verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарите не смеат да влегуваат во валкана политичка кампања

on 10 - 10 - 2015       

ДоказМк –  ФОТО  Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб-crop-resize

 

[Рецензија: (ФОТО) Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб?!]

 

Написот кој е предмет на оваа рецензија претставува фото-вест, која алудира на наводна секс-афера на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева. Ова е еден од написите, објавени од истиот портал, со кои деновиве тој врши интензивна валкана кампања против Бонева, што е крајно непрофесионално и спротивно на сите новинарски стандарди и на новинарската етика.

ДоказМк –  ФОТО  Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грбЛинкуван наслов на анализираниот напис: (ФОТО) Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб?!

Датум и време на објавување: 08.10.2015

Датум на рецензирање: 09.10.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

Под сензационален наслов „(ФОТО) Талат и Бонева на слика се држат за рака позади грб?!“ е објавена фотографија на која Бонева и пратеникот од редовите на ДУИ, Талат Џафери, стојат еден до друг. Притоа, се наведува читателот, преку самиот наслов, да мисли дека тие двајца навистина се држат за рака. За манипулацијата да биде уште поголема, а со тоа и насловната конструкција многу далеку од вистината, фотографијата е матна и не може ништо да се види убаво.

Претходно, истиот портал објави насловСилвана Бонева ги шокираше сите во собрание со следниов аутфит во знак на поддршка на блискиот пријател Талат Џафери“, со што повторно, со помош на фотомонтажа овојпат, се обиде да направи клеветничка и со ништо непоткрепена алузија за нешто што нема врска со вистината.

Со ова, авторот на оваа измислица го прекршил Кодексот на новинари, кој уште на самиот почеток јасно пропишува:

Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

Од политичарите, особено кога се во кампања, може да се очекува сè, да се вадат „валкани алишта“, да измислуваат сè и сешто само за да го оцрнат противникот, но тоа е одлика на политиката, а не на новинарството. Новинарот е должен да ја информира јавноста и да работи во нејзин интерес.

По ваквите тенденциозни наслови и фотографии, пратеничката Бонева се огласи на својот фејсбук-профил, каде јавно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да објави макар и еден нејзин неморален збор од „бомбите“, во спротивно, „да се огради и да ги осуди шпекулациите, клеветите и лагите што беа искажани на некои од опозициските портали, во името на фамата на бомбите на Заев“. Таа во ФБ-статусот говори и за „злонамераното ширење на лаги и клевети од страна на СДСМ“, иако е сосема нејасно каква врска има опозициската партија со оваа фото-вест. Во секој случај, СДСМ ги осуди  нападите за лична дискредитација против Бонева.

На ваквите написи, реагираше и новинарката Катерина Блажевска, која во колумна објавена на „Призма“, апелираше да запрат измислиците за Силвана Бонева.

Иако ваквите написи не заслужуваат да се сфатат сериозно, сепак, тие мора да се анализираат, бидејќи остваруваат влијание во јавноста преку социјалните мрежи, кои им овозможуваат да се споделуваат и да се читаат со голема заинтересираност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистинит

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална, политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести