verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот е круната на веста

on 18 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: „ВМРО го тресе анализата на Охридскиот договор“]

 

Известувањето и пишувањето вести е чувствителна работа и секогаш кога се узурпира од непрофесионалци, тешко се повредува. Народната изрека „Рибата смрди од главата“ е многу важна и предупредувачка и во новинарството.

zhurnal - VMRO-ne e dridhe analiza e Marreveshjes se Ohrit 1Линк до оригиналниот наслов: „ВМРО го тресе анализата на Охридскиот договор„

Датум и време на објавување: 09.12.2015, 15:23

Датум на рецензија: 10.12.2015

Рецензент: Aгрон Врангала

Некои од информативните веб-страници што функционираат во Македонија имаат сериозни проблеми со структурирањето на вестите.

На пример, веста со наслов „ВМРО го тресе анализата на Охридскиот договор“, има неколку проблеми. Најголемиот проблем е самиот наслов. Овој наслов нема врска со тоа што е наведено во текстот на веста.

Прво, се работи за метафоричен наслов или, поточно, хиперболичен наслов, каде субјективноста на тој што ја напишал ова вест може да се види уште на почеток.

Второ, има правописни грешки. Да речеме зборот „тресе“, кој на албански е напишан како „e dridh“, требало да се напише со буквата „ë“ на крај, односно како „e dridhë„ 

Трето, авторот на ова вест кога вели „го тресе“, користи пежоративен исказ со кој сака да покаже дека ВМРО-ДПМНЕ е застрашена од анализата на Охридскиот договор од страна на ДУИ. Но, проблемот е во тоа што кога се става таков наслов, изразот кој  се користи за иронизација, треба да се стави во наводници. Наводниците во овој случај би ја покажале иронијата или поттекстот на текстот…

„Насловот или најавата на прилогот мора да одговара на неговата содржина“, се вели во Прирачникот за етика во новинарството.

Овие лапсуси не се резултат на временскиот притисок врз новинарите, бидејќи да се направи еден таков наслов, потребно е повеќе време отколку да се направи нормален наслов, кој, на пример, би можел да изгледа вака: „ВМРО-ДПМНЕ ја оспорува анализата на Охридскиот договор“.

Текстот во својата содржина нема некој недостаток што паѓа в очи. Тој има два извори кои се релевантни за темата што ја обработува. Ова става до знаење дека сензационалниот наслов е избран само за да привлече внимание, но без да одговара на содржината на текстот.

(Од Сервисот за проверка на факти од медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

делумно

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести