verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Адамчевски: Мнозинството медиуми се однесуваат игнорантски кон жалбената постапка во СЕММ, но сигурно не им е сеедно

на 5. 11. 2015 | |
Мирче Адамчевски: Ние треба да работиме на тоа, кога ќе се смени политиката, новата да не стане газда на медиумите. Фото: Киро Попов  

Да се зборува за саморегулацијата во едно општество без демократски капацитети е тешко. Но, мора да се зборува. Во Босна и Херцеговина се водеше војна. Медиумите беа воени хушкачи, новинарите исто. И ако тие имаа храброст да се погледнат в очи и да се договорат дека

Утринско озборување на национална телевизија

на 2. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Утрински ШОК: Од свадба на пешачки во Скопје!]

  Текстот што  го рецензираме е на предлог на наш читател кој вели: „Ова е провинциско озборување недостојно за нешто што себеси се нарекува медиум. Под секое ниво“. Линкуван наслов на анализираниот напис: Утрински ШОК: Од свадба на пешачки во Скопје! Датум и време на објавување: 26.10.2015 Датум на рецензирање: 28.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој напис наликува на сè освен на новинарски текст. Текстот не го содржи суштинското, а тоа е информација. Наместо тоа, овој напис на читателот му нуди озборување. И тоа шокантно! Авторот, очигледно шокиран од изгледот на посочената госпоѓа на фотографијата, одлучил да напише текст за тоа. Прво што се наметнува како прашање е дали

Една фотографија, илјада спинови

на 2. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Младината се буди: Интегритетот на средношколците нема цена!]

  Овој текст е класичен пример за манипулација, спинување и за наведување на читателот да верува во она што го мисли авторот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Младината се буди: Интегритетот на средношколците нема цена! Датум и време на објавување: 29.10.2015 Датум на рецензирање: 31.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Насловот на текстот укажува на вест дека „Младината се буди: Интегритетот на средношколците нема цена“. Притоа, ваквиот наслов асоцира на некакво дејство кое го презеле средношколците. Текстот е придружен со фотографии од знак „стоп“ закачен, како што тврди авторот, на влезните врати од неколку средни училишта. Она што недостига во овој дел од текстот е потврдата за ваквите знаци. Имено,

Информација и шпекулација не е исто

на 1. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет]

  Текстот кој е предмет на оваа рецензија е крајно тенденциозен, несериозен и надвор од сите професионални новинарски стандарди. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Раководството на СДСМ со пушки во четнички покрет Датум и време на објавување: 26.10.2015 Датум на рецензирање: 27.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Уште во насловот на написот се гледа обидот на авторот да го оцрни раководството на СДСМ, најавувајќи фотографии од раководните луѓе на партијата како „држат пушки во рацете и тргнале во четнички поход“. Кога се најавува дека станува збор за раководство на партија, се мисли на луѓето од првиот ешалон на партијата, како лидер, заменици-претседатели, генерален секретар и слично. Според тоа,

Ова е „сдсмовско новинарство“!? А кое е „вмровско“?

на 28. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар]

  Ова е еден крајно пристрасен и политички мотивиран текст кој звучи како да излегол од кујната на некоја политичка партија, а не од новинарска кујна. Линкуван наслов на анализираниот напис: И Телма како Заев, по израелскиот доби европски шамар Датум и време на објавување: 21.10.2015 Датум на рецензирање: 26.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Овој напис на почетокот изгледа како сосема нормален новинарски извештај. Но, по вториот пасус, ваквиот извештај, од новинарски се претвора во партиско соопштение. „Ова е нов офсајд за сдсмовското новинарство на Телма, која откако минатата недела беше вмешана во дипломатскиот скандал на Заев пренесувајќи ги невистините за средбите во Израел повторно во служба на СДСМ пласира

ТВ-дневник: Во Македонија сè сопрело, освен ВМРО-ДПМНЕ

на 23. 10. 2015 | |
Објавена демантирана вест, демантот необјавен. Фото: скриншот   [Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“  во 18 часот на 22.10.2015 година]  

Овој ТВ-дневник слободно може да се нарече „Новости од штабот на ВМРО-ДПМНЕ“. Од 12 прилози, дури осум беа посветени на владејачката партија. Дел од нив за промоција на активности на премиерот, дел за напад врз опозицискиот СДСМ. Пропагандни прилози, несеопфатни и еднострани со отсуство на анализа

Скандалозни грешки и обвинувања

на 23. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми]

  Овој текст е класичен пример за тоа како, во обид да се нападне некој по секоја цена, се прават големи грешки поради непроверени факти и со тоа на јавноста ѝ се пласира лажна и манипулативна вест. Линкуван наслов на анализираниот напис: СКАНДАЛ: СДСМ фатен на дело како режира вести на соросовите медиуми Датум и време на објавување: 14.10.2015 Датум на рецензирање: 21.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Авторот на написот уште во насловот и на почетокот од текстот најавува дека открил некаков скандал, како „СДСМ режирала вести на соросовите медиуми“ и го убедува читателот дека уредувачката политика во тие медиуми била препуштена на партискиот штаб на

Измешани поими и весела математика

на 17. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: ДИЈАСПОРА: Иванов да не потпише закон што ни забранува да гласаме]

  Написот кој е предмет на оваа рецензија има проблем со математиките, како и со сеопфатноста на дијаспората. Линкуван наслов на анализираниот напис: ДИЈАСПОРА: Иванов да не потпише закон што ни забранува да гласаме Датум и време на објавување: 09.10.2015 Датум на рецензирање: 16.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Читател на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) испрати предлог да направиме рецензија на овој текст. Тој вели: „Јас мислев дека дијаспора е нешто расцепкано во стотици земји во светот, а тоа да ти било единка што може да даде изјава преку некој „Трпче Трпчески“ од Швајцарија. Математиката за да не убеди на крај е врв –

Новинарите не смеат да влегуваат во валкана политичка кампања

на 10. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: (ФОТО) Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб?!]

  Написот кој е предмет на оваа рецензија претставува фото-вест, која алудира на наводна секс-афера на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Ова е еден од написите, објавени од истиот портал, со кои деновиве тој врши интензивна валкана кампања против Бонева, што е крајно непрофесионално и спротивно на сите новинарски стандарди и на новинарската етика. Линкуван наслов на анализираниот напис: (ФОТО) Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб?! Датум и време на објавување: 08.10.2015 Датум на рецензирање: 09.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Под сензационален наслов „(ФОТО) Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб?!“ е објавена фотографија

Нарачани прашања за одговори по мерка

на 7. 10. 2015 | |
  Нарачани прашања еднакво на партиски микрофони. Фото: Rusty Sheriff, 2007, колаж: СПФМ  

Работа на новинарот е да прашува и да добива одговор на прашањата кои се од интерес на јавноста. Едно од основните новинарски правила гласи: Не постојат глупави прашања, постојат само глупави одговори!

  Пишува: Ана Анастасовска   Во услови кога во Македонија медиумските слободи се на многу ниско ниво и кога медиумите се под голема контрола

Претплатете се за најнови вести