verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

All posts by Александар Пешев

Еден факт во џунгла од коментари

на 1. 07. 2016 | |
[Рецензија: БЕЗ ПРЕСЕДАН: СДСМ исто како и парламентарните сака да ги спречи и студентските избори преку свои платеници] Само три реченици од целиот текст не содржат коментаторски елементи или непроверени информации и се однесуваат на еден единствен факт: дека се одржаа студентски избори. Толку. Сè друго создава впечаток на партиско соопштение со конструкции наменети за напад и за дискредитација на „Студентски пленум“. Употребата на неиздржани конструкции (спин) е насочена кон дискредитација на опозицијата. Навивачкиот елемент се истакнува од едностраноста и создава сомнежи за политичка пристрасност. Линк до оригиналниот напис: БЕЗ ПРЕСЕДАН: СДСМ исто како и парламентарните сака да ги спречи и студентските избори преку свои платеници Датум и време на објавување: 30.6.2016 – 12:46 Датум на рецензирање: 30.6.2016 Рецензент:

Ништо не е очигледно

на 30. 06. 2016 | |

[Рецензија: „ШАРЕНИТЕ“ ГО РЕСЕТИРААТ БРОЈЧАНИКОТ: Кој споменик ќе им биде следна цел на одбројувачите]

Тврдења за „очигледни работи“ кои не се очигледни, недостиг од информации и јасен спин, изведен со коментари. Имаме објава која не само што не ги задоволува минималните стандарди, туку и грубо ги крши основните одредби на професионално известување. Линк до оригиналниот напис: „ШАРЕНИТЕ“ ГО РЕСЕТИРААТ БРОЈЧАНИКОТ: Кој споменик ќе им биде следна цел на одбројувачите Датум и време на објавување: 27.6.2016 – 10:53 Датум на рецензирање: 29.06.2016 Рецензент: Александар Пешев

ШТО Е ОЧИГЛЕДНОТО?

Употребата на терминот „очигледно“ е строго ограничена во новинарски текст. Очигледни се работите кои можат да се видат со око, како, на пример, дека во одреден дел од денот врнело. Како е

Со навреди кон дното

на 24. 06. 2016 | |

[Рецензија: Шарената Ирена Ристиќ на лице место исплукана и треширана]

  Имаме објава која употребува низа вулгарности со што молскавично го достигнува дното, не само во поглед на професионалните стандарди, туку и во поглед на културата на говор. Употребата на кованицата „треширана“ во насловот, дури е најмалку спорната работа во текстот кој е видно насочен кон лични дискредитации, навреди и омаловажување.
Линк до оригиналниот напис: Шарената Ирена Ристиќ на лице место исплукана и треширана Датум и време на објавување: 22.06.2016, 23:23 Датум на рецензирање: 23.06.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Главата го исполнува тоа што насловот го ветува. Неосновано се коментира дека актерката е неуспешна и дека пропаднатиот проект што го водела вредел речиси милион долари. Нема наведено извор на

Обид за сатанизирање на демонстрантите

на 23. 06. 2016 | |

[Рецензија: Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на СДСМ и СОРОС]

Коментари, спин и изрази на политичка пристрасност во овој случај се употребуваат за омаловажување, па дури и за сатанизација на демократското право на протест на секоја индивидуа и група. Полицијата се става во двојна улога на херој и на жртва, а нападот е насочен кон демонстрантите, кои освен што се нарекуваат хулигани, неосновано се обвинети дека биле издрогирани и пијани, веројатно за да се постигне конечната цел на писанието, а тоа е лична и групна дискредитација.     Линк до оригиналниот напис: Обид за рушење на споменик, напад врз македонската полиција се само дел од вечерашниот срамен протест на

Коментари и снимки со спуштена камера за лична дискредитација

на 22. 06. 2016 | |

 

[Рецензија: Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео)]

Имаме текст кој се фаќа за влакно, со веројатна цел – да се изведе лична дискредитација. Видната едностраност и елементите на новинарски спин укажуваат на политичка пристрасност на објавата. Покрај тоа, во текстот се прекршени неколку други професионални стандарди, има неетичко новинарско однесување, генерализација и необјективност, а самата „вест“ почнува со коментар. Линк до оригиналниот напис: Заев повторно фатен жив како ги лаже струмичани (видео) Датум и време на објавување: 16.06.2016 17:25 Датум на рецензирање: 20.06.2016 Рецензент: Александар Пешев Пристрасноста и непрофесионалноста на објавата се забележува во првиот дел од текстот. Се почнува со коментар, дека „Опозицискиот лидер и струмички градоначалник по којзнае кој пат жив на дело е

Спинувани коментари за политичка дискредитација

на 21. 06. 2016 | |

[Рецензија: Судовите ќе бидат запалени како не судат како што диктира Заев]

  Веднаш паѓа в очи правописната грешка во насловот („како“ наместо „ако“), кој, пак, креира искривена перцепција дека опозицијата е таа што врши притисок врз судството! Објавата не нуди докази за изнесените тврдења, туку наменски ги интерпретира и спинува настапите на споменатите личности од опозицијата и на граѓанските активисти. Линк до оригиналниот напис: Судовите ќе бидат запалени како не судат како што диктира Заев Датум и време на објавување: 16.06.2016, 16:20  Датум на рецензирање: 18.06.2016 Рецензент: Александар Пешев  

НАТЕЖНУВА ОД КОМЕНТАРИ

Кодексот на новинарите е дециден: Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. ( член 13  ) Но, наспроти ваквите препораки,

Загрозен живот на непознат пациент во празно амбулантно возило?

на 20. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Демонстрантите на СДСМ ја блокираа Итната помош, животот на пациентот доведен во прашање]

    Едностран текст со коментаторски елементи, кои укажуваат на видна политичка пристрасност. Навивачкиот елемент се огледа во обид за спин, изведен во форма на напад на политички опонент. Читателот останува неинформиран околу клучни прашања: дали пациентот кој не бил во возилото на крај бил згрижен, во каква состојба е и дали е точна информацијата дека возило на Брза помош било испратено да интервенира без медицинска екипа, туку само со возач.   Линк до оригиналниот напис: Демонстрантите на СДСМ ја блокираа Итната помош, животот на пациентот доведен во прашање Датум и време на објавување: 16.06.2016, 13:09 Датум на рецензирање: 16.06.2016 Рецензент: Александар Пешев  

Мижи од патриотизам и плаши се од Луцифер

на 10. 05. 2016 | |
Патриотизмот и Луцифер: професор Тања Каракамишева. Фото: скриншот  

Едностраните гледишта, елементите на политичка пристрасност и слабо аргументираните тврдења што оставаат впечаток на обид за политички напад, немаат место во каква било новинарска објава, особено не во колумната, која се смета за повисока форма на новинарски израз. Сивата зона на слободата на говор е најевидентна во колумните, зашто од авторот се очекува солидна повеќестрана аргументација, а не премолчено правдање на

Три во едно – спин, конструкција и оцрнување

на 6. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: Хулиганите на Заев и Сорос удрија по кривичниот суд (ФОТО)]

  Единствената информација што може да се потврди од трите реченици од кои е составен текстот, е фактот дека беше фрлена боја врз зградата на Кривичниот суд. Останатите наводи во овој напис со навредлива интонација, се непотврдени и претставуваат наменски коментар. Линк до оригиналниот напис: Хулиганите на Заев и Сорос удрија по кривичниот суд (ФОТО) Датум и време на објавување: 03.5.2016 Датум на рецензирање: 04.5.2016 Рецензент: Александар Пешев  

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Опозициската партија СДСМ потврди дека нејзини членови и активисти учествуваат на протестите во рамките на таканаречената „Шарена револуција“, но во објавата се прави неоснована генерализација дека токму СДСМ е одговорен за однесувањето на демонстрантите. Понатаму, се тврди дека Фондацијата

Мршојадство: Смртен случај (зло)употребен за политички напад

на 5. 05. 2016 | | sq

[Рецензија: КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите]

  Пред нас имаме објава која се (зло)употребува за лична дискредитација, при што се турка неиздржана теза базирана на сомнителна смрт за која постои тековна истрага. Со ваквиот мршојадскиот пристап се прекршуваат повеќе членови од новинарскиот Кодекс, како и востановените принципи за етичко известување. Линк до оригиналниот напис: КАТИЦА ЈАНЕВА ЈА ПРОСЛАВУВА ПРВАТА ЖРТВА: Додека хулиганите демолираат, Катица на ручек со обвинителите Датум и време на објавување: 27.4.2016 Датум на рецензирање: 1.5.2016 Рецензент: Александар Пешев  

НЕЕТИЧКИ И БЕСРАМНО

Спинот и политичката пристрасност се согледуваат во самиот наслов, а потоа се разработуваат во воведот на објавата, која никако не може да се категоризира како професионален

Претплатете се за најнови вести