verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Најавите за тужби, закана за слободата на медиумите

on 15 - 03 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

PORTALB   Dritare Realiteti-crop

Најавата на пратеникот на ДУИ, Артан Груби, дека ќе го тужи секој медиум кој, според него, „клевети и навредува“, е обид за ограничување на слободата на говорот во Македонија. Уште повеќе што денес во Македонија просторот за критична дебата и за слободно изразување на мислењата е ограничен како никогаш досега. Најавите за таквите потези само го зголемуваат притисокот врз малкуте слободни медиуми и ги стимулираат цензурата и самоцензурата. Ако Груби се чувствува навреден или оштетен, има соодветни начини и процедури, кои ги спречуваат и поправаат евентуалните девијации во медиумите, без да има потреба од непосредни закани со тужби.

Имајќи го предвид фактот дека и судовите во Македонија, според сите релевантни извештаи, се под влијание на политиката, не треба да се побрза со тужби во институции со разнишан кредибилитет.

Во Македонија постојат механизми што ја штитат слободата на изразување, но истовремено им овозможуваат на граѓаните, без разлика дали се јавни личности или не, да го заштитат нивниот имиџ. Груби, но и кој било друг, може да се обрати до Советот за етика во медиумите на Македонија за да побара праведна одлука од самите професионалци на медиумите за случаите што што тој ги навел. Истовремено, тој може да се обрати и до „Сервис за проверка на фактите во медиумите“, каде, исто така, ќе добие мислење од професионалци.

Затоа, упатуваме повик да се искористат постојните механизми пред да се поднесат тужби и со тоа граѓаните да бидат објективно информирани, без да се загрози, на каков било начин, слободата на медиумите.

Од друга страна, потсетуваме дека нашата работа како медиуми е да ѝ служиме на вистината и имаме за обврска да ја информираме јавноста правилно, објективно, без манипулации и секако, без навреди и без клевети. Нашата одговорност како медиуми е да работиме во согласност со професионалните и етички стандарди предвидени со Кодексот на новинарите на Македонија. /Порталб

Претплатете се за најнови вести