verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лицемерие: И Гоце Делчев (зло)употребен за политичка пресметка

on 10 - 05 - 2016       

http___kurir.mk_makedonija_vesti_ 11

[Рецензија: ЛИЦЕМЕРИЕ: Наутро се поклонуваат на Гоце Делчев, а попладне ги фарбаат и уништуваат спомениците на револуционерите (ФОТО ГАЛЕРИЈА)]

 

Мотивите за „Шарена револуција“, која симболично означува бојадисување на Македонија во боите на слободата и на демократијата и истовремено изразува револт против непродуктивно потрошените пари на скапи споменици и на барокни згради, не можат да се доведат во корелација со почитта кон ликот и кон делото на Гоце Делчев. Оттука, констатацијата искажана во насловот :„СДСМ наутро се поклонува на Гоце Делчев, а попладне уништуваат споменици на револуционери“, не е ништо друго туку тенденциозна конструкција во која намерно се става знак на равенство меѓу социјалдемократите и масовното граѓанско движење кое почна во Скопје и се прошири низ целата земја.

http___kurir.mk_makedonija_vesti_l-crop-003Линк до оригиналниот наслов: ЛИЦЕМЕРИЕ: Наутро се поклонуваат на Гоце Делчев, а попладне ги фарбаат и уништуваат спомениците на револуционерите (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Датум и време на објавување: 04.05.2016

Датум на рецензија: 09.05.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

„Додека наутро наводно оддаваат почит и признание, нивните вандали попладне во сите сили атакуваат врз обезличување на овие спомен-обележја, што само уште еднаш потврдува колкав е степенот на лицемерие во редовите на опозициската партија.“

Текстот, од една страна, сака да ги дискредитира протестите кои се случуваат веќе четврта недела, нарекувајќи ги демонстрантите „ванадли и хулигани“, а од друга страна да ја оцрни опозицијата дека е лицемерна и не ја почитува македонската историја, иако нејзините претставници на 4 мај положија цвеќе на споменикот на Гоце Делчев по повод одбележувањето на 113 години од неговата смрт. Пишуван во тој дух, написот ја претставува СДСМ како

„партијата која стои зад сквернавењето, фарбањето и уништувањето на спомениците на револуционерите изминатиов период“,

иако нема никакви докази дека зад бојадисувањето, а не сквернавењето (како што бојадисувањето се нарекува во текстот),  стојат партиски членови на СДСМ.

 

КОНСТРУКЦИЈА

И покрај тоа што најголем дел од протестите се мирни, сепак, текстот наменски го користи терминот „хулигнаство“. Освен демолирањето на народната канцеларија на претседателот Иванов, како и минорните инциденти меѓу полицијата и демонстрантите што се случија на неколку протести, немаше други поголеми инциденти, па сепак за демонстрантите упорно се употребува оваа квалификација. Факт е, наспроти тоа, дека демонстрантите покажуваат почит спрема припадниците на безбедносните сили, ги повикуваат да преминат на „нивна страна“, но и се обидуваат да ги заштитат  од балоните со боја кои ги фрлаат врз спомениците од „Скопје 2014“ и врз некои објекти на државни институции (како, на пример, Антикорупциската камисија).

Во текстот, инаку, воопшто не се споменуваат мотивите за однесувањето на демонстрантите, односно дека протестите се испровоцирани од одлуката на Ѓорге Иванов за аболирање на лица кои се вмешани во изборен и во друг вид криминал.

Се изнесуваат и невистини во однос на организаторите на протестот, се наведуваат Сорос и СДСМ,  а вистината е дека  протестите ги организира граѓанското движење „Протестирам“.

„Во хулиганството, нападот на полицијата, кршењето на прозорците и уништувањето на спомениците и разните државни и приватни објекти, крадење, палење и уништување на инвентарот во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, сквернавењето на Порта Македонија, фрлањето боја и прашок за перење во фонтаната на Александар Македонски, „бомбардирање“ со боја на зградите на Министерството за култура, Владата на Република Македонија, Агенцијата за медиуми и др, на протестите организирани од невладините на Сорос и СДСМ, учествуваат високи функционери и членови на СДСМ.“

Написот не нуди никакви докази и факти за она што се тврди во него и неосновано сака да прикаже дека најголемата опозициска партија ја обезвреднува македонската историја.

Индиректно се дискредитираат и мотивите на демонстрантите, со тоа што им се припишува партиска припадност, иако „Шарената револуција“, пред сè, е граѓанска иницијатива која доби поддршка од повеќе опозициски партии и од македонскиот и од албанскиот блок.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести