verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Веле Митаноски

Истражувачко новинарство – што беше тоа!?

на 20. 03. 2015 | |
Под Плаошник, тука некаде се продава земјиште. Фото: Klovovi, 2009  

Држејќи ја дежурна темата за Љубаништа и за Свети Наум, сметав дека е потребно постојано да се има на линија владиката Тимотеj. Направив серија разговори, поместував често негови изјави. Од неговата прва закана: „Ќе колеме света крава пред капијата на Субрата Рој“, до поширокото интервју: “Државата го бара најубавиот дел кај Свети Наум”.

  Пишува:

Излегување од манипулативната доба

на 1. 03. 2015 | |
Фото: колаж, СПФМ  

Ништо не е така темно за да нема излез на крајот. Не се, сепак, можни бесконечни невистини, доаѓа времето на отрезнување, излегување од таа манипулативна доба, доаѓа вистината, колку и да ја извртуваат

Пишува: Веле Митаноски Македонија деновиве е своевидна планета на апсурдот и на лагите. Стигнавме до една опасна манипулативна фаза, на сцена е индустријализација на свеста, нема нормална јавност. Манипулацијата го поништува разумот и

Срамно, поданичко „новинарство“

на 12. 02. 2015 | |
Ѕвона за повикување на слугите на поседот Тинтесфилд, во близина на градот Бристол, Англија. Фото: Tony Hammond, 2012  

Медиумите, барем поголемиот дел од нив и особено оние позначајните, (телевизиите со национален предзнак) покажаа дека и дното имало дно!

  Пишува: Веле Митаноски   Во нашата, што би рекол професорот Љубомир Фрчковски, „жална“ Македонија, работите почнаа да се „поправаат“. Ама, само во шегата, во иронијата. Некој беше рекол дека иронијата

Јавнат радиодифузен сервис

на 27. 01. 2015 | |
Покрај ваква голема зграда и вакви шарени логоа за ТВ-каналите, кому му треба квалитетна телевизиска програма? Фото: Yemc, Википедија. Kолаж: СПФМ  

„Нашиот јавен сервис повеќе е јаден отколку јавен! Граѓаните, во однос на МРТВ, се еднакви само во плаќање претплата, не и во однос на услугите што ги примаат од јавниот сервис“, вели доајенот на македонското новинарство, колегата Иван Бојаџиски од Штип, поранешен член на Советот и претседател на

Паско Кузман ретуширан од телевизиски камери!?

на 12. 01. 2015 | | sq
И Паско е тука некаде, само не се гледа. Отворањето на Златната одаја во Охрид. Фото: В. Митаноски, 2014  

Овој случај покажа дека новинарите (редакциите) не само што се поделени, туку можат да бидат и затечени!

  Пишува: Веле Митаноски   На крајот од минатата година, по неколку одлагања кои, неофицијално, бea поради агендите на највисоките државни функционери (премиерот Никола Груервски) и нивното можно учество, во Охрид беше отворена

Мојот премиер – цел ТВ-дневник

на 29. 12. 2014 | | sq
Колаж: СПФМ   Замислете колку му е „тешко“ на премиерот, кога тој се цитира и спомнува во шест прилози во еден ТВ-дневник. И досега, и во ерата на Се-Де-Се-То и во ерата на Ве-Ме-Ре-То, дневните агенди на премиерот се „сецкале“ на делови, ама штипскиот пример ќе остане долго во аналите на новинарската (не)професионалност.   Пишува: Веле Митаноски   Парче прво – инвестиции: Премиерот беше тргнал во Штип, во штипско Ново Село, да отвори нов музеј, овојпат на дејците на ВМРО од овој крај, во период 1983-1934. На прстите од една рака можат да се избројат медиумите што тоа го дефинираа како „Уште еден музеј на восочни фигури“! Оние, пак, другите, „за да не се сетат Власите“, како докажани спин-мајстори, музејот го

Апсењето на охридскиот ексградоначалник во медиумите

на 9. 12. 2014 | |
 

Како известија охридските и медиумите пошироко за апсењето на поранешниот градоначалник Александар Петрески.

  Пишува: Веле Митаноски   Доколку на власта, со тајмингот на приведувањето на охридскиот ексградоначалник Александар Петрески, намерата ѝ била да ги пресретне реакциите околу најавите за воведување на екстерно тестирање, вклучително и масовното излегување на студентите на јавни протести, тогаш успехот е постигнат. Информацијата за приведувањето и подоцна за одредениот притвор, вклучително и дополнителните –

Со народни пари „вежбаат“ партиски „колумни“!

на 20. 11. 2014 | |
 

Зошто градоначалникот дозволува општинската прес-служба во Охрид, врз неговиот и врз грбот на граѓаните да учи како се пишуваат „колумни“, а не соопштенија и, всушност, да лиферува политички трактати?

  Пишува: Веле Митаноски   Локалната самоуправа во Охрид ја има веројатно најразвиената, барем квантитативно, прес-служба на локално ниво во земјата. Исто така, во однос на локалните медиуми, вработува најбројна медиумска заедница. Официјално, во општинската прес-служба во Охрид се ангажирани шест 

Известувањето од и за Охрид: Унифицирано и некритички

на 12. 11. 2014 | |
 

Локалната самоуправа во Охрид, барем по бројот на ангажираните лица, ја има една од најбројните медиумски заедници од пет-шест вработени, кои, покрај што го пополнуваат порталот, одржуваат контакт со новинарите и со редакциите во Охрид, редовно им испраќаат покани и најави, поретко соопштенија, а понекогаш и цели трактати, кои тие ги нарекуваат „колумни“, а се насочени кон сатанизирање на опозициската СДСМ.

  Пишува: Веле Митаноски   Три телевизии, уште

Струшката медиумска слика – неафирмирано богатство

на 22. 10. 2014 | |
 

За жал, од медиумски аспект, Струга, ова  раздвижено срце на мешаница од различни стилови на живот, обичаи, традиции и културно наследство, остана селска паланка до тој степен што денеска можеби најразвиениот електронски телевизиски медиум на поширокото подрачје, не е во градот, туку во едно од селата на струшката општина, додека националните ТВ-куќи од Скопје, настаните, главно, ги покриваат преку дописници од Охрид.

Пишува: Веле Митаноски   Како Струга, навистина,

Претплатете се за најнови вести