verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Кога невистината станува „вистина“

на 4. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: За што земаат плата министрите од СДСМ?]

  Кога небитното станува „битно“, тогаш тргнувате од претходно јасно утврдена позиција и многу прецизно знаете каде да стигнете. Во новинарската практика тоа се познати постапки, но тие не се новинарски. Тоа се пропагандистички постапки и се нарекуваат „фрејмување“, дефокусирање, филтрирање на информациите, селекција на теми, управување со дебати… Медиумската содржина што ја рецензираме можете да ја препознаете во која било од овие техники. Најмногу поради тоа што авторите на оваа содржина од една сосема небитна активност, дуваат балон обоен со политизација и тоа, во основа, е далеку од суштината. Всушност, се обиделе на небитното да му дадат суштина.   Линк до оригиналниот напис: За што земаат плата министрите од СДСМ? Датум

Површно, многу површно

на 2. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Турција има моќна армија – еве што го чека Путин ако сака да ја уништи]

  Охрабрува тоа што сѐ повеќе граѓани реагираат на непрофесионални новинарски содржини. Барем според нивните предлози за реакции на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“. Оваа рецензија е поттикната токму од еден таков предлог на наш читател, кој уште во првата реченица „препознал практика на манипулатори со кликови (не заслужуваат назив медиуми) да се стави наслов кој ја користи чувствителноста на ситуацијата“. Иако може да се најде оправдување и разбирање за стилот на реакцијата, ќе ги прескокнеме во рецензијата поострите зборови на предалагачот, но ако е некој љубопитен што прескокнуваме, слободно може да си прочита сам во категоријата „Сите предложени написи“, на веб-страницата 

Јак извор за контрадикторен текст

на 27. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Заев сам ја напишал програмата на СДСМ]

  Кога ќе го прочитате докрај, тоа што ќе ве збуни во овој текст е контрадикцијата во него. Како да е составен од две одделни содржини со различни тези, односно приказни. Првата, со која почнува текстот и од која е извлечен насловот, порачува декa лидерот на опозицијата сам ја напишал партиската програма, а не словенечки експерти за кои било „пред нeколку месеци“ најавено дека ќе ја креираат изборната програма на најголемата опозициска партија. Авторката на оваа медиумска содржина се повикува на партиски извори и вели дека програмата е – готова, за веднаш потоа да ја развивива втората приказна. Според таа, втора приказна, во еден ист текст, програмата сѐ уште се пишува, а

Медиумите и стравот на листата на диктаторот

на 26. 11. 2015 | |
Фото: Photopin. Интервенција: СПФМ  

За диктаторите е многу полесно и покорисно, пред сѐ, да создаваат илузија на заедништво врз основа на омраза, отколку на љубов и на пријателство. Во создавањето на таа илузија пресудна улога имаат медиумите.

Пишува: Зоран Бојаровски

  Во својата книга „Од диктатура до демократија“, Џин Шарп вели дека ослободувањето од стравот, како и од навиката за потчинување, се првите чекори за да се

Новинарство на темели од песок и од магла

на 25. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Пророштвото се исполнува: Баба Ванѓа предвиде дека Путин ќе владее со светот?]

  Оваа медиумска содржина исполнува само две функции: атрактивност (во овој случај, повеќе – сензационализам) и читаност. Кога овие две функции би се оставрувале со професионални новинарски стандарди – па дури и да станува збор за сензационализам – не би било ништо спорно. Но, ако тоа се прави со манипулација, тогаш сме далеку од професионалните и етички журналистички стандарди. Линк до оригиналниот напис: Пророштвото се исполнува: Баба Ванѓа предвиде дека Путин ќе владее со светот? Датум и време на објавување: 21.11.2015 Датум на рецензирање: 24.11.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Комплетниот текст, вклучувајки ја и насловницата, се оформени без аргументи. Поставена е „новинарска“ содржина на темели од песок и

Горди на дебели манипулации

на 24. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: СДСМ и опозициските медиуми горди на наркомани и криминалци со дебело досие]

  Авторите на оваа медиумска содржина си поставиле задача уште во првата реченица на овој текст: „СДСМ се спушти толку ниско што дојде време да направи пакт и да се брани со Бошко Јосимовски викан Црвен познат по тешки кривични дела, разбојништва, обид за убиства, осуденик за наркотици.“ Потоа следува содржина полна со тези и со неодржливи аргументи кои никако не можат да ја поткрепат намерата затоа што од неа извира чисто политичка мотивација. Единствениот „аргумент“ со дебели наводници, според зборовите на авторот на овој текст, е дека „опозицискиот ’Фокус’ направи големо интервју…“. Со таквата постапка оваа политички пристрасна медиумска содржина прекрши два члена на

Трите мисии како три столба на МРТ

на 21. 11. 2015 | |
Од граѓанската иницијатива „Да ја вратиме МРТ на граѓаните“, февруари 2015 година.  

„Македонската радио-телевизија“, отсега натаму, треба да го заборави принципот на застапување и на афирмирање на дел или делови од сите заедници во Република Македонија. Било по етничка, било по политичка линија. Таков ексклузивитет не заслужува никој.

  Пишува: Зоран Бојаровски  
  1. Менаџирање на недоразбирањата во заедниците

  Иако парламентарната демократија е репрезентативна по својот карактер, односно народните избраници

Кога прашањата не заслужуваат одговор

на 21. 11. 2015 | | sq

[Рецензија: Дали Ленка е новиот тројански коњ на Грујо?]

  „До редакцијата стигнаа некои информации“ и – толку!?! Какви информации стигнаа до редакцијата, од кого? Нема ништо од тоа, а „редакцијата јавно прашува“!?! И не само што прашува, туку и на недочекани одговори, самата си одговара и квалификува. Тоа не е постапка што одразува професионални новинарски стандарди, па дури ни општоетички. Линк до оригиналниот напис: Дали Ленка е новиот тројански коњ на Грујо? Датум и време на објавување: 17.11.2015 Датум на рецензирање: 20.11.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски Дури има и фактографски грешки. Најавената партија во основање не се вика „Ленка“, туку „Левица“. Прашањата што се поставени во оваа медиумска содржина веќе имаат одговор или недвосмислено го сугерираат. На штета на граѓаните

Дискриминирачко гледиште

на 20. 11. 2015 | |

[Рецензија: Француски проблем]

  Медиумската содржина што е предмет на оваа рецензија, се разбира, е далеку од стандардите на новинарски производ. Единствената причина што ја земаме предвид за анализа од аспект на професионалните новинарски стандарди е што ја објавил медиум кој претендира да биде сериозен. Секоја дискриминаторска содржина или порака пренесена преку медиум е доволна причина за рецензија. Тоа го препорачува членот 10 од Кодексот на новинарите кој вели: Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). На оваа препорака се надоврзува и членот 11

Медиумите и политиката во спиралата на молкот

на 15. 11. 2015 | | sq
  Tirani di Social Media dan Spiral Kebisuan by Hilman Fajrian  

Според теорија на спиралата на молкот, малцинството што застапува одреден став кој не е општоприфатен од општеството, не зборува за тоа заради страв од изолација, репресија или други последици. Интензитетот на спиралата на молкот е условен дирекно од степенот на демократија и од економскиот развој на една земја.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Новинарските текстови, освен што ја

Претплатете се за најнови вести