Измешани поими и весела математика
Објавено во Рецензии
on 17 - 10 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ДИЈАСПОРА: Иванов да не потпише закон што ни забранува да гласаме]
Написот кој е предмет на оваа рецензија има проблем со математиките, како и со сеопфатноста на дијаспората.
Линкуван наслов на анализираниот напис: ДИЈАСПОРА: Иванов да не потпише закон што ни забранува да гласаме
Датум и време на објавување: 09.10.2015
Датум на рецензирање: 16.10.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Читател на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) испрати предлог да направиме рецензија на овој текст. Тој вели:
„Јас мислев дека дијаспора е нешто расцепкано во стотици земји во светот, а тоа да ти било единка што може да даде изјава преку некој „Трпче Трпчески“ од Швајцарија. Математиката за да не убеди на крај е врв – во Хрватска 16.900 домашни гласачи по пратеник спрема 7.000 од дијаспората, што било однос 1:24 ???“
Имено, авторот на текстот уште во самиот наслов и во воведот на текстот наведува дека дијаспората испратила апел до претседателот Иванов да не потпишува закон кој ќе им го скрати правото на глас на изборите.
„Македонската дијаспора со писмо до претседателот Иванов бара тој да не го потпишува указот за измени во Изборниот законик доколку на иселениците им биде одземено правото на глас. Иселениците сметаат дека шефот на државата е последна можност да се спречат барањата на СДСМ, но и на партиите на Албанците, иселениците да не можат да имаат свои претставници во Собранието на Македонија.“
Зборот дијаспора, токму како што навел нашиот читател, е широк поим и ги опфаќа македонските иселеници насекаде во светот. Но, во овој текст, наместо дијаспора, имаме реакција од само еден иселеник кој живее во Швајцарија. Станува збор за Дејан Аџијоски од Женева, кој лично, само тој, е потпишан на писмото.
За да биде текстот поверодостоен, во ред би било доколку во него има реакции од повеќе иселеници или иселенички здруженија, имајќи предвид дека такви ги има многу, и тоа не само во Европа, туку и преку океанот.
Друго што се забележува во текстот е лошата математика на авторот.
„Во Хрватска просечен број гласови по мандат во матичната земја е 16.954, наспроти 7.033 во дијаспората, односно 1:24, во Франција 46.194 наспроти 20.286, Романија 19.729 наспроти 1.5220 во дијаспората и сл.“
16.954 гласачи во Хрватска, наспроти 7.033 гласачи во дијаспората, не е 1:24, туку 1:2,4. Ова, како што е наведено во текстот, е всушност математиката на Аџијоски, но сепак, авторот требало да ја провери пред да ја објави, за да не ги доведува во заблуда читателите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
Не може да се утврди
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови