verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Три во едно – спин, конструкција и оцрнување

on 6 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Хулиганите на Заев и Сорос удрија по кривичниот суд (_ - http___republika.mk_

[Рецензија: Хулиганите на Заев и Сорос удрија по кривичниот суд (ФОТО)]

 

Единствената информација што може да се потврди од трите реченици од кои е составен текстот, е фактот дека беше фрлена боја врз зградата на Кривичниот суд. Останатите наводи во овој напис со навредлива интонација, се непотврдени и претставуваат наменски коментар.

Хулиганите на Заев и Сорос удрија по кривичниот суд ФОТО Република OnlineЛинк до оригиналниот напис: Хулиганите на Заев и Сорос удрија по кривичниот суд (ФОТО)

Датум и време на објавување: 03.5.2016

Датум на рецензирање: 04.5.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

ДИСКРЕДИТАЦИЈА

Опозициската партија СДСМ потврди дека нејзини членови и активисти учествуваат на протестите во рамките на таканаречената „Шарена револуција“, но во објавата се прави неоснована генерализација дека токму СДСМ е одговорен за однесувањето на демонстрантите. Понатаму, се тврди дека Фондацијата „Отворено општество“ – Македонија (ФООМ), популарно наречена Сорос, е организатор на протестните маршови, а за ваквите тврдења не е понуден конкретен доказ.

„Хулиганите предводени од СДСМ и Сорос удрија по кривичниот суд.“

Нарекувањето на учесниците на протестите „хулигани“ (што сè почесто се случува во дел од медиумите), е насочено кон дискредитација на протестот, но и кон лична дискредитација. Потег што, исто така, е во спротивност на професионалните новинарски стандарди.

Едностраноста и политичката пристрасност на написот се согледува во формулациите кои се идентични со изразите во соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ, како, на пример, ова соопштение за јавност објавено на 13 март годинава:

„Тоа што криминалецот Зоран Заев го најави на Телма во режираното интервју, дивите орди на СДСМ и на Сорос почнаа вечерва да го реализираат по улиците на Скопје.“

Евидентен е и спинот кој содржи елементи на политичко навивање, што ја дополнува политичката пристрасност на написот:

„Токму Заев претходно тврдеше дека не го почитува судот и нема да ги почитува неговите барања и одлуки.“

Всушност, се прави обид за поврзување на два различни настани во форма на теорија на заговор, поддржано со коментари и со непроверени, неатрибуирани тврдења, со крајна цел – политичка дискредитација.

Фотографиите, пак, со кои е илустрирана кусата (дез)информацијата, дополнително го засилуваат манипулативниот ефект на оваа конструкција.

Сè на сè, имаме непрофесионална објава насочена кон оцрнување на масовните протестите, кои повеќе од  три недели се одржуваат во Скопје, а се проширија и во десетина градови во земјата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести