verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Фејсбук“, сепак, не е релевантен извор!

on 21 - 05 - 2015       

Детето по операција повраќаше  но сестрите - 09876-0987-crop-resize

 

[Рецензија: Сведоштвото на една анонимна мајка]

 

Кога е во прашање одговорноста, новинарот, ако не сака да згреши (понекогаш и да не биде „наседнат“), секогаш мора да се однесува, отприлика, како кројачот: Трипати мери – еднаш сечи! Кога пред повеќе години го подготвував порталот „Инпрес“, за негово гесло ги зедов зборовите: Брзо, точно, проверено! Брзината, отсекогаш била потреба во новинарството. Меѓутоа, без проверка, без точност, брзината понекогаш може да заврши и според онаа народната – за слепите кутриња!

Во рецензијава станува збор за случајот со „анонимната мајка“ која од својот фејсбук-профил, во инбоксот на профил на друга личност, се пожалила за лош третман во ЈЗУ – Здравствен дом во Охрид. Потоа демантирала или се попишманила – сеедно, но на професионален тест ставила дел нерелевантни, но и неколку, навистина, релевантни медиуми.

Јас го зедов како пример, оној меѓу најрелевантните (таков е не затоа што мене најчесто ме пренесува!), сакајќи, всушност, да си ја направам релевантна и мојата рецензија. Имено, во текстот е искористена информацијата објавена на ФБ-профилот на „позната активистка“ од Скопје. Не дека во случајов, текстов бил непрофесионален, далеку од тоа, но, сепак, морал да биде попретпазлив.

Истиот ден, сосема професионално и одговорно, објавена е и реакцијата од посочената здравствена институција, ЈЗУ – Здравствен дом во Охрид.

Детето по операција повраќаше  но сестрите - 09876-0987Линк до оригиналниот напис: Детето по операција повраќаше, но сестрите и болничарите мораа да одат на митингот, ме оставија сама во шок соба

Датум на објавување: 19.05.2015

Датум на рецензирање: 20 .05.2015

Рецензент: Веле Митаноски

Информацијата е дадена, всушност, како пренесено сведоштвото на една „анонимна мајка“, која ја напишала како порака до активистка, која, пак, ја споделила на својот фејсбук-профил. Мајката, дури и замолила: „Ова да го објавите вие, бидејќи така ќе види цела Македонија! Ви благодарам“, пишува мајката.

Така, сведоштвото допре до пошироката јавност, со централната порака:

„Јас сум мајка на дете кое вчера се оперираше во Охрид на хируршкото одделение, веднаш после операцијата ме викнаа во шок соба што е строго забрането, за да седам со детето, бидејќи цело време повраќаше од анестезијата за да можат сестрите да излезат во 12.00 да одат на митинг во Скопје.“

Вака сведочеше мајката на 19 мај, но веќе наредниот ден, на својот ФБ-профил напиша:

„По претходни информации за некои поплаки од персоналот во Хируршкото одделение во Општа болница – Охрид без никакви докази бев обвинета дека јас сум мајката што ги пласира тие информации со политичка конотација. Бидејќи секогаш јавно ги искажувам своите мислења и ставови, нема потреба тајно да пласирам информации по други портали. Затоа како мајка и овој пат јавно ја искажувам својата благодарност кон докторите хирурзи – Милчо Стефаноски, Томе Гиноски, Диел Аголи и Димитар Арнаудов. Анестезиолозите, доктор Гордана Шуковиќ Аголи и доктор Љаткоски кој 24 часа е на располагање на пациентите. Потоа сестрите Менче, Јасмина, Тања, Весна, Назире. Болничарите и останатиот персонал. Јас ја покажав мојата доблест и се заблагодарив за животот на моето дете кое ми е најважно и најсвето.“

„ДА ИМ ЈА ОСТАВИМЕ ПОЛИТИКАТА НА ПОЛИТИЧАРИТЕ“, порача овојпат „анонимната мајка“ од Охрид.

И, што да се прави сега? Најмалку – да се објави и нејзиното второ писание. Дали таа била искрена како и претходниот ден, или, пак, се премислила (или некој ја премислил!) е сосема друга работа. Меѓутоа, медиумот кој имал ФБ-контакт со „активистката од Скопје“ и можел да ја пронајде и „анонимната мајка“ од Охрид.

Никогаш не е доволен само еден извор, уште повеќе ако едниот или оној кој го користите – се социјалните мрежи. Во новинарството важи правилото на вкрстени извори. Мене, исто така, информацијата на ФБ ми прозвучи доста атрактивно. Веднаш влегов во процес на проверка. Првата адреса ми беше ФБ-профилот на „активистката од Скопје“. Со нејзините координати, се обидов да стигнам до „анонимната мајка“ во Охрид. Едноставно да ми ја потврди информацијата, односно сведоштвото. На 19 мај не успев, на 20 мај за кратко го добив нејзиното ФБ-пријателство – колку да го прочитам демантот, благодарноста до медицинскиот персонал. Побарав дополнителна изјава, дообјаснување, добив – бришење од листата на пријателите! Затоа, драги колеги, брзајте, но и бидете точни – проверувајте!


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести