verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Цело е кога има сè!

on 18 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ALFA-TV 1

[Рецензија: По Црвенковски и Шилегов: Се третираат ли навредите на жените како доблест во СДСМ?!]

 

Прилогот е едностран, етикетира, генерализира и коментира. Тој се обидува преку два случаи да повлече паралела и таквото однесување да го припише како карактеристика на целата партија. Испуштањето на реакциите на политичките партии, како и на партијата на која се однесува написот, создава впечаток дека целта е да се дискредитираат партијата и нејзините претставници.


ALFA TVЛинк до оригиналниот напис:
По Црвенковски и Шилегов: Се третираат ли навредите на жените како доблест во СДСМ?!

Датум и време на објавување: 17.12.2015, 18:25
Датум на рецензирање: 18.12.2015

Рецензент: Димитар Тануров

 

ГЕНЕРАЛИЗИРАЊЕ

„По повод вербалниот инцидент што се случи на Анкетната комисија меѓу претседателот на комисијата Петре Шилегов и пратеничката Владанка Авировиќ, голем број на пратенички од различни пратенички групи реагираа преку соопштение.“

Влезот во текстот најавува реакции на политички групи, но никаде понатаму не се презентираат соопштенијата и реакциите, туку се дава личен коментар за односот на политичката партија СДСМ кон жените.

Написот, навраќајќи се на уште една ваква изјава на поранешниот лидер на партијата, Бранко Црвенковски, генерализира дека двата вакви случаи се показател за ставот и за однесувањето на целата партија кон жените.

Освен снимката од говорот на Шилегов и онаа од изборниот говор на Црвенковски, во прилогот нема реакции од СДСМ ниту, пак, е наведено дека се побарани. Исто така, нема ниту изјави од претставници на други политички партии или експерти, туку се коментира користејќи ја фразата „познавачите на состојбите“.

Текстот, според својата структура и содржина, не претставува вест бидејќи не нуди никакви нови информации за читателите. Тој презентира пристрасно, еднострано гледиште кое се користи за оцрнување на опозициската партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести