verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ССНМ ги повикува новинарската бранша и граѓаните на марш во чест на „Шарли ебдо“

on 11 - 01 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ) в недела, на 11 јануари 2015 година, во Паркот на новинарите во Скопје (спроти зградата на некогашната НИП „Нова Македонија“) во 15 часот, организира собир во чест на убиените новинари и на другите жртви во Париз.

Собирот е инициран од повикот на Меѓународната федерација на новинари, Европската федерација на новинари и на француските новинарски синдикати, како и на бројни синдикати на новинари од Европа, кои ги повикаа сите колеги масовно в недела, во 15 часот, да учествуваат на маршот во чест на убиените новинари и на другите жртви во масакрот во Париз во просториите на сатиричниот магазин „Шарли ебдо“.

ССНМ се придружува на повикот и ја повикува новинарската банша и граѓаните да дојдат во Паркот на новинарите, каде ќе можат да остават пораки со поддршка до колегите од Франција и од каде заедно ќе маршираме до Амбасадата на Реублика Франција во Скопје. Со симболично оставање моливи, да ја покажеме сплотеноста на професијата и на граѓаните во одбрана на правото на слобода и на пркос без кои новинарството не е можно.

Извор: Објава на фејсбук-страницата на ССНМ. (10.01.2015)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести