verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Ана Анастасовска

Новинарот треба да се води од јавниот, а не од партискиот интерес

на 9. 12. 2015 | |

 

[Рецензија: Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците ]

  Ова е еден политички мотивиран текст, кој изобилува со коментаторски елементи и кој има цел да го дискредитира во јавноста врвот на опозицискиот СДСМ.
Линк до оригиналниот напис: 
Заев тргна директно против пензионерите, администрацијата, социјалците и земјоделците Датум и време на објавување: 01.12.2015 Датум на рецензирање: 08.12.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   НЕАРГУМЕНТИРАНИ НАПАДИ Уште во самиот почеток на текстот се создава една лоша слика за двоецот Заев – Шекеринска, за што, пак, нема никакви аргументи.   „Мултимилионерот Зоран Заев, кој заедно со Радмила Шекеринска со своите милиони ја предводат опозициската партија СДСМ, сега, по договорот од Пржино, мислат дека може да прават што сакаат.“  Заев и Шекеринска

На нероден Петко, капа му кројат!

на 1. 12. 2015 | |

 

[Рецензија: Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена?]

  Ова е еден крајно манипулативен и тенденциозен текст кој има цел да ја дискредитира специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и начинот на кој таа работи. Написот наменски ги толкува фактите и форсирано наметнува дилеми, за кои авторот дава сопствени видувања. Линкуван наслов на анализираниот напис: Многу нејаснотии и дилеми: Зошто СЈО бара предмети на секои 15 дена? Датум и време на објавување: 27.11.2015 Датум на рецензирање: 30.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска   ИСФОРСИРАНА ДИЛЕМА Зошто Јанева наместо да ги земе сите предмети одеднаш, побарала само пет предмети? Ова е основната дилема што авторот ја наметнува кај читателот. Одговорот на ова прашање, пак, е содржан подолу во

Текст без факти за ширење ксенофобија

на 28. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија, а е предлог на наш читател, не ги исполнува основните новинарски стандарди. Содржината на писмото, кое е пренесено во текстот, пак, е ксенофобична и поттикнува говор на омраза. Линкуван наслов на анализираниот напис: Докторка од Германија ја открива страшната вистина за мигрантите Датум и време на објавување: 23.11.2015 Датум на рецензирање: 27.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Чешка докторка со отворено писмо го откри страшното искуство низ кое поминуваат таа и нејзините колеги во клиника во Минхен, каде што се примаат емигранти од целиот свет.“ Уште на почетокот на текстот се најавува страшното искуство на докторка која е вработена во клиника во Минхен,

Незири: За истражувачко новинарство потребна е добра финансиска кондиција на медиумот и слобода за истражување

на 26. 11. 2015 | |
Џелал Незири. Фото: лична колекција  

Во Македонија има медиуми што финансиски стојат добро, но ја немаат потребната слобода за да ги истражуваат коруптивните скандали на власта или поврзани со неа. Од друга страна, имаме медиуми кои имаат слобода за истражување, но немаат финансии за да ги поддржат новинарите во нивната работа, вели во интервју за „Сервис за проверка на факти во медиумите“, Џелал Незири, коосновач и директор

ТВ-дневник: Груевски поважен од урнатиот руски авион

на 25. 11. 2015 | |
Груевски на почеток, соборениот руски авион може да почека. Фото: скриншот  

[Критички осврт врз ТВ-дневникот на „Канал 5“ во 18 часот на 24 ноември 2015 година]

 

Соборениот руски авион, посетата на премиерот Груевски на Кина, мигрантската криза и времето беа во фокусот на овој ТВ-дневник. Тој беше релативно сиромашен со информации и изостави неколку важни вести од земјава.

  Пишува: Ана Анастасовска   Веста за соборениот руски авион,

Текст колку да се напише нешто

на 24. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Социјалните мрежи го избраа најчудното соопштение од СДСМ]

  Веќе навикнавме по интернет-порталите да читаме секакви работи што се пласираат како новинарски текстови, а имаат цел само да соберат што е можно повеќе кликнувања и со тоа да ја кренат читаноста на веб-страницата на која се објавени. Таков е примерот и со овој текст, кој не е вест, туку е тенденциозен и политички мотивиран напис. Линкуван наслов на анализираниот напис: Социјалните мрежи го избраа најчудното соопштение од СДСМ Датум и време на објавување: 20.11.2015 Датум на рецензирање: 23.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Во написот се говори за тоа дека на социјалните мрежи е избрано најчудното соопштение на СДСМ. „Иако конкуренцијата беше навистина силна социјалните мрежи овие денови го избираа

Сензационален наслов за повеќе кликнувања

на 21. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје: Полицијата не смее да влегува таму (видео)]

  Овој текст, за рецензија го предложи наш читател, а проблемот кај него е во насловот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје: Полицијата не смее да влегува таму (видео) Датум и време на објавување: 16.11.2015 Датум на рецензирање: 21.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Леглото на џихадистите е на неколку часа од Скопје: Полицијата не смее да влегува таму“. Сигурно кога ќе прочитате ваков наслов, веднаш ќе го отворите текстот да видите за кое место, блиску до Скопје, станува збор. Но, кога ќе почнете да читате, ќе сфатите дека новинарот ве носи во Босна

Преземена вест употребена во политички цели

на 18. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: Луѓе на Заев удрија по Горан Пандев]

  Написот што е предмет на оваа рецензија претставува делумна копија на друг напис, односно е преземена вест, но употребна во политичка цел. Линкуван наслов на анализираниот напис: Луѓе на Заев удрија по Горан Пандев Датум и време на објавување: 10.11.2015 Датум на рецензирање: 16.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска Тенденцијата на овој напис се гледа уште во насловот. Новинарска вест е преземена и употребена за политички атак врз лидерот на опозицијата. „Газдата на ФК Беласица Славчо Пинда, инаку познат и како многу близок човек на Зоран Заев со низа сериозни обвиненија „удри“ по Горан Пандев, пренесува струмичкиот портал „Струмица Денес“. “ Веста е дека газдата на ФК „Беласица“ упатил критики кон фудбалерот

Лесно е да се спинува кога ја нема втората страна

на 12. 11. 2015 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ не сака да стави потпис – им смета името Македонија!]

  Проблематично во овој текст е тоа што авторот извлекува заклучоци од ракав, а при тоа ја нема консултирано втората страна. Написот е политички мотивиран и има цел, по секоја цена, да ја нападне опозицијата. Линкуван наслов на анализираниот напис: СДСМ не сака да стави потпис – им смета името Македонија! Датум и време на објавување: 05.11.2015 Датум на рецензирање: 11.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „По којзнае кој пат опозициската СДСМ дејствува против државните интереси и спротивно на барањата на граѓаните. Потврда за тоа е и иницијативата за промена на името на плоштадот во Куманово од „Нова Југославија“ во „Македонија“ која СДСМ ја игнорира.“ Уште првата реченица е

Медиум прогласен за виновен за непренесување бајати вести

на 10. 11. 2015 | |
 

[Рецензија: Курир: Синиот телефон на Телма повторно заѕвони (ВИДЕО)]

  Овој текст е уште еден во низата напади врз телевизија „Телма“. Последните недели оваа телевизија се најде на тапет на провладините медиуми, кои ја оцрнуваат и ја обележуваат како сдсмовска, која работи под директива на опозицијата. Линкуван наслов на анализираниот напис: Курир: Синиот телефон на Телма повторно заѕвони (ВИДЕО) Датум и време на објавување: 01.11.2015 Датум на рецензирање: 06.11.2015 Рецензент: Ана Анастасовска „Телевизија Телма, од вчера и официјално потврди дека нема намера да работи објективно и дека за неа не претставуваат вест проектите што ги реализира Владата на Република Македонија. За отчетноста на Владата, според Телма граѓаните не треба да слушнат, пренесе Курир.“ Уште во воведот од написот, новинарот

Претплатете се за најнови вести