verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Комшиски озборувања како новинарски извор

on 16 - 12 - 2015       

12152015-Republika-Srpski-Z 1

[Рецензија: Кој го кара Заев на српски?]

Иако, можеби, не е најважно, мора да се признае дека доколку му пријдете на текстот како на забавна содржина, додека го читате, ќе налетате на неколку места и поенти кои слатко ќе ве насмеат. Како насловот, на пример: „Кој го кара Заев на српски?“. Наликува на наслов на некој комичен филм. Како она, „Кој му го смести на зајакот Роџер?“ Нели?

Втората смешка е банална, бидејки е стар виц и се однесува на флоскулата „извори на медиумот откриваат“.

Бисер во овој дел е откритието на авторот на оваа медиумска содржина дека тој се повикува на „соседи и новинарски екипи“, на кои им ја припишува најбисерната новинарска реченица во овој текст:

„Викотници на српски јазик од штабот на СДСМ за неспособното раководство.“

Замислете, соседи и новинарски екипи слушале викотници на српски за неспособното раководство на СДСМ. Замисливте? Не? Некако не ви оди, нели?

Па, нормално дека не оди, зашто една сериозна новинарска содржина, креирана од професионалци не се пишува врз основа на комшиски озборувања или на муабетите рекла-кажала  на „новинарски екипи“. Ако воопшто имало такво нешто.

12152015-Republika-Srpski-ZЛинк до оригиналниот напис: Кој го кара Заев на српски?

Датум и време на објавување: 13.12.2015

Датум на рецензирање: 15.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

БИСЕР ДО БИСЕР!

Целата сторија е, инаку, конструирана, од позајмени текстови и од констатации од една соседна земја и се однесуваат на една агенција за односи со јавноста, специјализирана за политичка комуникација.

Таа агенција во текстот се наведува како компанија која е ангажирана од СДСМ, но за тоа нема ниту еден доказ. Освен, уште еден од бисерите, дека пред седиштетото на СДСМ честопати бил виден автомобил со белградски таблички. Дали е тоа доволно, запрашајте се и самите.

За да може да биде доволно, авторите на текстот, всушност, целата приказна ја градат врз искуството и врз репутацијата што таа агенција го стекнала и го има во Република Србија, иако дури и за тоа не гледаме релевантен, авторитетен извор. Се спомнуваат општо написи во медиуми во Србија и само едно конкретно име и медиум (НИН). Дури и од тој конкретен медиум е преземена една крајно општа констатација за движењето на парите меѓу рекламниот бизнис и политичките партии, а тоа, секако, не може да биде факт кој мора да го прифатиме како реалност и во случајот на СДСМ.

Впрочем, зошто би било грев една политичка партија да договори зделка со некоја агенција за стратегија за односи со јавноста? Тоа не е забрането. Дури и српски да зборуваат тие од агенцијата.

За да се засили негативниот контекст во кој се „туркаат“ најголемата опозициска партија и нејзиниот лидер, оваа содржина е „филувана“ со фотографии кои имаат цел да вознемират.

За да има многу текст, бидејки тоа звучи и изгледа сериозно, се рециклираат стари случаи („Надеж“), некогашни функционери на опозицијата (Црвенковски), проткаени со коментари. Врв на оваа конструкција, шпекулација, како сакате, е последниот пасус во кој авторот на оваа медиумска содржина сугерира како ќе се исперат „црните пари“ со кои се платени услугите на агенцијата. Тоа не се цитира. Тоа сами треба да го прочитате.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести