Бајата и ископирана вест
Објавено во Рецензии
on 17 - 12 - 2015 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: Од устата на тинејџер извадиле 232 заби!]
Текстот е стар, не дава нови информации за случајот и целосно е ископиран од друг портал.
Линк до оригиналниот напис: Од устата на тинејџер извадиле 232 заби!
Датум и време на објавување: 15.12.2015, 16:00
Датум на рецензирање: 16.12.2015
Рецензент: Димитар Тануров
НАПИС СТАР ЕДНА ГОДИНА
„Ашик Гаваи (17) имал бениген тумор па во неговата вилица му се формирале огромен број заби. Лекарите велат дека станува збор за многу редок случај и дека ова момче е светски рекорд.“
Написот е објавен со задоцнување од повеќе од една година и целосно е ископиран од порталот „Точка“.
Авторот на текстот, како извор го наведува британскиот национален сервис „Би-Би-Си“, кој веста ја објавил на 23 јуни 2014 година, а ископираната вест на порталот „Точка“ е објавена еден ден подоцна.
Текстот структурно ги исполнува новинарските критериуми, но поради бајатоста на информацијата нема дополнителна вредност и не им нуди никакви нови податоци на читателите, ниту за случајот, ниту за медицинската појава. Написот само служи за пополнување место во рубриката на медиумот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
сензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови