verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Балкански стипендии за новинарска извонредност за 2015 година

on 29 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Отворен е процесот на аплицирање за Балканските стипендии за новинарска извонредност. Последниот рок е 25 февруари.

Вие сте добри, но би сакале да достигнете извонредност, да бидете професионалци на светско ниво? Ова е прв чекор за да напредувате во вашата кариера. Не испуштајте ја можноста да добиете професионална поддршка по највисоки стандарди, да работите со искусни уредници и новинари од регионот и пошироко, да посетувате семинари за развој на кариера и да си ја видите сторијата публикувана низ цела Европа.

Искусни новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Романија, Грција и од Србија можат да аплицираат за осмиот повик за стипендии за новинарска извонредност.

Секоја година, десет новинари се избираат преку отворен конкурс за да добијат финансиска и професионална поддршка за да спроведат длабинско истражување на теми со регионално значење или со значење важно за ЕУ – за 2015 година темата на истражувањата треба да биде „вредности“.

Испратете ни ја вашата апликација и кажете ни како гледате на „вредностите“, до 25 февруари.

Апликантите селектирани од независниот комитет кои ќе учествуваат во стипендиската програма ќе добијат по 2.000 евра стипендија и 2.000 евра за патувања и други трошоци на истражувањето. Тие, исто така, ќе посетуваат интернационални семинари за развој на кариера и ќе имаат континуирани консултации и средби со менторите на нивните приказни.

Завршените стории ќе бидат објавени на англиски јазик и на локалните јазици во истакнати регионални и интернационални медиуми. Најдобрите три стории ќе бидат наградени и со 4.000, 3.000 и 1.000 евра.

Последниот рок за аплицирање е 25 февруари 2015 година. Формуларот за аплицирање, насоките и други информации за стипендиската програма се достапни на: fellowship.birn.eu.com.

За да го зголеми квалитетот на известувањето, да иницира регионално вмрежување меѓу новинарите и да го зголеми балансираното покривање на темите кои се важни за регионот, но и за ЕУ, Балканските стипендии за новинарска извонредност се поддржани од фондацијата ЕРСТЕ и фондациите „Отворено општество“, во соработка со Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН).

Контакт за додатни информации:

Natalia Zaba
Fellowship programme manager, BIRN
Kolarceva 7/V
11 000 Belgrade, Serbia
Email: fellowship@birn.eu.com

 

Извор: БИРН. (29.01.2015). Балкански стипендии за новинарска извонредност за 2015 година.

Претплатете се за најнови вести