verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Виорење на национално знаме не е провокација

on 20 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

СЕ СПРЕМА ПРОВОКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ НА_ - http___infomax.mk_wp_се-

[Рецензија: СЕ СПРЕМА ПРОВОКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР: Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација!]

 

Овој текст, кој во насловот информира за некаква си провокација со истакнување на џиновско албанско знаме на фудбалски натпревар, всушност, самиот е провокативен и поттикнува на национална дискриминација, што е спротивно на новинарските правила и стандарди.

СЕ СПРЕМА ПРОВОКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација iNFOMAX.mkЛинк на оригиналниот напис: СЕ СПРЕМА ПРОВОКАЦИЈА НА ФУДБАЛСКИ НАТПРЕВАР: Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација!

Датум и време на објавување: 16.05.2016

Датум на рецензирање: 20.05.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПОТПАЛУВАЊЕ

„Се спрема провокација на фудбалски натпревар: Пола Тетово доаѓа во Скопје да го развиори албанското знаме како провокација!“. Ваков наслов во новинарски професионален текст е недозволив. Прво, во насловот, а и во текстот подолу, се зборува за настан кој би се случил во иднина. Значи, немаме информација, немаме вест, туку претпоставка. Понатаму, мора да се нагласи дека виорењето национално знаме на фудбалски натпревар не е ниту недолично, ниту спротивно на фудбалските правила, па оттаму и не може да се тврди дека тоа е некаква провокација.

Во Македонија постои Закон за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари со кој се  уредуваат прашањата што се однесуваат на насилството и на недостојното однесување на спортските натпревари, мерките за нивно спречување заради безбедност на гледачите, натпреварувачите и другите учесници во спортските натпревари, како и обврските на организаторите и овластувањата на надлежните органи за спроведување на тие мерки.

Според овој Закон, под насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, во делот на употребата на знамиња, се смета:

Внесување и истакнување на транспаренти, знамиња и други предмети со текст, слика, знак или други обележја, како и пеење на песни или дофрлување пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини.

Оттука, не може да се каже дека виорењето национално знаме предизвикува омраза, бидејќи тоа е национален симбол на албанската заедница, која е втора по големина во Македонија. На стадионите никогаш и никаде не било забрането веење на национални знамиња.

„Инаку истакнување на џиновско знаме на Албанија нема да биде првпат од страна на навивачите на Шкендија, кои истото го сторија и во квалификациите за ЛШ пред пет години против белградски Партизан, а и во минатото на дуели на својот тим во Првата лига во Тетово.“

Воопшто, нема да биде првпат на трибини да биде истакнато џиновско национално знаме. Тоа го правеле и македонски навивачи.

Очигледно е дека со овој напис се сака да се провоцира и можеби да се поттикне национална дискриминација, што е спротивно на новинарските правила и стандарди. Кодексот за новинари, во членот 10 јасно пропишува дека:

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

национална дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести