verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Текст полн со навреди и со говор на омраза

на 7. 10. 2015 | |
 

[Рецензија: ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА, А?! Шилегов покажа и докажа дека е тешка “сељачина”, но и дека е нервозен и исплашен!]

  Ова на сè личи освен на новинарски текст. Написот, освен навреди и дисквалификации, не содржи ништо друго. Линкуван наслов на анализираниот напис: ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА, А?! Шилегов покажа и докажа дека е тешка “сељачина”, но и дека е нервозен и исплашен!   Датум и време на објавување: 30.09.2015 Датум на рецензирање: 06.10.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА, А?! Шилегов покажа и докажа дека е тешка “сељачина”, но и дека е нервозен и исплашен!“ Што да се каже за текст кој почнува со ваков наслов! Уште од почеток на читателот му станува јасно дека авторот на овој напис има цел

Ем стара „вест“, ем „кромид-вест“

на 4. 10. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СЕВЕРНА КОРЕЈА НАПРАВИ ЧУДО: Првата земја која успешно испрати човек на Сонцето и потоа го врати на Земјата!]

  Проблемот со написот кој е предмет на оваа рецензија е тоа што веста која ја пласира е стара повеќе од една година. Но, тоа не е сè. Доколку новинарот се потрудил да пребара малку на интернет, ќе видел и дека не станува збор за вистинит настан. Линкуван наслов на анализираниот напис: СЕВЕРНА КОРЕЈА НАПРАВИ ЧУДО: Првата земја која успешно испрати човек на Сонцето и потоа го врати на Земјата! Датум и време на објавување: 26.09.2015 Датум на рецензирање: 30.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Државната агенција на Северна Кореја денес објаве дека токму тие за прв пат во историјата на човештвото

Несериозен текст со атрактивен наслов

на 28. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак]

  Овој текст не исполнува ниту еден новинарски стандард. Нема извори, нема факти, нема изјави, нема ништо. Има само атрактивен наслов и ништо повеќе. Линкуван наслов на анализираниот напис: Чудо во манастир: Свештеник со молитви ги лекува луѓето од рак Датум и време на објавување: 18.09.2015 Датум на рецензирање: 28.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Секоја втора сабота река луѓе оди во Мачва во манастирот Илиње во близина на Шабац, каде што неговиот игумен Исаија со молитви ги лекува најсериозните болести и ги истерува демони од опседнатите.“ Уште на почетокот, текстот е несериозен, особено зашто станува збор за лекување сериозни болести со помош на молитви и со истерување демони.

Јасен пример за дискриминаторски наслов

на 28. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка?]

  Овој текст нема проблем со начинот на кој е напишан, туку со пораката што ја испраќа преку прашањето што го поставува авторот. Имено, насловот на овој напис поттикнува дискриминација кон Ромите. Линкуван наслов на анализираниот напис: Колку ќе трае луксузот во новото средно училиште во Шутка? Датум и време на објавување: 17.09.2015 Датум на рецензирање: 24.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Авторот на овој текст во насловот и на почетокот од текстот наведува дека во Шуто Оризари е отворено ново, луксузно опремено училиште, но се прашува колку ќе траел таквиот луксуз? „Општината Шуто Оризари оваа година доби ново средно училиште. Училиштето е навистина луксузно опремено, одлично изгледа, но се

Односи со јавноста и новинарство не е исто

на 19. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од дома]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател кој вели: „На Фејсбук и на нивниот веб-сајт ова е претставено како вест, иако е очебијно дека е спонзориран текст, т.е. чиста реклама“. Нашиот читател има право. Ова е реклама, а не новинарски текст. Линкуван наслов на анализираниот напис: Дејан Џокиќ заработи 3.000 евра со вложени 300 евра тргувајќи на светска берза од дома Датум и време на објавување: 16.09.2015 Датум на рецензирање: 18.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Дејан Џокиќ, бизнисмен од Ужице, веќе три месеца многу успешно тргува на светската берза, и во тој период заработил 3.000 евра на вложени

Наместо информација, политичко поентирање

на 17. 09. 2015 | |
 

[Рецензии: Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособност]

  Овој напис е класичен пример за тоа како еден обичен настан и прес-конференција се злоупотребуваат за политичко поентирање, но не од политички субјект, туку од новинар, што апсолутно е во спротивност на Кодексот на новинари. Линкуван наслов на анализираниот напис: Жерновски со солзи ја крие сопствената неспособност Датум и време на објавување: 14.09.2015 Датум на рецензирање: 17.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Наместо да информира за настан, авторот на овој текст одлучил политички да поентира, притоа изнесувајќи свои лични видувања и убедувајќи го читателот во нив. Кога еден новинар изнесува свои ставови и критики, тогаш, според новинарските стандарди и правила, треба да се потпише со име и со презиме и да нагласи

Новинарите не се политичари и треба да го запомнат тоа

на 16. 09. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?]

  Овој текст е класичен пример за спин во новинарството и за дефокусирање на јавноста. Написот е полн со коментари насочени кон дискредитација на првите луѓе на опозицискиот СДСМ и од авион се гледа дека е политички пристрасен. Линкуван наслов на анализираниот напис: Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител? Датум и време на објавување: 10.09.2015 Датум на рецензирање: 15.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Уште во насловот, авторот на текстот прашува: „Ќе бидат ли имотите на СДСМ-овците предмет на специјалниот јавен обвинител?“. Одговорот на ова прашање е јасно. Но, сепак, во написот се прави обид да се дефокусира читателот и да се нагласи наводниот

Новинарот треба и да прашува, не само да напаѓа

на 12. 09. 2015 | |
   

[Рецензија: Пулените на СДСМ, Поповски и Унковски, земале над 73.000 евра од Општина Центар]

  Овој текст е политички пристрасен и има цел да го оцрни градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, да го обвини дека истура пари од ракав нему омилени поединци, во случајов режисерите Унковски и Поповски, за проект, за кој, во случајов, нема никакво објаснување. Од друга страна, се оцрнуваат и имињата на македонските режисери посочени во написот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Пулените на СДСМ, Поповски и Унковски, земале над 73.000 евра од Општина Центар Датум и време на објавување: 07.09.2015 Датум на рецензирање: 11.09.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Целта на авторот се гледа уште во насловот – да ги дискредитира имињата на двајцата познати македонски

Кокаланов: Наша цел е со помош на насилство и уцени врз премиерот, да ја урнеме оваа и секоја следна влада

на 1. 09. 2015 | |
Кога човек си ја мрази доволно својата земја, парите не се пресудни.“ Сашо Кокаланов. Фото: приватна колекција  

„Македонската читателска публика обожава хумор и сатира. Да не е така, никој не би гледал вести на „Сител“, „Канал 5“ и на МТВ, а факт е дека луѓето со голема сласт ги гледаат. Одговарајќи на сè погласните барања на публиката за сатира и за хумор, дури и политичките партии ги

Лесна мета за тужба

на 31. 08. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СЕ РАЗВЕДУВА: Фрчковски ја малтретирал и втората жена?!]

  Овој текст има цел само дa го дискредитира и да го етикетира професорот Љубомир Фрчкоски. Авторот користи непроверени извори, а во него ја нема ниту втората страна, поради што не го задоволува минималното ниво на сеопфатност. Линкуван наслов на анализираниот напис: СЕ РАЗВЕДУВА: Фрчковски ја малтретирал и втората жена?! Датум и време на објавување: 25.08.2015 Датум на рецензирање: 31.08.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Текстот почнува со ударен наслов дека Фрчкоски ќе се разведувал и дека ја малтретирал и втората сопруга. И покрај тоа што во насловот и самиот автор се прашува дали е тоа вистина, сепак, подолу во написот се губи таквото чувство. Наместо дилемата да остане, авторот истата ја

Претплатете се за најнови вести