verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Веле Митаноски

Новинарството го упропастија крлежите што се накотија во професијата, цицајќи ѝ ја крвта на вистината

на 7. 08. 2015 | |
Иван Бојаџиски. Фото: приватна колекција   Иван Бојаџиски, или кратко – Бојата. Доајенот, апсолутно најстариот активен новинар во Македонија, роден 1943 година. Во моментов е редовен дописник на „Утрински весник“, а е сопственик и уредник на весникот „Штипски глас“, единствен печатен медиум во регионот. Со Бојаџиски разговараме за актуелните состојби во новинарството, за (не)почитувањето на  стандардите во професијата, за отворената пропаганда…   Пишува: Веле Митаноски   Кога во новинарството ќе се мине

Ристо Лазаров: Крајно време е нашето новинарство да се исчисти од сите Мефистофели

на 27. 07. 2015 | |
„Новинарството не беше служба, тоа беше и е страст, целосна предаденост на професијата“, Ристо Лазаров. Фото: лична колекција
 

Не го идеализирам минатото, ниту мислам дека и другаде во светот нема вакви примери, ама ова нашево новинарско дереџе тешко се наоѓа на мапата на новинарството – ни во турско, ни во каурско, вели долгогодишниот новинар и уредник, Ристо Лазаров, откако пред една година ја предаде уредничката палка во телевизија „Телма“,

Саше (Политико) викајте го и Грне, само не кршете го!

на 19. 07. 2015 | |
Саше Ивановски во неговата поранешна емисија „Политико“ на „Наша ТВ“. Фото: Јутјуб скриншот  

Саше Политико можете да го обвинувате за физички терор. Дека го малтретира вицепремиерот Пешевски. Дека тоа му го правел и пред неговите деца. Но, оваа власт треба да знае дека и Љубе Бошковски, кој скапува во затвор наместен од агент провокатор, има деца!

  Пишува: Веле Митаноски   “Викајте ме и грне, само не кршете

Телевизиите регионални – програмата национална!

на 3. 07. 2015 | |
Технички спастрено и дотерано, но здодевно. предлого и плитко. ТВ-дневникот на „О2“. Фото: скриншот  

Кон крајот на минатата година, колегите од „Нова ТВ“ известија како три фирми регистрирани во ист ден купија шест регионални и локални ТВ-станици, истакнувајќи дека новите сопственици се луѓе блиски до владејачката партија. „Сервисот за проверка на факти во медиумите“ (СПФМ) погледна што се случува во една од нив половина година по промената на сопственоста.

  Пишува: Веле Митаноски   Во мај 2013 година, власта, преку тројца свои блиски луѓе, всушност тројца луѓе – преку блискоста со власта, сите од Скопје, на ист ден формираа фирми и на ист ден (!) го заокружија проектот за купување на неколку локални телевизии во земјата. Вкупниот пакет,

За јазикот наш насушен – нашата последна татковина!

на 13. 06. 2015 | |
Фото: Буквар за прво одделение. Извор: Slideshare  

Колку и дали воопшто имаат лектори медиумите, порталите што ги сметаме за барем малку сериозни. Дали ги имаат телевизиите, барем оние со национална концесија? Да не зборуваме за „пижами-агенциите“ и за порталите од само еден човек!

  Пишува: Веле Митаноски   Она што во последно време „се продава“ како „новинарство“ во Македонија, во добар дел од медиумите и во „медиумите“ е под

„Фејсбук“, сепак, не е релевантен извор!

на 21. 05. 2015 | |
 

[Рецензија: Сведоштвото на една анонимна мајка]

  Кога е во прашање одговорноста, новинарот, ако не сака да згреши (понекогаш и да не биде „наседнат“), секогаш мора да се однесува, отприлика, како кројачот: Трипати мери – еднаш сечи! Кога пред повеќе години го подготвував порталот „Инпрес“, за негово гесло ги зедов зборовите: Брзо, точно, проверено! Брзината, отсекогаш била потреба во новинарството. Меѓутоа, без проверка, без точност, брзината понекогаш може да заврши и според онаа народната – за слепите кутриња! Во рецензијава станува збор за случајот со „анонимната мајка“ која од својот фејсбук-профил, во инбоксот на профил на друга личност, се пожалила за лош третман во ЈЗУ – Здравствен дом во Охрид. Потоа демантирала или се попишманила – сеедно, но на

Каде оди Македонија: Злоба и крвнички говор во медиумите!?

на 10. 05. 2015 | |
Нова категорија – крвнички говор. Колаж: СПФМ  

На денот на полициската акција во Куманово, на македонскиот информативен интернет видовме се и сешто: од измислени преселби и барања „предавници“ да завршеле во затвор, па се до повици полицијата да појде кај некого и – да го убие.

  Пишува: Веле Митаноски   Македонија ја преживеа црната сабота. На еден дел од својата територија доживеа вистинска војна. Војна е кога се

Една фотографија – илјада манипулации!

на 4. 05. 2015 | |
Охрид – покрај езерото. На оваа фотографија има само еден човек, ама таа вреди повеќе отколку сите оние со стотици партиски послушници на нив. Фото: Nikos Koutoulas, 2010  

Битка со фотографии. Фотографии кои ќе прикажат дали на еден политички собир имало малку или многу луѓе, дали имало малку или многу празни столчиња. Битка во која пропагандата целосно го презеде приматот пред новинарството.

 

Пишува: Веле Митаноски

  Една слика

Како Американецот Хојт Ји беше „сервиран“ на македонската новинарска „шведска маса“!?

на 22. 04. 2015 | |
Хојт Брајан Ји. Фото: Central European Policy Institute (CEPI), 2014  

На еден последен пример, посетата на високиот претставник на САД, Хојт Брајан Ји, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Азија, Американците (и светот) видоа како во Македонија медиумите се однесуваат со нивни висок функционер – по принципот „шведска маса“. Погледни, избери, земи го она што ти е по вкус, останатото отфрли го!

  Пишува: Веле Митаноски  

Иванов: Лекција за популистите и пропагандната вредност на говорот

на 10. 04. 2015 | |
Претседателот Иванов во официјална посета на Албанија и на средба со албанскиот претседател Бујар Нишани на 2 април 2015 година – единствена на највисоко ниво од почетокот на аферата „Пуч“. Фото: Претседател на РМ  

Кога американскиот претседател Барак Обама го доби првиот мандат, неговиот противкандидат уште истата вечер изјави: „До денеска Обама ми беше противник, од денеска е тој мојот претседател“. Дали, во нашата ситуација, ова можат да го

Претплатете се за најнови вести