го поддржува опозицискиот Социјалдемократски сојуз, дека е близок на приватен план со личности од СДСМ и тоа се млади жени, членки на СДСМ, при што овие инсинуации се

Цинизам и замена на тези место објективно информирање

на 24. 10. 2015 | |
 

[Јанева во координација со СДСМ повторно контрадикторна: Пред два дена рече дека ќе работи со половина тим, сега се премисли]

  Текстот што го рецензираме почнува со толку лажно, тенденциозно и цинички интонирано тврдење во насловот, што не остава голема надеж дека и остатокот од содржината ќе донесе некое придвижување во насока на објективното и вистинито информирање. Како што ќе покаже исчитувањето на целиот текст, јасно е дека со него требало да се постигнат две цели – да се дезинформира јавноста дека специјалниот јавен обвинител Катица Јанева не е објективен и непристрасен професионалец, бидејќи едно ветува, а друго прави, и, второ, да ја дискредитира неа лично, обвинувајќи ја дека работи во содејство со опозицијата. Линк до оригиналниот напис: Јанева

Грубо исмевање и безмилосна дискредитација

на 16. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Месијанскиот комплекс на лидерот]

  Напис наменет исклучиво за грубо исмевање и за безмилосна дискредитација на политичката фигура на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев, без допирна точка ниту со вистината, ниту со новинарство и со информирање. Во него се тргнува од една реченица, искажана пред половина година, истргната од контекст, за да биде употребена како драмска подлошка за една лоша претстава, во која грубо се валкаат угледот и честа на еден човек само затоа што има поинаков политички став од инспираторите, нарачателите и од пишувачите на претставата.
Авторот, на прв поглед, релативно солидно се потрудил да го „разигра“ материјалот на тема „месијански комплекс кај македонски политичар“ со доза цинизам, со „анализа“ на истакнати јавни личности кои „патат“

„Саботирана“ вистина како одмазда за критичко новинарство

на 9. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Саботерот Среќко Поповски дел од аферата „Телеком“- се офајдил ли и тој од милионскиот колач?!]

  Нагласено плукачки текст во кој отворено се напаѓа една конкретна личност, со име, презиме и фотографии одблиску од личноста за која се зборува небаре се работи за осуден криминалец или злосторник, на читателите им е подметнат како новинарско-истражувачко четиво, иако нема ништо заедничко со тоа. Работата да биде уште полоша, неаргументирано се напаѓа колега од друг медиум, чијшто единствен докажан „злостор“ во овој исклучително непрофесионален текст е – тоа што прави емисии во кои ја критикува власта. Другите работи со кои се инсинуира во написот се или без никаков доказ и основа или се смешни, или и двете. Линк до оригиналниот напис:

И со навреди ако треба – за да се скрие вистината!

на 2. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: Најчевска пролупа тотално-повикајте лекар!]

  Кога ученик ја промашува темата зададена од професорот за писмена работа по мајчин јазик поради тоа што не ја разбрал, добива единица, а кога новинар погрешно ќе разбере настан за кој пишува и комплетно ќе ја „промаши темата“, тоа отприлика личи на текстот што сега го рецензираме. Навистина, за овој напис има многу што да се каже – од тоа дека е преполн со отворени навреди, упатени кон конкретна личност со име и со презиме, професорката Мирјана Најчевска, преку тоа дека е лош обид за осврт како вид на новинарско изразување, има приземен стил со конфузни реченици, користи евтина иронија, пазарџиски вокабулар, сè до покажано скромно познавање на граматиката – но, сите овие

Промоција на дискриминација и на исламофобија

на 28. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Неколку закони поради кои Муслиманите не смеат да претнат во Јапонија]

  Рецензираме еден пропаганден материјал со јасна антиисламска обоеност, без ниту минимум запазени новинарски правила за пишување, преполн со невистини и со претерувања, без наведени извори и без каков било обид за потпирање врз факти и без оградување од искажаните невистини, па како таков не би требало да заслужи место во медиум кој држи до тоа објективно и вистинито да ги информира своите читатели. Написот отворено фаворизира негативни стереотипи, како и методи на дискриминација кон една религиозна групација, што може да се види веќе од самиот наслов. Ставен во поширок контекст во актуелниот општествен момент (криза со бегалците од исламски земји и обидите за ширење ксенофобија, особено 

Со неодмерен и таблоиден наслов нема објективност

на 23. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Опозицискиот НВО-сектор веднаш почна со притисок врз обвинителот]

  Во овој текст не е проблем само што се инсистира на наводната поврзаност на невладиниот сектор со опозицискиот СДСМ, ниту што иницијативата на граѓанската платформа „Ајде“ да му даде артикулирана поддршка на новоизбраниот обвинител од името на обичните граѓани, потсетувајќи го на сериозноста на работата на која се нафатил и на обврските што ги презема е оквалификувана како притисок, туку што тоа го прави без аргументи, пласирајќи ставови и убедувања како готови факти. Наднасловот и насловот прилично речито го формулираат сето она што била намерата да им се соопшти на читателите со овој текст, така што обидите да се задржи професионалниот пристап и да се почитуваат новинарските стандарди кои

Лажни обвинувања и промоција на ксенофобија

на 12. 09. 2015 | |
 

[Рецензија: Мигрантите го рушат Париз – ова е еден од најопасните инциденти (видео)]

  Уште насловот не остава ништо недоискажано – рецензираме еден флагрантен пример на новинарски материјал креиран за да пренесе негативна порака на својата читателска публика и да разбуди непријателство и омраза кон одредена група луѓе, во конкретниов случај тоа се бегалци од Северна Африка и од Средниот Исток. Иако не е експлицитно наведено, од контекстот произлегува дека се работи за мигранти од исламска вероисповед. Текстот е кус, всушност, претставува „појаснување“ на видеозаписот што е вметнат во написот, но доволно е јасен за да нема дилема какви намери се кријат зад него. Видеозаписот е преземен од „Јутјуб“ (Youtube) и е од германски извор, објавен неколку дена претходно

Ксенофобија маскирана во новинарство

на 29. 08. 2015 | |
 

[Рецензија: ЕКСПЛОЗИИ, СИЛУВАЊА, УБИСТВА: Ова се „мирните“ мигранти во рајот за мигранти Малме, Шведска]

  Актуелна тема, материјал поткрепен со видеорепортажи на две телевизии, „Раша тудеј“ (РТ) и неименувана израелска продукција, провокативен наслов кој „боде очи“ со својот сензационализам… Но, залудно, бидејќи тука не се работи за новинарско истражување на вистината и нејзино објавување. Написот содржи вистини, полувистини и невистини и со сите нив манипулира. Вистина е дека во шведскиот град Малме има зголемување на стапката на криминал и на насилство. Полувистина е кога се тврди дека насилствата ескалираат во населбите каде живеат мигранти од Блискиот Исток и од северноафриканските држави, но не се навлегува подлабоко во истражувањето кои се причините што токму таму се случува порастот на криминални

Претплатете се за најнови вести