verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Спинерски текст за политичка пресметка

на 9. 01. 2016 | |

[Рецензија: Класична одмазда на Спасовски- ќе го менува началникот на организиран криминал]

Пред нас имаме текст  со впечатлив наслов, напишан во сензационалистички манир. Написот натежнува од тенденциозни напади, во него се нижат непотврдени обвинувања и лични дискредитации. Линк до оригиналниот напис: Класична одмазда на Спасовски- ќе го менува началникот на организиран криминал Датум и време на објавување: 03.01.2016 Датум на рецензирање: 08.01.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕПОТКРЕПЕНИ ТВРДЕЊА

„Техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски продолжува да им се одмаздува на професионалците во МВР кои учествуваа во разоткривањето на „Фабриката за афери“ на СДСМ.“ Уште на почетокот од текстот се изнесува сериозно обвинување, дека министерот Спасовски им се одмаздувал на професионалците во МВР. И наместо ваквата теза да се аргументира,

Обвинение и признание не е исто

на 30. 12. 2015 | | sq

[Рецензија:  ПРЕСВРТНИЦА: Турција призна дека намерно го соборила рускиот авионот]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е по предлог на наш читател, кој прашува: „А каде е пресвртницата“. Линкуван наслов на анализираниот напис: ПРЕСВРТНИЦА: Турција призна дека намерно го соборила рускиот авионот Датум и време на објавување: 23.12.2015 Датум на рецензирање: 29.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

А КАДЕ Е ПРЕСВРТНИЦАТА?

Имено, од насловот на овој напис, се добива впечаток дека Труција признала оти намерно го соборила рускиот авион. Но, кога ќе го отворите текстот, сфаќате дека такво нешто нема, туку тоа е само тврдење на Русија. „Министерството за одбрана на Русија обвинува дека Турција намерно го соборила рускиот воен авион СУ-24“. Обвинување и признавање не е исто и

Напис во улога на обвинител и на судија

на 25. 12. 2015 | |

[Рецензија: Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“]

  Овој текст е политички мотивиран и го наведува читателот да верува во нешто што не е докажано ниту, пак, поткрепено со сериозни факти. Линкуван наслов на анализираниот напис: Спасовски не знаел дека се апсат осомничените од „Фабриката за афери“ Датум и време на објавување: 23.12.2015 Датум на рецензирање: 25.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

А ДА СЕ ПРАША СПАСОВСКИ?

Написот креира перцепција дека министерот за внaтрешни работи, Оливер Спасовски, не знаел за акцијата во која беше откриена „фабриката за лични карти“, односно, заслугите за тоа ги припишува на обвинителството и на стручните професионалци од МВР. „На денешната прес конференција јавниот обвинител Јован Цветановски потврди дека акцијата ја спровело

ТВ-дневник: Владата најдобра, опозицијата не чини, граѓаните ги нема никаде

на 24. 12. 2015 | |
Да живее власта! Фото: скриншот, фото ефект: photofunbox.com   [Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 23.12.2015 година]   Аферата „Фабрика за личните карти“ беше главна тема во овој ТВ-дневник. Дневникот во целина  претставуваше манипулативна и шпекулативна критика на опозицијата и голема пофалба за власта. Опозициските изјави и активности ги немаше никаде, освен во негативна конотација, а немаше ниту збор за некој од проблемите на граѓаните.

Политичко поентирање без факти

на 23. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: СДСМ во очај ја извртува мерката на Владата за куќите за млади]

  Овој материјал е класичен пример за политичко поентирање и напад кон противникот без никакви факти и аргументи. Уште во самиот вовед на текстот, исто како и во насловот, се најавува дека опозицијата на секој можен начин се обидувала преку социјалните мрежи и медиуми блиски до неа, да го оцрни проектот на Владата „Купи куќа за млади“. Написот му ја наметнува ваквата слика на читателот без да му ги презенетира доказите за својата теза. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ во очај ја извртува мерката на Владата за куќите за млади Датум и време на објавување: 18.12.2015 Датум на рецензирање: 22.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

ФЕЈСБУК КАКО

Ставот на еден, не е став на сите

на 22. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: ВИДЕО: Студен пречек – заменик министерот на СДСМ со џипот побегна од земјоделците]

  Ова е еден крајно тенденциозен и политички мотивиран текст. Написот е несеопфатен, има цел да го наведе читателот на погрешно толкување и да му создаде погрешна претстава за она што точно се случувало на средбата на заменик-министерот за земјоделство со земјоделците од Велес. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Студен пречек – заменик министерот на СДСМ со џипот побегна од земјоделците Датум и време на објавување: 16.12.2015 Датум на рецензирање: 21.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

А КАДЕ Е ЏИПОТ?

„Дополнителниот заменик министер предизвика наиде на жесток прием кај земјоделците во Велес. Жолчни расправии ја одбележаа неговата средба со земјоделците на терен. Тие гневни прашуваа зошто СДСМ

Чаусидис: Новинарите не треба да бидат алатки за останување или симнување од власт на одредена партија

на 21. 12. 2015 | |
Тамара Чаусидис, претседател на ССНМ. Фото: лична колекција   Не можете да имате квалитетни новинари за 4.000 денари плата. Од професијата бегаат младите, талентирани луѓе, а таа се „ослободува“ од искусните, образованите затоа што тие се, нели, „скапи“. На крајот на денот, останувате со лош кадар или со кадар кој е комплетно деморализиран, умртвен и се води од максимата „купи ден продади“, вели претседателката на ССНМ, Тамара Чаусидис. Во интервју

Професионален напис или чаршиски муабет

на 15. 12. 2015 | |

[Рецензија: Пукна тиквата во СДСМ Делчево] 

  Текстот што е предмет на оваа рецензија повеќе наликува на чаршиски муабет, отколку на професионален новинарски напис. Линкуван наслов на анализираниот напис: Пукна тиквата во СДСМ Делчево Датум и време на објавување: 12.12.2015 Датум на рецензирање: 14.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска  

САМО АНОНИМНИ ИЗВОРИ

„Расцепот во и онака слабата општинска организација на СДСМ во Делчево деновиве доживува кулминација. Имено, на трибината на Оливер Спасовски во салата на Спомен домот АСНОМ во Делчево, беше евидентно отсуството на претходниот Претседател на ОО на СДСМ во Делчево – Горан Трајковски, заедно со поголем број од членови на претходното партиско раководство, кои важат за блиски на него.“ Од воведот на текстот се добива впечаток дека новинарот бил

„Фејсбук-аргументација“ за сериозни обвинувања!

на 14. 12. 2015 | |

[Рецензија: Богдановиќ повикува на атентат врз Груевски?] 

  Од авион се гледа дека овој текст е политички мотивиран. Во себе содржи обвинувања за кои нема сериозна аргументација, а дополнително презентира и документи со кои се нарушува приватноста на посочениот Саша Богдановиќ. Линкуван наслов на анализираниот напис: Богдановиќ повикува на атентат врз Груевски? Датум и време на објавување: 06.12.2015 Датум на рецензирање: 13.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   А ДА СЕ ПРАША БОГДАНОВИЌ? „Најскапо платениот директор во Македонија, директорит на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ – Српче кој воедно е и претседател на Општинската Организација на СДСМ во општина Центар преку својот статус повикува на атентат на премиерот Никола Груевски.“ Воведот на текстот, што според авторот е и главна вест, звучи застрашувачки. Директорот

Погрешно интерпретиран статус на „Фејсбук“

на 11. 12. 2015 | |
 

[Рецензија: ФОТО: Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка] 

  Овој текст има проблем со две нешта: извлекување генерален заклучок од ставот на поединец и погрешно интерпретиран објавен статус на „Фејсбук“. Текстот е манипулативен и има цел да го убеди читателот во она во што сака да верува авторот. Линкуван наслов на анализираниот напис: ФОТО: Младите од СДСМ ја поздравија новата владина мерка   Датум и време на објавување: 08.12.2015, 17:53 Датум на рецензирање: 10.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ, ПА ГЕНЕРАЛИЗИРАЊЕ Текстот, кој е преземен од друг медиум (тоа е наведено, но не е ставен линкот), се осврнува на новата мерка што ја најави премиерот Никола Груевски, дека од следната година студентите ќе имаат бесплатен јавен

Претплатете се за најнови вести