Актуелности

Аплицирај за стипендија за новинарска извонредност за 2015 година

на 16. 02. 2015 | | sq

Отворен е повикот за аплицирање за Балканските стипендии за новинарска извонредност. Последниот рок за пријавување е 25 февруари.

Отворен е осмиот повик за доделување Балкански стипендии за новинарска извонредност. На повикот, кој трае до 25 февруари 2015 година, можат да конкурираат новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Грција и од Србија. Како и секоја година, на отворениот конкурс ќе бидат избрани 10 новинари. Тие ќе добијат финансиска и професионална поддршка за да направат истражување на теми од регионално значење или од значење важно за Европска Унија. Оваа година, темата на истражувањето е „Вредности“. Испратете ни ја вашата апликација и одберете тема што ќе прикаже еден општествен аспект на „вредностите“. Пријавените кандидати што ќе

Неовластеното прислушување е неуставно и кривично дело

на 10. 02. 2015 | | sq
  Фондацијата „Метаморфозис“искажува огромна загриженост поради јавно достапните наводи за масовно и неовластено следење на граѓаните, остварено преку злосторничко здружување со злоупотреба на службена положба во државни институции и/или влијателни корпорации. Потсетуваме дека заштитата на приватноста, вклучувајќи ја и заштитата на личните податоци, но и многу поширок круг човекови права што се однесуваат на слободата и на достоинството, кои може да бидат загрозени со прислушување, е заштитена со Уставот на Република Македонија, според кој прислушувањето без судски налог е забрането: Член 17 Се гарантира слободата и тајноста на писмата и на сите други облици на општење. Само врз основа на одлука на суд може да се отстапи од начелото на неповредливост на тајноста на писмата, ако е тоа неопходно за

Aмбасадата на САД бара правно објаснување од Обвинителството кога една информација се третира како службена тајна

на 6. 02. 2015 | | sq
Фото: Mike Mozart, 2014   Амбасадата на САД во Скопје ги повика властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата на Јавното обвинителство од 3 февруари, поконкретно определувајќи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности. Амбасадата на САД истакнува дека со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на

НВО Инфоцентар објави мониторинг на известувањето на МРТ за Кежаровски, СОНК и за Заев

на 4. 02. 2015 | | sq
НВО Инфоцентарот, во рамките на својата програма за постојан мониторинг на медиумите,  а во соработка со Центарот за развој на медиуми, подготви анализа за информирањето на јавниот радиодифузен сервис за случајот Кежаровски, за штрајкот на СОНК и за кривичната пријава против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во периодот од 15 до 21 јануари 2015 година, беа мониторирани случајот Кежаровски и штрајкот на СОНК, а на 31 јануари беше мониторирано известувањето на МРТ за кривичната пријава против лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев. Македонската радиотелевизија, целосно и во континуитет, потфрла во својата улога на јавен радиодифузен сервис на граѓаните на Република Македонија. Ниту во случајот Кежаровски, ниту во случајот со штрајкот на СОНК, ниту, пак, во случајот со кривичната пријава против

Балкански стипендии за новинарска извонредност за 2015 година

на 29. 01. 2015 | | sq
Отворен е процесот на аплицирање за Балканските стипендии за новинарска извонредност. Последниот рок е 25 февруари. Вие сте добри, но би сакале да достигнете извонредност, да бидете професионалци на светско ниво? Ова е прв чекор за да напредувате во вашата кариера. Не испуштајте ја можноста да добиете професионална поддршка по највисоки стандарди, да работите со искусни уредници и новинари од регионот и пошироко, да посетувате семинари за развој на кариера и да си ја видите сторијата публикувана низ цела Европа. Искусни новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Грција и од Србија можат да аплицираат за осмиот повик за стипендии за новинарска извонредност. Секоја година, десет новинари се избираат преку отворен конкурс за да

НВО Инфоцентар: МРТ ги маргинализира и етикетира студентските протести, го прикрива скандалот со Субрата Рој

на 24. 01. 2015 | |
НВО Инфоцентар, во рамките на својата програма за постојано надгледување на медиумите, подготви анализа за информирањето на Јавниот радиодифузен сервис за актуелните општествено-политички случувања во земјава. Оваа анализа содржи две студии на случај – пропаѓањето на инвестицијата на Субрата Рој во Македонија и масовните студентски протести. Првата студија на случај претставува компаративна анализа за начинот на кој известуваше јавниот сервис во јули 2013 година, кога беше најавено влегувањето на „Сахара груп“, и во ноември 2014 година, кога беше објавено активирањето на банкарската гаранција. Втората студија на случај претставува анализа на информирањето на Македонската радиотелевизија за трите студентски протести против владините реформи во високото образование, кои се случија во декември минатата година. Надгледувањето и анализата на прилозите за студентските протести и

Протестот за Кежаровски е бунт против политиките на власта

на 20. 01. 2015 | | sq
Скопје, 20 јануари, 2015 (META)  – Неколку стотини новинари, граѓани и студенти кои денеска излегоа на протест против пресудата за новинарот Томислав Кежаровски, својата огорченост и осуда ја искажаа пред Владата, местото каде, според нив, е скроена неправедната одлука за затворање, а потоа и за привремено ослободување на новинарот. Со маски со ликот на Кежаровски на своите лица, транспаренти и со свирежи, протестот почна пред Апелацискиот суд Скопје, со испишување на слоганот „Слобода за Кежо“ на бела ткаенина, поставена на тлото, пред вратите на судот. Тамара Чаусидис, од Самостојнот синдикат на новинари, го најави доаѓањето на Кежаровски, кој утрово ненадејно беше пуштен од затворот „Скопје“. Емоциите се измешаа кога тој дојде пред судот со семејството. – Томче е со нас.

ССНМ ги повикува новинарската бранша и граѓаните на марш во чест на „Шарли ебдо“

на 11. 01. 2015 | | sq
Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) в недела, на 11 јануари 2015 година, во Паркот на новинарите во Скопје (спроти зградата на некогашната НИП „Нова Македонија“) во 15 часот, организира собир во чест на убиените новинари и на другите жртви во Париз. Собирот е инициран од повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари и на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно в недела, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во Париз во просториите на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“. ССНМ се придружува на повикот и ја повикува новинарската банша и граѓаните

Омаж за загинатите во француската амбасада

на 8. 01. 2015 | | sq, en
Скопје, 8 јануари, 2015 (META)  – Во Амбасадата на Република Франција во Скопје, денеска се одржа омаж за загинатите во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“ во Париз. Амбасадорката Лоренс Оер истакна дека денеска е ден на нацонална жалост во Франција и во дипломатските и конзуларни претставништва на нивната држава. Таа вчерашниот напад го оцени како кукавички напад и подмолен чин, во кој животот го загубија 12 лица. – Познати карикатуристи од францускиот печат, новинари, вработени и двајца полицијаци се во редот на жртвите. Тие паднаа од куршимите на омразата и на нетолеранцијата. Во Франција, „Шарли ебдо“ ја отелотворува слободата на изразување на сите можни теми. Интелектуалната провокација е суштинска за градењето на нашата мисла, на нашата демократија. Цртежнот, хуморот

„Репортери без граници“: 66 новинари се убиени во 2014 година

на 18. 12. 2014 | | sq
Меѓународната организација „Репортери без граници“ објави преглед на насилство против новинари во 2014 година. Според нивната евиденција, во текот на оваа година, 66 новинари се убиени. Со тоа, бројот на новинари убиени поради нивната работа во последните 10 години достигна 720. Вкупно 119 новинари биле киднапирани во текот на оваа година, што е зголемување од повеќе од 35 проценти во однос на претходната. Четириесет новинари во моментов се во заложништво.   66 journalists killed in 2014 http://t.co/YNBZLKLpBX #2014 #RSF #pressfreedom pic.twitter.com/cQonqx2BUt — RSF / RWB (@RSF_RWB) December 16, 2014
Како најсмртоносни земји за новинарите „Репортери без граници“ ги посочуваат Сирија, со 15 убиства, Палестина со седум, Украина со шест, како и Ирак и Либија, секоја со четири. Најмногу киднапирања на