verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Со леснотија пренесена лажна информација

on 20 - 05 - 2016       

centarnews

[Рецензија: Хорор во Белград: Убиен Воислав Шешељ во Белград?!]

 

Текстот дезинформира и пренесува лажна информација од босанскиот медиум www.bhmagazin.org за наводното убиство на српскиот политичар Воислав Шешељ. Насловот е сензационалистички и шпекулативен, а за наводното убиство за кое се пишува, се поставува и прашалник. Задача на новинарот е да ја дознае вистината и да ја напише точната информација, без разлика што овде станува збор за пренесен текст.

Исто така, тој треба да внимава на изворите, односно во конкретниот случај, дали медиумот кој го пренесува е релевантен, дали текстот од тој медиум е сеопфатен и со факти кои ќе ја потвдрат информацијата која по својата природа е чувствителна – убиство на познат политичар.

SeseljЛинк до оригиналниот наслов: Хорор во Белград: Убиен Воислав Шешељ во Белград?!

Датум и време на објавување: 17.05.2016

Датум на рецензија: 18.05.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ШПЕКУЛАЦИИ И ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Написот известува за убиство на политичка фигура од форматот на Шешељ, а се повикува само на еден босански медиум чијашто релевантност е под знак прашалник. Притоа, освен што е наведено името на медиумот, не постои и линк што би го однел читателот до изворната „вест“.

„Како што соопшти порталот BHmagazin.org, не се знае кој пукал во Шешељ, ниту кои се мотивите, но се шпекулира дека е нарачан атентат поради радикалното делување на Шешељ“.

За наводното убиство на Шешељ нема потврда од Министерство за внатрешни работи на Србија или од српската полиција, а се шпекулира за мотивите за неговото убиство, што е некако нелогично. По редот на нештата, би требало најпрво да се потврди веста од релевантна институција.

Во финишот на текстот се (дез)информира дека

„Шешељ бил пренесен во болница со прострелна рана во стомакот, а според првичните информации тој ја загубил битката за живот“.

Но, ниту за ова нема потврда од болничката установа во која бил примен. Останува непознатото и од каде конкретно  се добиени првичните информации  дека Шешељ, наводно, не преживеал.

За ова наводно убиство не напиша ниту еден српски медиум, а материјалот што го рецензираме е пример како некои македонски медиуми со леснотија пренесуваат непроверени содржини од регионот, кои имаат цел да ја „закачат на јадица“ читателската публика.

Инаку, самата вест (и под претпоставка дека навистина се случило убиство), е лошо напишана и со јазични грешки.

„Доцна синоќа во Белград се случувало вистински хорор, жителите се во паника, а полицијата трага по сторителот кого го уби Воислав Шешељ“.

Веста за убиството доаѓа на крајот на реченицата, што е сосема погрешно. Настаните за кои се пишува се изнесени по обратен редослед, „последиците“ од главната вест се ставени први, а истата доаѓа на крај, наместо со неа (ако е вистинита) да почне текстот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести