verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Аплицирај за стипендија за новинарска извонредност за 2015 година

on 16 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

logo-birn

Отворен е повикот за аплицирање за Балканските стипендии за новинарска извонредност. Последниот рок за пријавување е 25 февруари.

Отворен е осмиот повик за доделување Балкански стипендии за новинарска извонредност. На повикот, кој трае до 25 февруари 2015 година, можат да конкурираат новинари од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Грција и од Србија.

Како и секоја година, на отворениот конкурс ќе бидат избрани 10 новинари. Тие ќе добијат финансиска и професионална поддршка за да направат истражување на теми од регионално значење или од значење важно за Европска Унија. Оваа година, темата на истражувањето е „Вредности“.

Испратете ни ја вашата апликација и одберете тема што ќе прикаже еден општествен аспект на „вредностите“.

Пријавените кандидати што ќе бидат избрани од независниот комитет, кои ќе учествуваат во стипендиската програма, ќе добијат по 2.000 евра стипендија и уште 2.000 евра за патувања и за други трошоци потребни за истражувањето.

Избраните новинари ќе имаат можност да посетат интернационални семинари за развој на својата кариера и ќе имаат континуирани консултации и средби со менторите при изработката на сториите.

Нивните стории ќе бидат објавени на англиски јазик и на локалните јазици во истакнати регионални и интернационални медиуми. Најдобрите три стории ќе бидат наградени и со 4.000, 3.000 и 1.000 евра.

Не испуштајте ја можноста да добиете професионална поддршка по највисоки стандарди, да работите со искусни уредници и новинари од регионот и пошироко, да посетувате семинари за развој на вашата кариера и да ја видите вашата сторија објавена во највлијателните европски медиуми.

Последниот рок за аплицирање е 25 февруари 2015 година. Формуларот за аплицирање, насоките и други информации за стипендиската програма се достапни на: fellowship.birn.eu.com.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести