verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неиздржано пребојување на „шарените“

on 16 - 06 - 2016       

 

Kurir za Telegraf

[Рецензија: „Телеграф“: Стратегијата за вандализам „шарените“ ја учат од оваа српска книга, бојата им е увезена идеја (ФОТО)]

Текстот што е предмет на рецензија ѝ припишува на „Шарената револуција“ дека наводно стратегијата за своето дејствување ја учи од книгата „Мустра за револуција“ на Срѓа Поповиќ, без притоа да се понудат адекватни докази за тоа, имајќи предвид дека за протестирање се напишани многу книги претходно и се одржувале огромен број најразлични протести многу, многу пред да се појави „Отпор“, односно КАНВАС. Потоа, малку збунува со „аргументите“ – иако во еден момент се вели дека протестите во Скопје немаат организатор ниту, пак, лидер, на друго место се вели дека собирањето на граѓаните е организирано. Тоа во време на развиена комуникација преку социјалните мрежи и не е проблем да се направи несистематски и неформално, преку брзо информирање на демонстрантите од објави на некои од учесниците во протестите.

 

sareniЛинк до оригиналниот напис: Телеграф: Стратегијата за вандализам „шарените“ ја учат од оваа српска книга, бојата им е увезена идеја (ФОТО)

Датум и време на објавување: 10.06.2016, 10:33

Датум на рецензирање: 15.06.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ДЕЗИНФОРМИРАЊЕ ЗА ПРИРОДАТА НА ПРОТЕСТИТЕ

Како и на кој начин токму авторот на книгата Срѓа Поповиќ им го продава начинот на протестирање на учесниците во „Шарената револуција“ не е покажано, имајќи ги предвид фактите што ги наведовме погоре. Исто така, преку спинови текстот се обидува да го избрише граѓанскиот предзнак на ова движење чиишто услови и барања се јасно поставени.

Начинот на демонстрирање во „Шарена револуција“ во ниту еден случај не може да се спореди со насилните демонстрации во посочените држави (Србија, Украина, Сирија, Египет, Тунис), каде што стануваше збор за насилни и за крвави сценарија за соборување на режимите. Начините на протестирање на „Шарената револуција“ се мирни и ненасилни протести и герила-акции.

„Бојадисувањето на спомениците, фрлањето боја во фонтаните, протестите, блокирањето на улиците, графитите низ целиот град… сето тоа е изум на Поповиќ, кој дебело им го продава на овдешните опозиционери. Лидерот на КАНВАС во книгата вели дека насилното симнување од власт на легално избрани влади е добро испробан рецепт во Србија, Украина, Сирија, Египет, Тунис, па дури и на Малдиви“.

Написот што е предмет на рецензија не нуди докази за тврдењето дека активисти на КАНВАС доаѓале и ги обучувале „соросовите невладини организации, од каде што доаѓаат најголем дел од демонстрантите“, што е уште еден обид за дискредитирање на граѓанскиот предзнак на демонстрантите. Притоа се зборува и за поддршката од организации, новинари и активисти за кои се вели дека „немаат харизма да ја повлечат масата“, иако нивната појава на овие протести најмногу е изразување став, отколку обид да се повлече масата.

„Активисти на КАНВАС неколкупати доаѓаа во Велес и во Скопје да ги обучуваат Соросовите невладини организации, од каде што доаѓаат најголем дел од демонстрантите. Познато е дека протестите во Скопје немаат организатор ниту, пак, лидер, а движењето „Протестирам“, кое ги повикува опозиционерите да излезат на протест, никаде не е регистрирано. Поддршка им даваат голем број невладини организации, новинари, активисти кои немаат никаква харизма да ја повлечат масата“.

 

ЛОШ ОБИД ПРОТЕСТИТЕ ДА СЕ ПРИПИШАТ НА „ИНСТРУКТОР“

Црвената боја како симбол на крв е општоприфатен факт и ако веќе се зборува за инвентивност, не е изум ниту на Поповиќ, ниту на „шарените револуционери“, туку е користена многу пред Поповиќ, па оттука не може да стане збор за продажба на трик. Црвената боја користена од „Шарената револуција“ ја симболизираше крвта на Мартин Нешковски (момчето кое беше убиено на славеничкиот протест на ВМРО-ДПМНЕ), и тоа не само со фрлање на црвена боја во фонтаната, туку и со бојадисување на плоштадот, местото каде што згасна животот на овој млад човек.

„Последниот и најочигледен пример во немањето инвентивност на овдешните демонстранти е фрлањето црвена боја во фонтаните низ Скопје, која божем требаше да ја симболизира крвта на Мартин Нешковски. Нема врска.Овој трик Поповиќ веќе го има продадено во Сирија, и таму требало да го претставува насилството на режимот на Башар ал Асад.“

Факт е дека постојат книги во кои се пишува за начините на мирно и на креативно протестирање, но написот не нуди факти кои ќе докажат дека протестите на „шарените“ се научени од оваа книга и се коси со едно од начелата на учесниците на „Шарената револуција“ за мирно протестирање. Преку коментирање и спинување на информации, целта на рецензираниот текст е да ја прикаже „Шарената револуција“ како иницијатива која на насилен начин сака да го урне режимот и дека граѓаните кои демонстрираат се политички определени или припадници на организации „непријателски“ за државата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

Изворот е книга која се злоупотребува.

официјални, неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести