Анализи

МРТ: Јавен или пропаганден сервис?

на 15. 04. 2014 | |

Од јавниот сервис се очекува да е професионален, да е урамнотежен и непристрасен во објавувањето релевантни информации за граѓаните да можат да бидат информирани за опциите кои се нудат на претседателските избори. Неместо тоа, јавниот сервис беше константно злоупотребуван како пропаганден сервис за промоција на кандидатот на власта и оцрнување на еден од кандидатите на опозицијата.

  Пишува: Жарко Трајаноски, магистер по човекови права   „Новинарите нема да прават пропаганда

Медиумите треба упорно да предупредуваат кога се крши Изборниот законик

на 14. 04. 2014 | |

Она што најмалку го остваруваат медиумите, тоа е нивната контролна улога. Во остварувањето на оваа улога на медиумите им стои на располагање моќна алатка – Изборниот законик. Повикувањето на членовите од Изборниот законик може да отвори простор за анализа, за натамошно информирање на граѓаните и за поставување прашања.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчесвка, експерт за човекови права   Правото на избор е едно од основните човекови права. Тоа е

Медиуми, избори и избирачки список во држава без направен попис

на 9. 04. 2014 | | sq
 

Суштинска е потребата да се има информација за бројот на населението, образовната структура, возраста на популацијата, расположливите земјоделски површини и слични податоци со кои треба да располага Заводот за статистика на РМ. Меѓутоа, бидејќи кај нас и ова се поврзува со политиката, неспорно е дека медиумите треба да се интересираат и за ова прашање во контекст на претстојниот изборен процес.

  Пишува: доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно

За македонско-косовските односи: трговска војна или соработка

на 4. 04. 2014 | | sq
 

Дали тоа косовските власти биле спремни да ризикуваат судбини на сопствените граѓани само и само да ја „казнат“ Македонија „за некакво си брашно“ или не верувале дека Скопје ќе одговори со тнр. „материјален реципроцитет“ или едноставно не ги промислиле доволно последиците од својот потез.

  Пишува: Сашко Тодоровски, дипломат од кариера и ополномоштен министер   Во известувањето за меѓународните односи една од најчестите грешки е пренесувањето парцијална информација или

Медиумите и известувањето за референдумите

на 1. 04. 2014 | |
 

Зошто медиумите имаат третман на продолжена рака на политичарите, односно се јавуваат со свои известувања дури кога тие ќе почнат да одржуваат брифинзи или да даваат изјави, е прашањето на кое треба да дадат одговор самите медиуми.  

 
Пишува: доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право
  Содржина која деновиве многу често може да ја прочитаме во македонските медиуми е потикната од состојбата настаната по референдумот во Крим и

Има ли слободни избори без критички медиумски дебати?

на 31. 03. 2014 | |
 

Во принцип, дебатата би требало да се оддржи дури и ако нема интерес кај една владејачка партија. Избирачите имаат право на медиумска дебата. Новинарите имаат право на медиумска дебата. Сите кандидати имаат право на медиумска дебата, и тоа право не смее да биде ускратено

  Пишува: Жарко Трајановскиексперт за човекови права   „Новинарите имаат должност и привилегија да одат во потрага и да известуваат за вистината, да

Деца и избори: политичка злоупотреба и право на критичко мислење

на 28. 03. 2014 | | sq
 

Забраната за политичка присила и организирање на децата не значи забрана тие да се интересираат за политичките случувања, да контактираат со политичарите, да влијаат на процесите на одлучување. Децата се рамноправни граѓани на Република Македонија и треба да бидат третирани како такви.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Народниот правобранител ни соопшти, и сите медиуми пренесоа: “Да не се злоупотребуваат децата во политичките кампањи“:

Неетичко известување за ХИВ и СИДА

на 25. 03. 2014 | |
 

Во  прилогот „11 нови случаи на ХИВ/СИДА годинава, лани биле откриени 24“ се објавени снимки од пациенти во болнички соби на Клиниката за инфективни болести – Скопје. Иако од снимките не можат да се препознаат лицата, видливо е дека чинот на снимање ги вознемирува пациентите и го повредува нивното право на приватност (еден од пациентите ја покрива главата со раката кога камерманот влегува во болничката соба).

  Пишува: Жарко

Новинарите многу ги сакаат анкетите

на 18. 03. 2014 | | sq
 

Aнкетите претставуваат многу корисно орудие во политиката, меѓутоа можат да бидат и исклучително деструктивно оружје.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Новинарите многу ги сакаат анкетите. Анкетите станаа составен дел на медиумското известување, посебно во текот на предизборните и изборните активности. Кога ќе се презентираат податоци од некоја анкета, тоа за медумот веќе не е нечие тврдење, не е издвоено мислење, туку, податок со

За македонско – албанските односи: Прашањата за Пустец и Радика (3)

на 17. 03. 2014 | | sq

Извесно е дека бројноста на македонското малцинство во Албанија ни од далеку не соодветствува на бројноста на албанското малцинство во Македонија, но уште поизвесно е дека се помногубројни од, на пример, Самите, или малцинство во Норвешка. Значи, меѓународната зааедница се договорила за принципи, а не за бројки. Токму заради тоа што политичкото влијание, а со тоа и можноста за мешање во внатрешните работи на друга, посебно соседна држава расте, право