verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Содржина со предумисла да нападне

on 22 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

12212015-Puls24-GragjaniteM 1

 

[Рецензија:Граѓаните.мк уште една приземна манипулација на Сорос]

 

Во рубриката „Вести“, во поткатегоријата „Македонија“, објавена е медиумска содржина која е чист коментар и политички пристрасен текст, која нема врска со ниту еден критериум што треба да ја има некоја новинарска содржина што треба да биде вест.

Оттаму, во еден дел, е поттикната и реакцијата на читател на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ (СПФМ). Тој ни ја предложи за рецензија оваа збирштина од коментари и компилација од сите веќе познати клевети на сметка на личности од јавниот живот, како и на граѓански организации.

12212015-Puls24-GragjaniteMЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните.мк уште една приземна манипулација на Сорос

Датум и време на објавување: 29.11.2015

Датум на рецензирање: 21.12.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЗБИРШТИНА ОД КОМЕНТАРИ И ОД КЛЕВЕТИ

Вусшност, и нема што многу да се рецензира, бидејќи оваа објава нема содржина. Се работи за насочен напад со предумисла кон една нова граѓанска иницијатива која, меѓу другото, дејствува и на интернет-просторот преку порталот „Граѓаните“ (gragjanite.mk).

Постапката е следна: се избира целта на која треба да се „стрела“ и доколку нема соодветна и свежа „муниција“ за отстрел, се компилираат колку што е можно повеќе од претходно конструираните „гревови“ за политичките неистомисленици и се атакува.

Простете, ама тоа не е новинарство. И, да се разбереме: пет пари не даваме за тоа дали оваа констатација ќе ја прифатат тие што стојат зад медиумската „содржина“ што ја рецензираме. Оваа рецензија е, пред сѐ, наменета за граѓаните да знаат како да препознаат што е, а што не е содржина што ги задоволува професионалните новинарски стандарди.

Оваа содржина не ги сретнува тие стандарди во ниту една точка од конструкцијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести