Новинарски лекции

ТВ-дневник: Светот невидлив од паричките во божикните погачи на македонската елита

на 8. 01. 2015 | |
Вељаноски и Иванов: Кај кого се падна паричката – поважно од масакрот во Париз. Фото: Видеоклип скриншот, обработка СПФМ
 

[Анализа на ТВ-дневник на Македонската телевизија – 7 јануари 2015 година, во 17 часот]

  Скандалозен е односот на овој ТВ-дневник во однос на настанот што го потресе светот – убиството на француските новинари. Во светот и во регионот се прекинуваа други емисии и вести, се правеа дебати, а МТВ,

Мојот премиер – цел ТВ-дневник

на 29. 12. 2014 | | sq
Колаж: СПФМ   Замислете колку му е „тешко“ на премиерот, кога тој се цитира и спомнува во шест прилози во еден ТВ-дневник. И досега, и во ерата на Се-Де-Се-То и во ерата на Ве-Ме-Ре-То, дневните агенди на премиерот се „сецкале“ на делови, ама штипскиот пример ќе остане долго во аналите на новинарската (не)професионалност.   Пишува: Веле Митаноски   Парче прво – инвестиции: Премиерот беше тргнал во Штип, во штипско Ново Село, да отвори нов музеј, овојпат на дејците на ВМРО од овој крај, во период 1983-1934. На прстите од една рака можат да се избројат медиумите што тоа го дефинираа како „Уште еден музеј на восочни фигури“! Оние, пак, другите, „за да не се сетат Власите“, како докажани спин-мајстори, музејот го

Тетовски медиуми – солидно, но и стерилно известување во тешки услови

на 22. 12. 2014 | | sq
Покрај Пена. Тетово. Фото: Adam Jones, 2013  

Како и во целата држава, главниот извор на информирање на граѓаните се телевизиите. Печатени локални изданија не постојат, а радиостаниците се речиси целосно ориентирани на забавна програма, со ретки и незначајни информативни содржини. Кога зборуваме за локалните информативни интернет-страници, пак, интересно е што и покрај експанзијата на овој вид веб-страници на национално ниво, во Тетово тие се малку на број и со

Копилето наречено „Спин“

на 20. 12. 2014 | |
Заслепен од новинарство. Фото: Ahmad Hammoud, 2009.  

„Сѐ е спин, веќе нема суштина. Вистинската, реална, политичка содржина веќе не постои“, велат критичарите на новата политичка комуникација во која спинот и неговите техники се подигнати на врвен пиедестал.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Спин-културата и ПР-демократијата го означија крајот на традиционалната политика. Што се случи? Зошто е тоa така? Како се снаоѓаат медиумите во целата таа ситуација? За да се

ТВ Дневник: Студентите во стаклен ѕвонец

на 15. 12. 2014 | |
Умберто Паскали: Наводен аналитичар кој е секогаш на малите екрани кога политиката на власта е во криза. Фото: Видео клип скриншот  

[Анализа на неделен дневник на ТВ „Алфа“ 14.12.2014]

Македонските студенти се присутни и на почетокот на вестите и при крајот, ама ниту со ставови, ниту со акции, туку се дел од невидливиот непријател кој треба да се изолира и против него да се испроба една пропагандна машинерија.

 

Колумнисти има на кило, но добрите се бројат на прсти!

на 12. 12. 2014 | |
 

Иако постојат специјализирани колумни (за спорт, економија, култура, архитектура, уметност итн.), сепак, првото својство што треба да го поседува добриот колумнист е општата култура и сестраната информираност. Во таа смисла, а и практиката тоа го покажа, најдобрите колумнисти секогаш излегуваат од редовите на универзалните незнајковци, односно од новинарите.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Колумната е, веројатно, најхибридниот од сите новинарски жанрови. Имено, како во ниту еден друг од новинарските

ТВ-ДНЕВНИК: Mожни инвестиции поважни од илјадници студенти на улица

на 11. 12. 2014 | |
„…голем број на членови и функционери од СДСМ и опозицијата им се придружија на протестите“, се вели во вестите. Колку голем? Е па шестмина… Фото: видео клип скриншот  

[Рецензија на ТВ-дневникот на ТВ „Алфа“, 10.12.2014]

Ако медиумите се слуги на народот, а не на центрите на моќ, тогаш останува отворено прашањето: Што е побитно за просечниот гледач? Што се случува дома или презентацијата на економската ориентација на

Убиство со мобилка

на 9. 12. 2014 | |
 

Интернетот дава нови можности за притискање до ѕид на индивидуата чии интимности се следат поуспешно и од Орвелово „време“. Некаде тоа завршува со самоубиство, како неодамна во Марибор, или до најниска дисквалификација како во Подгорица. Притоа, сега е уште помалку важно отколку порано дали некоја содржина за дисквалификација е монтирана (измислена) или не. Но, затоа е многу поважно од порано утврдувањето на јавниот интерес и тоа што е навистина

Апсењето на охридскиот ексградоначалник во медиумите

на 9. 12. 2014 | |
 

Како известија охридските и медиумите пошироко за апсењето на поранешниот градоначалник Александар Петрески.

  Пишува: Веле Митаноски   Доколку на власта, со тајмингот на приведувањето на охридскиот ексградоначалник Александар Петрески, намерата ѝ била да ги пресретне реакциите околу најавите за воведување на екстерно тестирање, вклучително и масовното излегување на студентите на јавни протести, тогаш успехот е постигнат. Информацијата за приведувањето и подоцна за одредениот притвор, вклучително и дополнителните –

Купот неодговорени дилеми за „Денот на дрвото“ – вистински новинарски предизвик

на 4. 12. 2014 | |
Лицата кои професионално засадуваат дрвца во Канада, можат да засадат од 1.600, па дури и до 4.000 садници дневно. Засадувач се движи низ изгорена шума во Северна Алберта, засадувјаќи нови садници на местото од изгорените. Фото: Luc Forsyth, 2013  

Манифестацијата „Ден на дрвото“ отвора куп прашања и дилеми кои заслужуваат новинарска анализа и одговори и тоа уште од 2008 година. Сомневањата и недоследностите што постојат околу оваа манифестација се