verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Зоран Бојаровски

Манипулативно-пропагандистичка хајка

на 21. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Дамјан Манчевски призна дека избирачкиот список е прочистен, но сега и тоа не е доволно]

  Едноставно е несфатливо со каква леснотија се влегло во вакви неновинарски постапки. Нема ништо од  начелата на професионалното во оваа медиумска содржина. Напротив! Таа е реаултат на однапред подготвена политичко-пропагандистичка хајка да му наштети некому, кој има поинакво политичко уверување. Не е тешко да се докаже дека оваа медиумска содржина е манипулација заради тоа што таа во себе нема факти. Во текстот нема ниту еден доказ, ниту една индикација што ќе потврди дека еден од потпретседателите на најголемата опозициска партија навистина дал изјава во која „признал“ дека избирачкиот список е прочистен. Линк до оригиналниот напис: Дамјан Манчевски призна дека избирачкиот список е прочистен, но

Екологија за новинари

на 15. 01. 2016 | | sq
Peeing statues in Kiev (From Wikimedia Commons, the free media repository)
 

Многу е важно да ја истакнеме неподносливата леснотија со која толку неодговорно се однесуваат некои медиуми кога се во прашање отчетноста, професионалните стандарди, одговорноста за вистината, респектот кон сопствената публика и кон јавниот интерес.

  Пишува: Зоран Бојаровски   Ако некој воопшто се прашува дали фер пристапот и однесувањето во новинарството се важни, тогаш треба да се потсетиме

Непримерна комуникација со јавноста

на 15. 01. 2016 | | sq

[Рецензија:Рецензија: ОБСЕ реши: Избори на 24 април!]

Кого има пред себе медиумот кога пишува и објавува новинарски содржини: публиката и јавниот интерес или своите финансиски и политички ментори? Ако се овие вторите, тогаш може да се очекуваат вакви „проблесоци“ кои се резултат на инсуфициенцијата, односно, недостигот од култура за јавна комуникација. Зашто да ѝ се обратите на публиката со извикот „Ало, комуњари“, не значи ништо друго освен медиумска некултура. Линк до оригиналниот напис: ОБСЕ реши: Избори на 24 април! Датум и време на објавување: 13.01.2016 – 16:22 Датум на рецензирање: 15.01.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

(НЕ)КУЛТУРА НА ГОВОРОТ

Неопходната потреба медиумите да ја негуваат културата на говорот и примерната комуникација со јавноста е опфатена и со Кодексот на новинарите во

Пувка од новинарски текст

на 11. 01. 2016 | | sq

[Рецензија: Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии]

  Го прочитав по четврти пат текстот што е предмет на оваа рецензија за да бидам сигурен дека нема да се огрешам, кога тврдам дека тезата и твдрењето во насловот со ништо не се потврдени во ниту еден елемент од содржината на текстот. Тоа го прави овој текст крајно дилетантски, тенденциозен, политички пристрасен и професионално неиздржан. Линк до оригиналниот напис: Спасовски наредил Чауш да ги тргне заедничките фотографии Датум и време на објавување: 11.01.2016, 10:16 Датум на рецензирање: 11.01.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ДИЛЕТАНТСКИ НАПИС

Еве ги сега аргументите за да ги потврдат оцените од почетокот на рецензијата. Нема никаква индиција дека Спасовски наредил да бидат тргнати заедничките фотографии со министерот

Малициозен текст

на 5. 01. 2016 | |

[Рецензија: Хрватските уставни судии им делат лекции на политичарите]

Радува фактот дека се зголемува бројот на претставници од медиумската публика што реагираат на непрофесионалност, недоследност и на етички проблематични новинарски позиции и ставови. Тоа го осведочуваат и сѐ повеќе читатели на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ), од кои добиваме предлози за рецензии на медиумски содржини во кои се забележани дури и најсуптилни манипулации „скриени“ во, навидум, коректните стории. И во овој случај се среќаваме со еден таков предлог на читател на СПФМ. Читателот вели: „Тенденциозен текст со обвинувања кои не се официјални и потврдени.“ И навистина, целиот текст е изграден на темелите на една незавршена, неистражена политичка приказна, каква што е случајот со прислушуваните разговори. Аголот од

Суптилно дефокусирање од суштината

на 3. 01. 2016 | |
 

[Рецензија: Настрана Хан, никој нема да не натера на избори]

  На прв поглед, овој текст, кој го рецензираме како предлог на читател на „Сервис за проверка на факти од медиумите“ (СПФМ), оддава впечаток дека е доследен во следењето на принципите според кои треба да се „спакува“ една медиумска содржина. Ги има двете страни во политичкиот конфликт, дури и третата – онаа на меѓународната заедница, односно на главниот олеснувач во преговорите меѓу најголемите политички партии во Македонија. Сепак, внимателното читање открива дека формалната исправност на пристапот во пишувањето ја крие суштината на продлабочувањето на политичката криза, што се состои во ставањето во втор план на серијата причини поради кои опозицијата најавува дека ќе го проблеамтизира 24 април како

Подгреана бајата медиумска чорба

на 30. 12. 2015 | |

[Рецензија: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски?]

  Текстот што го рецензираме може да биде пример за студија на случај, односно за еден феномен особено присутен во последните години во македонската новинарска практика – подгреани медиумски содржини, односно манџи. Тоа се текстови што немаат никаква нова информација. Наместо тоа, имаат само намера да атакуваат некого со стари шпекулации и со недокажани инсинуации, рециклирани и ставени во „нова“ рамка колку да се подгреваат обвинувања, тензијата, нетрпеливоста насочени кон целта, најчесто некоја или повеќе личности. Линк до оригиналниот напис: Дали Катица Јанева е „Чадорот“ на Заев и Верушевски? Датум и време на објавување: 27.12.2015, 10:49 Датум на рецензирање: 30.12.2015 Рецензент: Зоран Бојаровски  

ОБВИНИТЕЛ, СУДИЈА И ЏЕЛАТ

Оттаму, наместо

Целосно „забегани“ текстови и „чуден“ воен аналитичар

на 28. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Трета светска почнува во четврток – Лазански прислушувал разговори на НАТО офицери]

  За што известува медиумската содржина што ја рецензираме? Таа известува дека в четврток ќе почне третата светска војна. Текстот се повикува на некојси портал ли, весник ли, што ли е, кој се вика, замислете – „Табу“ и пренесува изјава на Мирослав Лазански, кого го нарекува „најистакнат воен аналитичар на екс-ју просторите“. Тој, најистакнат воен аналитичар, датумот кога ќе почне третата светска војна го дознал додека прислушувал група генерали во некојси хотел во Виена! Што? Не ви се верува? Дозволете ми уште еднаш да ви ја опишам ситуацијата при која се случило големото откритие. Во еден хотел во Виена, се собрале група генерали на НАТО и во

Брзината ја „убила“ точноста на текстот

на 25. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: ВНИМАНИЕ: Пронајден е отров во сируп за деца]

  „Брзината убива“ е познат слоган од препораките за безбедност во сообраќајот, употребувана и во кампањите против употреба на дроги, кога треба да укаже на илузијата дека брзината може да ги замени безбедноста и здравјето. Во нашиот случај, за потребите на рецензијата на оваа медиумска содржина, можеме да кажеме дека „брзината ја убила“ точноста на новинарскиот текст. Еден ден подоцна, официјални институции (Фармацевсткиот факултет и Институтот ја јавно здравје) објавија дека квалитет и безбедноста на лекот не се спорни, а Агенцијата за лекови  објави дека лекот е повлечен на барање на производителот како мерка на претпазливост по откривањето мали пластични неинфективни честички на опремата за пакување на производот, односно надворешно. Линк

Уште едно поместување на границите на медиумското лудило

на 24. 12. 2015 | | sq

[Рецензија: Ужасни снимки од напади на диви животни врз луѓе, некои едвај преживеаја некои немаа таква среќа]

  Во подготовките за оваа рецензија имавме доволно време да размислуваме и да рационализираме за да дојдеме до мотивите на редакцијата да објави една ваква содржина. Се разбира, не стигнавме многу далеку од првиот впечаток дека се работи за намерен избор на сензационалистички теми за да се обезбедат повеќе кликнувања и читаност. Тој заклучок се совпаѓа и со мислењето на нашиот читател кој предложи да се рецензира овој „новинарски производ“. Ќе ги прескокнеме експлицитните коментари на читателот и ќе ви пренесеме само една сосема издржана констатација: „Секој ден ги поместуваат границите на лудилото што владее во „медиумската“ сфера.“ Линк до оригиналниот напис: Ужасни

Претплатете се за најнови вести