verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Aмбасадата на САД бара правно објаснување од Обвинителството кога една информација се третира како службена тајна

on 6 - 02 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански
Фото: Mike Mozart, 2014
Фото: Mike Mozart, 2014

 

Амбасадата на САД во Скопје ги повика властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата на Јавното обвинителство од 3 февруари, поконкретно определувајќи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности.

Амбасадата на САД истакнува дека со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на канцеларијата на Јавното обвинителство, во која се вели дека „објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“.

„Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации што би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога“, стои во соопштението на Амбасадата на Соединетите Американски Држави.

 

СООПШТЕНИЕ JORM

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести