Анализи

Медиумите и демонстрациите во БИХ: Информирај, ама и толкувај

на 11. 03. 2014 | |

 

Како известуваа македонските, а како балканските медиуми за протестните собири и немири во Босна и Херцеговина.

  Пишува: доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по меѓународно право   Весникот Независне новине, што излегува во Република Српска, пред десетина дена на своите страници објави една колумна во која е изнесен ставот на Игор Штикс, Сарајлија кој во моментов живее во Единбург. Тој меѓу другото пишува: Пред точно 30 години олимпискиот пламен го

За македонско-албанските односи: Договор за добрососедство и со Албанија? (2)

на 4. 03. 2014 | | sq

Ако бугарскиот предлог и инсистирање (што ги разгледувавме во рамките на македонско – бугарските односи) добија сосема сериозна покриеност во нашите медиуми, се чини дека не е случај со исто таквата иницијатива за со Албанија. Оние што инсистираат на споредба тука веројатно би инсистирале на одговор на прашањето зошто ваква разлика и не би се задоволиле со тоа дека Бугарија од тоа прави „услов“ за нашето интегрирање во ЕУ (впрочем

Претседателски избори: што за нив дознавме, а што не дознавме од медиумите

на 28. 02. 2014 | | sq
  • Ниту еден медиум не им понуди на граѓаните анализа, или барем претставување, на надлежностите на Претседателот на државата.

  • Во ниту еден од медиумите не е анализиран изборот на претседател на државата низ призмата на актуелната политичка ситуација во Република Македонија, меѓународниот контекст во кој треба да делува идниот претседател и/или основните предизвици со кои треба да се соочи.

  • Третиот елемент кој медиумите требаше и треба да го адресираат се искуствата

Визи, азил, човекови права (4): За отсуството на заштита и префрлањето на одговорноста

на 20. 02. 2014 | |

Наместо државата да се појави како гарант на правата и слободите на сопствените граѓани и заштитник на нивните интереси, во случајов, Македонија се појавува како алатка во заштитата на интересите на други држави, односно, нивните граѓани.

Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права Посебен проблем поврзан со „лажните“ азиланти е отсуството на заштита на граѓаните од страна на сопствената држава. Во делот од анализата под наслов “За казнувањето

За македонско-албанските односи: што е проблемот или „проблемот“ со Луково Поле

на 17. 02. 2014 | | sq

Кога Македонија може да биде предмет на меѓународна тужба во однос на Луково Поле, ако и воопшто може? Како тоа „министри во Владата на Македонија“ велат дека нема да дозволат овој проект да се реализира, иако претходно во повеќе наврати истите тие „министри во Владата на Македонија“ ја промовирале пред јавноста идејата за овој проект? За многу краток период овој проект станува меѓудржавен проблем, па дури и предмет за меѓупартиски

Омраза длабоко

на 12. 02. 2014 | |

Кои се елементите од кои може да се изведе заклучокот дека во колумната „Компаративност 2“ се користи говор на омраза?

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Мојата тетка Драгица Најческа во 1998 година објави прекрасен роман под наслов „Омраза длабоко“. Кога ја завршив анализата на колумната под наслов „Компаративност 2“ некако, сам по себе ми се наметна овој наслов. Најшироко дефинирано, говорот на омраза претставува

Визи, азил, човекови права (3): За казнувањето и дискриминацијата

на 10. 02. 2014 | |

Наместо анализите за дискриминација, некои медиуми и самите започнуваат своевидна хајка и промовираат различни видови профилирање и во оваа хајка Ромите не се единствената етничка група која доаѓа на удар.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Покрај слободата на движење и азилот како човекови права (разработени во: Визната либерализација – остварување на слободата на движење како човеково право и За азилот и “лажните азиланти“), во

Визи, азил, човекови права (2): За азилот и „лажните азиланти“

на 31. 01. 2014 | |
 

Прво, политичарите го промовираа, а новинарите го прифатија терминот „лажни азиланти“. Потоа, овој термин го поврзаа со визната либерализација. На крај, решавањето на проблемот со „лажните азиланти“ стана услов за опстојување на визната либерализација.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за човекови права   Во првиот дел на анализата на визната либерализација (Визи, азил човекови права: Визната либерализација – остварување на слободата на движење како човеково право) го

Каде се ставовите на медиумите кога се навистина потребни

на 29. 01. 2014 | | sq

Моќта на медиумите во креирањето на јавното мислење е нож со две острици. Што е подобро – да си резервиран или експониран?

 

Покрај пренесувањето на мислењето на експертите и политичарите, и медиумите треба да заземат став за важни прашања од државен интерес. Таквиот став ќе влијае и врз публиката, и врз политичарите во земјата, но и врз европските брокери на моќта.

  Пишува: доц. д-р Светлана Вељановска, доктор по

Визи, азил, човекови права

на 23. 01. 2014 | |

 

Во медиумите нема анализа која визната либерализација би ја погледнала од аспект на концептот за човекови права – како создавање услови за практикување на слободата на движење како едно од основните човекови права. Оттука, ниту во расправите за нејзиното укинување и мерките кои се преземаат од страна на државата новинарите не го поставуваат прашањето од аспект на загрозувањето на човековите права.

  Пишува: проф. д-р Мирјана Најчевска, експерт за