Новинарски лекции

ТВ Дневник: Вести со портокалови нијанси

на 2. 12. 2014 | |
 

Гледано во целина, може да се заклучи дека централниот ТВ-дневник на Македонската радио-телевизија, наместо да биде чисто информативен и објективен (дотолку повеќе што се работи за јавен радиодифузен сервис на граѓаните), сосема непотребно добил политичка боја со портокалови нијанси.

  Пишува: Оливера Војновска      
//
Следејќи го централниот дневник на  националниот јавен сервис (МТВ 1- 27.11.2014) љубопитниот (неутралниот) гледач останува просто зачуден од економскиот „бум“ во државата!

Како се изигрува Законот за слободен пристап дo информации од јавен карактер

на 26. 11. 2014 | | sq
 

Според искуствата на новинарите, министерствата за финансии и за внатрешни работи се најзатворените институции во земјава. МВР, речиси во сите случаи се повикувало на класифицирани информации, а Министерството за финансии или не одговара или, пак, прави сè да го одбие барањето. Министерството за финансии крие колку пари им исплатило на неосновано притворените или судени луѓе во Македонија, за тајна го смета и бројот на луѓе кои исполнија услов за

ТВ-ДНЕВНИК: Премиерот и баба Ванѓа

на 24. 11. 2014 | | sq
 

[Рецензија на ТВ-дневникот на ТВ „Сител“ 22.11.2014]

Саботниот ТВ-дневник кај најгледаниот концесионер на национална фрекфенција на 22 ноември беше карактеристичен, пред сè, по гостувањето на премиерот, по присуството на теми од религијата и од надземното, по парцијална обработка на теми „зададени“ со претходната прес-конференција во Владата на РМ и од нејзиниот портпарол.

  Пишува: Љубомир Костовски   Првиот ден за викенд во програмскиот сет на оваа национална телевизија е

Со народни пари „вежбаат“ партиски „колумни“!

на 20. 11. 2014 | |
 

Зошто градоначалникот дозволува општинската прес-служба во Охрид, врз неговиот и врз грбот на граѓаните да учи како се пишуваат „колумни“, а не соопштенија и, всушност, да лиферува политички трактати?

  Пишува: Веле Митаноски   Локалната самоуправа во Охрид ја има веројатно најразвиената, барем квантитативно, прес-служба на локално ниво во земјата. Исто така, во однос на локалните медиуми, вработува најбројна медиумска заедница. Официјално, во општинската прес-служба во Охрид се ангажирани шест 

ТВ-дневник: Професионалното новинарство сѐ уште тлее во Македонија

на 19. 11. 2014 | | sq
 

[ ТВ-дневник: „Телма“, 17.11.2014 година]

Овие вести ја задоволија својата функција. Ги имаа сите битни настани без навивачки моменти, сите прилози беа вистинити, точни, содржајни, со извори и со сите правила според принципите на професионалното новинарство. И тоа што можеби не прво, но многу важно е дека овој ТВ-дневник се разликуваше од сите останати кои личат како јајце на јајце.   Пишува: Владо Ѓорчев   Навикнати на дневници во

Известувањето од и за Охрид: Унифицирано и некритички

на 12. 11. 2014 | |
 

Локалната самоуправа во Охрид, барем по бројот на ангажираните лица, ја има една од најбројните медиумски заедници од пет-шест вработени, кои, покрај што го пополнуваат порталот, одржуваат контакт со новинарите и со редакциите во Охрид, редовно им испраќаат покани и најави, поретко соопштенија, а понекогаш и цели трактати, кои тие ги нарекуваат „колумни“, а се насочени кон сатанизирање на опозициската СДСМ.

  Пишува: Веле Митаноски   Три телевизии, уште

Новинарите под лупата на деветтата Божја заповед

на 23. 10. 2014 | | sq
 

Ако се провери, прашањето на добриот глас, особено кај правниците како бранша, има посилно лоби за она „крило“ што се залага – така да речеме – весниците да го бранат јавниот интерес, штитејќи го од криминал, неморал, недемократски постапки… Судиите често го стеснуваат моментот на јавниот интерес и така дури и најзакоравените злосторници можат да „ќарат“ од новинарскиот џеб

 

Пишува: Љубомир Костовски

  Деновиве во регионот е доста

Струшката медиумска слика – неафирмирано богатство

на 22. 10. 2014 | |
 

За жал, од медиумски аспект, Струга, ова  раздвижено срце на мешаница од различни стилови на живот, обичаи, традиции и културно наследство, остана селска паланка до тој степен што денеска можеби најразвиениот електронски телевизиски медиум на поширокото подрачје, не е во градот, туку во едно од селата на струшката општина, додека националните ТВ-куќи од Скопје, настаните, главно, ги покриваат преку дописници од Охрид.

Пишува: Веле Митаноски   Како Струга, навистина,

Колку подлабока општествена криза, толку пофалшлива анкета

на 13. 10. 2014 | |
 

Во услови кога „притиска“ општествената криза во поизразен степен се намалува доследноста и изразитоста на ставот, што од своја страна спонтано ја намалува веродостојноста на анкетата во такви околности.

  Пишува: Владо Ѓорчев   Сѐ погласни се размислувањата дека манипулацијата со анкетите во Македонија отиде до совршенство, а како најчести начини како тоа се прави, се споменуваат поставувањето на воведувачки прашања, изборот на местото каде што ќе се анкетира, 

ТВ Дневник: Извештајот од Брисел и фрустрациите на еврокомесарите

на 10. 10. 2014 | |
 

Наместо објективен и сеопфатен  новинарски извештај за сите забелешки на еврокомесарите во кои доминира зборот „назадува“, иако препораката останува, добивме медиумска содржина во која за најсериозните обвинувања за политичкиот дијалог, за назадувањето во сферата на медиумските слободи и реформите во судството, меѓуетничките односи, како и дека Македонија има сериозни законодавни и процедурални проблеми во изборите, имаше само една полуреченица.

 

Пишува: Зоран Бојаровски

  Осми октомври беше денот во