verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Професорот Калајџиев на „тапет“

on 20 - 05 - 2016       

zurnal

[Рецензија: Личност на неделата: Несудена Катица]

 

Ако коменатрот го ставите во категоријата вести, тоа не значи дека по автоматизам текстот ќе стане вест. Не, коментарот ќе си остане коментар. Тоа е исто како да се надевате дека ако пуштите волк во трло со овци, тој наместо да завива ќе почне да блее.

1111Линк до оригиналниот напис: Личност на неделата: Несудена Катица

Датум и време на објавување: 16.05.2016

 Датум на рецензирање: 17.05.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 КОМЕНТАРОТ „ЗАВИВА“ И КОГА Е МЕЃУ ВЕСТИТЕ

 Една мана, ама, сериозна… Пуштен е коментар онаму каде што не му е местото.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот – член 13 од Кодексот на новинари

Оваа разлика во дадениот случај не е направена. Се претопуваат ставовите, претпоставувам лични, со информацијата, иако малку застарена, дека позната јавна личност, професор од Правниот факултет, активно учествува на протестите на „Шарената револуција“, што подарзбира дека и тој зема боја в раце и ги „фарба“ објектите од „Скопје 2014“. Самиот факт дека станува збор за „бајата“ случка,  потврдува дека текстот не може да го има предзнакот „вест“, за што говори и употребениот пристап. Тој е коментаторски, но со елементи на анализа на претходна ситуација, кога името на професорот се вртеше како можно решение за специјален јавен обвинител, пред воопшто на таа позиција да биде избрана Катица Јанева. И, оттука тргнува „лавината критики“ на сметка на правниот експерт.

Споменатиот воопшто не е поштеден,  му се забележуваат неколку работи. Прво, дека пледирал да биде на чело на СЈО, второ дека со учеството во протестите „ги прекршувал законите што самиот ги пишувал“. Прашањето е од која позиција се критикува професорот, па јасно е дека од коментаторска.

„Наместо да се бламира подобро ќе беше да си поднесе оставка од функцијата. Она што е уште потрагично е што тој е професор по право, а самиот го крши правниот систем.“

 

„Е да, професоре, за бламот се работи. И за кршењето на правниот систем. И за трагедијата дека професор по право. Но нејсе, чиј е бламот негова е и одговорноста. Туку, интимно за крај, маичка СЈО носиш под тогата?“

Сепак, можеби најнекоректен сегмент е почетокот каде се прави своевидна лична карта на професорот, повеќе во стилот на полициска белешка, отколку на медиумско четиво.

„Роден: 10.1.1962 г. во Скопје
Образование: угледен професор
Хоби: Катица на улица
Политичка определба: хулиган
Интимна облека: СЈО маичка“

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

целиот текст е коментар

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести