verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Силвана Жежова

Неиздржано пребојување на „шарените“

на 16. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: „Телеграф“: Стратегијата за вандализам „шарените“ ја учат од оваа српска книга, бојата им е увезена идеја (ФОТО)]

Текстот што е предмет на рецензија ѝ припишува на „Шарената револуција“ дека наводно стратегијата за своето дејствување ја учи од книгата „Мустра за револуција“ на Срѓа Поповиќ, без притоа да се понудат адекватни докази за тоа, имајќи предвид дека за протестирање се напишани многу книги претходно и се одржувале огромен број најразлични протести многу, многу пред да се појави „Отпор“, односно КАНВАС. Потоа, малку збунува со „аргументите“ – иако во еден момент се вели дека протестите во Скопје немаат организатор ниту, пак, лидер, на друго место се вели дека собирањето на граѓаните е организирано. Тоа во време на развиена комуникација преку

Чуму расчепкување на веќе апсолвирано прашање?

на 14. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Скандали се нижат во СЈО: Граѓаните и експертите сметаат дека Јанева и соработниците за неработа земаат огромни плати]

Текстот што е предмет на рецензијава ги третира платите на специјалните јавни обвинители, што е веќе апсолвирано прашање, бидејќи Собранието го изгласа и го одобри буџетот на Специјалното јавно обвинителство на 27 јануари годинава. Кога со 64 гласа „за“ и со еден „воздржан“ пратениците го усвоија предложениот буџет и ова прашање е решено на институционално ниво, останува да виси во воздух мислењето на граѓаните… Текстот ја „анализира“ платата на специјалните јавни обвинители само од аспект на бројка, за да прикаже дека тоа е превисока сума за институција која „ништо не работи“.     Линк до оригиналниот напис: Скандали се нижат

Километарски наслов со неколку килограми вулгарности

на 9. 06. 2016 | | sq
[Рецензија: Бетмен пушит активиран од режимот да ги јаде лајната кои ни Филип Петровски не сака да ги изеде, се заканува ќе тепал се од Шарената револуција]
    Освен „километарски“ долг наслов кој всушност, сакал, да каже сѐ, ова што треба да биде напис нема никаков текст, само скриншот од фејсбук-објава! Станува збор за еден од многуте примери низ интернет-порталите во кои се уриваат сите стандарди на новинарско пишување, бидејќи овде најмалку има новинарство, а уште помалку има пишување. Се работи за класична злоупотреба на медиум во кој, поради статус на „Фејсбук“ на неистомисленик, се употребува највулгарен речник за негова дискредитација. Недолични зборови и за усна комуникација, а камоли ставени во пишана форма и кои, впрочем, читателската публика нема

Живописен информативен текст за македонската митра

на 8. 06. 2016 | |
 
[Рецензија: Македонска митра од Рајчица стана тијара на папата Франциско]
Информативен и интересен текст кој нуди несекојдневни информации поврзани со македонската митра, која ја изработуваат монахињите во манастирот „Рајчица“. Материјалот што е предмет на рецензија ги информира читателите дека една од овие, своевидни уметнички дела, му е подарена на папата Франциск и „веќе е заведена како негова тијара во согласност со ватиканската традиција секој папа да има своја митра“. Овде, освен што се прикажува до каде може да стигнат македонските митри, читателите се едуцираат и за тоа дека станува збор за одреден вид традиција на Ватикан.   Линк до оригиналниот наслов: Македонска митра од Рајчица стана тијара на папата Франциско Датум и време на објавување: 19.05.2016, 18:04

Сѐ што е од СДСМ не чини

на 6. 06. 2016 | |

[Рецензија: Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали]

Текстов поставен во рубриката „Вести“ на порталот би требало да ја пренесе главната вест – дека Собранието ги прифатило оставките на министрите од опозицијата и соодветно да информира. Наместо тоа, под маската на вест е протнат еден голем коментар во насока на дискредитација на опозицијата. Тоа се коси со препорачаното во прирачникот Етиката во новинарството на Здружението на новинари во членот 13, каде јасно пишува дека „новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“   Линк до оригиналниот наслов: Собранието ги прифати оставките на министрите со нула дела и многу скандали Датум и време на објавување: 18.05.2016 Датум на рецензирање: 06.06.2016 Рецензент:

Злоупотреба на медиумите за лични преписки и за навреди

на 25. 05. 2016 | | sq

Навредите во медиумскиот дискурс смее да се најдат само за илустрација што е тоа што не чини. Фото: Викимедија

Во медиумите најмалку има место за употреба на вулгарности, навреди, пцости, односно јазик кој е недоличен за да биде консумиран од јавноста, но, за жал, токму тој многу често се употребува на телевизиите во т.н. шоуа, дебатни емисии, а сè позачестен е и во медиумскиот интернет-простор. Таму речиси и не владеат

Со леснотија пренесена лажна информација

на 20. 05. 2016 | |

[Рецензија: Хорор во Белград: Убиен Воислав Шешељ во Белград?!]

  Текстот дезинформира и пренесува лажна информација од босанскиот медиум www.bhmagazin.org за наводното убиство на српскиот политичар Воислав Шешељ. Насловот е сензационалистички и шпекулативен, а за наводното убиство за кое се пишува, се поставува и прашалник. Задача на новинарот е да ја дознае вистината и да ја напише точната информација, без разлика што овде станува збор за пренесен текст. Исто така, тој треба да внимава на изворите, односно во конкретниот случај, дали медиумот кој го пренесува е релевантен, дали текстот од тој медиум е сеопфатен и со факти кои ќе ја потвдрат информацијата која по својата природа е чувствителна – убиство на познат политичар. Линк до оригиналниот наслов: Хорор во Белград:

Дрва и камења по министерката Ременски!

на 17. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Родителите од општина Илинден револтирани: Ременски не го потпишува решението за вршење дејност за новата градинка]

  Текстот што е предмет на рецензија го вперува прстот во техничката министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, како единствен „виновник“ за неработењето на новата градинка во Општина Илинден. Но, за ваквите обвинувања не се презентира издржана аргументација, туку  како единствен „доказ“ се приложуваат изјавите на родителите. Нивните изјави, несомено, се важни за приказната. Меѓутоа, независно што родителите се соочуваат со реален проблем ( чувањето, односно згрижувањето на децата додека се на работа), сепак, тие не би можеле да ги лоцираат вистинските причини за тоа кој го кочи отворањето на градинката. Ваквите одговори  треба да се побараат од друга адреса –

Школски пример за дезинформирање

на 13. 05. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори]

  Текстот насловен „СДСМ призна дека немаат поддршка од народот и пак избега од избори“, преставува школски пример за тоа како се дезинформира јавноста. Овој материјал тврди дека СДСМ ги избегнува изборите поради нискиот рејтинг, а ја премолчува вистинската причина за оваа одлука, која лидерот на опозицијата, Зоран Заев, ја соопшти на прес-конференција на 6 април. Тогаш тој истакна дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори  на 5 јуни бидејќи „ВМРО-ДПМНЕ го урива Договорот од Пржино, односно нема прочистен избирачки список, реформирани медиуми со што нема услови за фер и демократски избори“. Линк до оригиналниот наслов: СДСМ призна дека немаат поддршка од народот

Лицемерие: И Гоце Делчев (зло)употребен за политичка пресметка

на 10. 05. 2016 | |

[Рецензија: ЛИЦЕМЕРИЕ: Наутро се поклонуваат на Гоце Делчев, а попладне ги фарбаат и уништуваат спомениците на револуционерите (ФОТО ГАЛЕРИЈА)]

  Мотивите за „Шарена револуција“, која симболично означува бојадисување на Македонија во боите на слободата и на демократијата и истовремено изразува револт против непродуктивно потрошените пари на скапи споменици и на барокни згради, не можат да се доведат во корелација со почитта кон ликот и кон делото на Гоце Делчев. Оттука, констатацијата искажана во насловот :„СДСМ наутро се поклонува на Гоце Делчев, а попладне уништуваат споменици на револуционери“, не е ништо друго туку тенденциозна конструкција во која намерно се става знак на равенство меѓу социјалдемократите и масовното граѓанско движење кое почна во Скопје и се прошири низ целата земја.

Претплатете се за најнови вести