verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сервис за проверка на факти од медиумите

Проект на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија
USAID Logo

Омаж за загинатите во француската амбасада

on 8 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански, Англиски

Скопје, 8 јануари, 2015 (META)  – Во Амбасадата на Република Франција во Скопје, денеска се одржа омаж за загинатите во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“ во Париз. Амбасадорката Лоренс Оер истакна дека денеска е ден на нацонална жалост во Франција и во дипломатските и конзуларни претставништва на нивната држава. Таа вчерашниот напад го оцени како кукавички напад и подмолен чин, во кој животот го загубија 12 лица.

– Познати карикатуристи од францускиот печат, новинари, вработени и двајца полицијаци се во редот на жртвите. Тие паднаа од куршимите на омразата и на нетолеранцијата. Во Франција, „Шарли ебдо“ ја отелотворува слободата на изразување на сите можни теми. Интелектуалната провокација е суштинска за градењето на нашата мисла, на нашата демократија. Цртежнот, хуморот е израз на едно фундаментално право – слободата на мислење. Напаѓајки го „Шарли ебдо“ поради неговите ставови, напаѓачите сакаат да нè застрашат, да ја замрзнат нашата мисла за да ја напуштиме денес идејата за слобода и утре идејата за демократија. Ние не го прифаќаме тоа варварство, ние никогаш нема да потклекнеме пред нетолеранцијата, пред тероризмот. Насекаде во светот, француските граѓани и сите носители на демократијата го креваат својот глас за да го искажат тоа. Би сакала да им одадам омаж на Шарб, на Волински, на Тињус и на другите лица што паднаа пред налетот на куршумите. Ние сме Шарли – рече Оер.

На омажот беа присутни и преставниците на новинарската заедница од Македонија кои се потпишаа во книгата на жалост. Тамара Чаусидис од Самостојниот синдикат на новинари и медумски работници рече новинарите во Македонија се обединети во сочуство.

– Македонските новинари многу добро знаат да препознаат што е притисок и гушење на слободата на изразувањето. Меѓутоа ова што се случи во Париз е навистина еден варварски чин кој што сите не шокира и кој на момент не остави без зборови, во осуда на она што се случи таму. Жално е тоа што толку децении и столетија од француската револуција се покажува дека идејата за слободата се уште бара борба и се уште бара непокор. Ние остануваме обединети со нашите француски колеги како медиумска заедница во тој непокор за борбата кон слободата на изразување – рече Чаусидис.

Насер Селмани од Здружението на новинари рече дека ова е тажен ден за сите новинари во светот.

– Не само за новинарите туку и за целиот слободен свет. Вчера немаше обид да се убие слободата на говорот туку имаше обид да се застраши слободниот свет. Ние не сме убедени дека идеалот за слободата ќе победи над варварството – рече Селмани.

 

Извор: Meta.mk. (08.01.2015). Омаж за загинатите во француската амбасада

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за најнови вести