verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Содржина со предумисла да нападне

на 22. 12. 2015 | | sq

 

[Рецензија:Граѓаните.мк уште една приземна манипулација на Сорос]

  Во рубриката „Вести“, во поткатегоријата „Македонија“, објавена е медиумска содржина која е чист коментар и политички пристрасен текст, која нема врска со ниту еден критериум што треба да ја има некоја новинарска содржина што треба да биде вест. Оттаму, во еден дел, е поттикната и реакцијата на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ). Тој ни ја предложи за рецензија оваа збирштина од коментари и компилација од сите веќе познати клевети на сметка на личности од јавниот живот, како и на граѓански организации. Линк до оригиналниот напис: Граѓаните.мк уште една приземна манипулација на Сорос Датум и време на објавување: 29.11.2015 Датум на рецензирање: 21.12.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски

Гласниот марш на партиските медиумски предатори

на 21. 12. 2015 | | sq
Фото: скриншот. Фото ефект: funphotobox  

Според природната физичка конституција и умната човечка промисла, кај претставниците на ова „новинарство“, наместо систем за разум, мерка и достоинство, имплантирани се рецептори кои примаат наредби за дискредитација. Дури и волуменот за гласност и за бесрамност се управуваат со далечински управувач.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Колку повеќе се зборува за состојбите во медиумите, колку поблиску сме до отворањето на прашањата од кои треба

Сексистичка и понижувачка медиумска содржина

на 18. 12. 2015 | |

[Рецензија: Србинките и Бугарките даваат без проблем, Македонките не се толку лесни!]

Се навикнавме да „налетуваме“ на содржини во медиумите кои за основна цел имаат да го провлечат вниманието на публиката, атакувајќи на страстите кои, најчесто, се поттикнати со сексуални алузии. Но, тоа не значи дека ќе престенеме да реагираме од аспект на сериозните професионални пропусти што притоа се прават. Веднаш да кажеме дека не си ја преземаме улогата на морализатори и допуштаме дека секој медиум сам си ја креира уредувачката политика и самиот, односно нејзините креатори, се одговорни за неа и за последиците што произлегуваат оа таквите уредувачки принципи. Во овој случај, последиците се една крајно сексистичка и понижувачка медиумска содржина. Навредлива и полна со стереотипи! Линк до оригиналниот

Комшиски озборувања како новинарски извор

на 16. 12. 2015 | |

[Рецензија: Кој го кара Заев на српски?]

Иако, можеби, не е најважно, мора да се признае дека доколку му пријдете на текстот како на забавна содржина, додека го читате, ќе налетате на неколку места и поенти кои слатко ќе ве насмеат. Како насловот, на пример: „Кој го кара Заев на српски?“. Наликува на наслов на некој комичен филм. Како она, „Кој му го смести на зајакот Роџер?“ Нели? Втората смешка е банална, бидејки е стар виц и се однесува на флоскулата „извори на медиумот откриваат“. Бисер во овој дел е откритието на авторот на оваа медиумска содржина дека тој се повикува на „соседи и новинарски екипи“, на кои им ја припишува најбисерната новинарска реченица во овој текст: „Викотници на

МРТ: Нов почеток или почеток на крајот?

на 15. 12. 2015 | |
МРТ е денеска како овошен милиброд во кој јавниот сервис се ситните, чат-пат, парченца суво овошје од јавен интерес. (Илустрација: СПФМ)

Јавниот медиумски сервис треба да воспостави ново партнерство со граѓаните, а не со политичките партии. Оттаму, секој разговор за реформи на јавниот медиумски сервис, односно МРТ, е осуден на пропаст доколку за него не се расправа од перспективата на граѓаните, а не од перспективата на политичките партии.

  Пишува:

Фискална сметка наместо новинарски текст

на 12. 12. 2015 | |

[Рецензија: Пленумот троши илјадници евра за лажна грижа за студентите]

  Што е оваа медиумска содржина? Вест? Извештај? Освен првите две почетни реченици, кои известуваат дека се одржува настан организиран од „Студентски пленум“, целиот понатамошен текст е некаков попис на активности и произволни ставки за трошоци кои на крајот завршуваат со вкупна сума како за „каса прими“?! Од кога во новинарството е воведен жанр – фискална сметка? Се разбира, се шегуваме. Но, како поинаку да му се пријде на овој текст за да се оценат неговите професионални стандарди. Самиот текст, пристапот од кој е појдено да се пишува, налагаат подбишега… Но, ајде да го изанализираме сериозно, достојно на овој проект и соодветно на методологијата за проверка на фактите од медиумите.

Пиромани во куќата од слама

на 12. 12. 2015 | | sq
Илустрација: Фото: СПФМ  

Што им останува на реалните личности, од крв и од месо, со ум и со разум, кои се претворени во сламени кукли, кон кои се канализира гневот на неуките и на наивните од страна на политичките и експертските силеџии? Освен што физички им е укинато правото и шансата да се искажат, тие со оваа медиумска магија, практично, и не постојат.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Доколку

Продавање илузии како вести

на 9. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: По фијаското на „Контравести“- караница во опозицијата за странските пари за неуспешниот проект]

  Луцидна и точна е рецептурата на читателот на „Сервис за проверка на факти во медиумите“, според која е конструирана медиумската содржина што тој ни ја предлага за рецензија: „Тргнувате од една инсинуација која се однесува на некој настан или личност, а потоа на таа инсинуација ѝ додавате некој настан кој нема врска со инсинуацијата, ама ставен во таа рамка создава илузија дека содржи аргументи за илузијата“. Проблемот е во тоа што, што и да ѝ правите на илузијата, таа останува илузија, односно невистина бидејќи по дефиниција илузијата е: „Нешто што изгледа пинаку отколку што навистина е, односно нешто што е погрешно или нереално, ама

Брзината не е оправдување за неточност

на 7. 12. 2015 | |

[Рецензија: Обвинителката за „Ровер“ се повлече, откако Бошковски покажа материјали за негово местење]

  Има конечност, дефинитивен заклучок во првата реченица во веста на денот на 4 декември од најновото рочиште на предметот „Ровер“, во кој првообвинет е поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски: „Обвинителката Лидија Раичевиќ- Вучкова во случајот „Ровер“ против поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошковски, соопшти дека се повлекува од овој случај“ Од вака срочената реченица недвосмислено произлегува дека обвинителката се повлекла од случајот, а таквиот „исход“ најави пресврт во овој случај и сосема поинакви придвижувања во политичкиот амбиент во земјата. Но, дали е навистина така?   Линк до оригиналниот напис: Обвинителката за „Ровер“ се повлече, откако Бошковски покажа материјали за негово местење Датум и

Брзината ја „уби“ веста

на 5. 12. 2015 | | sq

[Рецензија:Што ја очекува Британија во Сирија: Самоубиствени елеци и мртви тела]

  Брзината во новинарството е важна, но многу често се случува брзината да ја „убие“ веста. Така се случило и со оваа вест, односно медиумска содржина. Наместо да ги исполни очекувањата на читателите за информации за најважниот меѓународен настан тој ден, медиумот пренел вест која и покрај атрактивниот наслов – нема ништо. Така и насловот станува проблематичен и празен. Линк до оригиналниот напис: Што ја очекува Британија во Сирија: Самоубиствени елеци и мртви тела (Фото/видео) Датум и време на објавување: 03.12.2015 / 13:53 Датум на рецензирање: 04.12.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски   БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ – ПРАЗНА ВЕСТ Има две фотографии за кои ги нема елементарните информации, освен дека се на

Претплатете се за најнови вести