verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест изгубена во преводот и без факти

on 18 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Скандалозно, личните карти на Фокус биле манипулација]

Текстот  што е преземен од македонските медиуми има слаб превод и со тоа е изгубен целиот професионален впечаток на написот. Материјалот што го рецензираме алудира на отфрлување на едно истражување, кое пред извесно време го направи весникот „Фокус“, кој тврдеше дека нашол повеќе од 100 фалсификувани лични карти кои се употребени на изборите.

Skandaloze letërnjoftimet në Fokus kane qenë manipulimЛинк до оригиналниот напис: Скандалозно, личните карти на Фокус биле манипулација

Датум и време на објавување: 09.12.2015

Датум на рецензија: 10.12.2015

Рецензент: Ферикан Илјази

 

КОНФУЗНА ИНФОРМАЦИЈА

Оваа вест може да биде точна, но може да биде и неточна, бидејќи сè уште нема официјален став од новиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за тоа дали личните карти биле употребени на изборите или не.

„Врз основа на наредбата на јавното обвинителство обезбеден е мејлот заедно со документацијата од ДИК. Од тоа што можело да се види на мејлот, утврдено е дека ниту една од 105-те фалсификувани лични карти не биле употребени на изборите.“

Овој пасус не објаснува ништо конкретно. Кој е мејлот што е обезбеден? Кои се тие документи од ДИК, кој утврдил дека личните карти не биле употребени на изборите?

Написот оди уште понатаму, велејќи дека целта на истражувањето на „Фокус“ била да го потврди поразот на СДСМ на минатите избори. Дефиницијата е конфузна. Aвторот остава простор неговата реченица да има две значења.

„Според тоа што го тврдеше Фокус, тоа е еден дел од 30 илјади лични карти кои што биле злоупотребени на изборите. Фокус излезе со своја приказна за фалсификување на пасоши, со кои што требаше да се потврди поразот на СДСМ на минатите избори.“

Конфузијата продолжува и во наредниот пасус. Дури и човекот што секојдневно ги следи случувањата, вестите, не може да сфати која е целта и смислата на овој текст.

„Исто така, како што јавуваат македонските медиуми, направени се проверки и во системот за безбедност на границите. Со наредба на обвинителството направена е и проверка на комунуикацијата при отвирањето на фирмите“

Авторот на крај покренува сомнеж за тоа кој ги фалсификувал овие лични карти и со која цел, но потоа вели дека „Фокус и министерот Спасовски утврдиле дека тие биле злоупотребени на изборите“. Каде е таа потврда? Каде се доказите? Каде е цитатот или изјавата на министерот?

Новинарот не треба да пишува „замаглени“ информации. Тој треба да биде јасен како ден. Особено во вакви случаи, кога постојат сомнежи за злоупотреби, за чие  утврдување постапката е во тек. Одлуката треба да ја донесат надлежните органи, а не новинарот.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести