verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Сексистичка и понижувачка медиумска содржина

on 18 - 12 - 2015       

12182015-Vecer-Lesni-devojk 111

[Рецензија: Србинките и Бугарките даваат без проблем, Македонките не се толку лесни!]

Се навикнавме да „налетуваме“ на содржини во медиумите кои за основна цел имаат да го провлечат вниманието на публиката, атакувајќи на страстите кои, најчесто, се поттикнати со сексуални алузии. Но, тоа не значи дека ќе престенеме да реагираме од аспект на сериозните професионални пропусти што притоа се прават.

Веднаш да кажеме дека не си ја преземаме улогата на морализатори и допуштаме дека секој медиум сам си ја креира уредувачката политика и самиот, односно нејзините креатори, се одговорни за неа и за последиците што произлегуваат оа таквите уредувачки принципи.

Во овој случај, последиците се една крајно сексистичка и понижувачка медиумска содржина. Навредлива и полна со стереотипи!

12182015-Vecer-Lesni-devojkЛинк до оригиналниот напис: Србинките и Бугарките даваат без проблем, Македонките не се толку лесни!

Датум и време на објавување: 16.12.2015, 16:00

Датум на рецензирање: 18.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

Зошто? Како прво, затоа што употребува зборови, односно речник, недостоен за секоја личност, во овој случај, за жените. Тој речник рефлектира машки шовинизам и доминација, сосема неприкладни за времето во кое живееме и за една средина која претендира да се нарекува модерна, недискриминаторска, егалистичка во однос на сите разлики, вклучувајќи ја и половата.

Еве дел од вокабуларот: „даваат без проблем“, „ лесно може да се легнат“. 

Проблематична е и констатацијата дека македонските девојки се „нормални“, што имплицира дека сите други се „ненормални“.

Објавувајќи вака конструирана содржина, медиумот се вклучува во половата дискриминација и во навредлива, улична комуникација.

Посебна приказна е што оваа анкета не е од „неодамна“, туку стара, од 2013 година, и правена врз основа на искази на припадници од машкиот пол од западните земји кои рејтингот го формираат врз основа на своите лични искуства од патувањата(?!?).

Крајно аматерска анкета и крајно сексистичка медиумска содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести